Точно, генетскиот инжинеринг е иднината. Без разлика дали го сакаме ние тоа, или не.
Тоа никако не е спорно. Но спорни се следниве работи:
- Во која насока треба да одат промените и модификациите.
- Кој треба да управува со истражувањата (ова е засегнато и со следната ставка).
- Меѓународно научно тело, во стилот на ОН, кое ќе ги одредува правилата
- Донесување на меѓународно прифатени норми и стандарди за методите на испитување на безбедноста, за човечка употреба.
- ГМО и немодифицираните култури мора да бидат географски изолирани.
- Луѓето да имаат право на личен избор.
Касно е, па сигурно можев и подобро да го составам тоа погоре. Во секој случај, тоа е тоа што отприлика е потребно. Нешто како почетен драфт.
Од друга страна, која е состојбата во реалноста?
- Промените и модификациите, во најголем број се сведуваат модифицирање за отпорност на хербицидите на проприатари (спијам) компаниите. Целта? -Поголем профит.
- Сите одлуки ги носи индустријата, која е сопствеништво на мала група
(педера) од најбогатите луѓе на планетава кои се раководат само од алчност и желба за моќ и профит.
- Оваа
индустрија мафија ги носи сите моментални стандарди за определување на безбедноста за човечка исхрана, со тоа што влијае на владите ширум светот. Почнувајќи со САД, па се до малите банана држави како нашава. Затоа практично и немаме детални и веродостојни испитувања и студии за безбедоста.
Симптоматично и многу покажувачко е што имаме повеќе случаи на врвни научници кои укажуваат на оваа опаснот. За веднаш потоа да бидат нападнати на лично ниво (лудак, педер, теоретичар на заговори, и што се не). Најпознат таков пример е тој на доктор Пузтај, кој всушност раководел со официјалното ЕУ истражување на оваа тематика... и нормално експресно бил отпуштен откако ги објавил резултатите без да ги фингира. Но за тоа веќе пишував повеќе пати, има поназад на темава.
- Како резултат на сево ова, немаме: контрола над безбедноста на ГМО, контрола на правецот на модификациите, право на избор и ГМО ги бутаат каде стигнат и сакаат (кај нас не толку, засега). Најлошото е што нема географска изолација меѓу природните немодифицирани растенија и ГМ растенијата. Се случува кросполенизација и мешање, со што се повеќе се губат изворните природни организми.
Во крајна линија, на долги патеки ова не е проблем за природата. Процесот на еволуција ќе си го направи своето и тоа што не го бива нема да преживее... но на кратки патеки, што ќе се случи со нас луѓето што ќе го јадеме тоа, и дали и колку (и како) од нас ќе преживеат, е тоа е веќе друга работа.
Знам дека овојпат не звучам кохерентно, но тоа е тоа. Можеби другпат подобро ќе напишам нешто.
Во меѓувреме, ќе поделам со вас нешто. Еден документарец кој само што го гледав.
Се работи за фракинг, постапка за вадење на гас од шкрилци. Постапката инволвира неколку километри длабоки бушотини, кои прво се вертикални но потоа завртуваат хоризонтално за да се направи бушотина во хорознталниот слој на шкрилците. Потоа се истураат на тони и тони опасни хемикалии во бушотините, и се ствара голем притисок со кој се прават микрофрактури во шкрилците. Со тоа се ослободува гасот од шкрилците.
Постапката има неколку големи проблеми. Една бушотина се експлоатира само 20тина пати и со тоа за кратко време е експлатиран поголемиот дел од гасот. Хемикалиите остануваат долу (освен мал дел кој се вади заедно со гасот) и со децении (или повеќе, никој не знае точно) ги загадуваат подземните води кои прават токсични. Со тоа се загадуваат и надземните води. Штетите по луѓето и нивното здравје се огромни.
Пошто требаат тони и тони хемикалии и вода, до бушотините тие се превезуваат со стотици и стотици цистерни (не, не ве заебавам). По ескплоатацијата, се прави нова бушотина отприлика еден километар далеку... и така се додека не се искористи полето со шкрилци (обично се огромни пространства). Градбите од бушотините остануваат да штрчат засекогаш како чиреви, и не престануваат да испуштаат количини гас кој е штетен по целиот жив свет наокулу. Целата постапка не е ни толку исплатлива, колку што е политички пожелна (се добива привремена независност од земјите како Русија и Иран, кои ги имаат најголемите резерви од природен гас).
Најверојатно забегав со техничките детали, но мислам дека е важно да го знаете ова. Погледајте го документарецов, и ќе дознаете зошто:
(може и HD квалитет да се одбере, а и да се симне од јутјуб, па на раат да се погледа на ТВ)
Како и да е, причината зошто ова го покажувам и пишувам тука, е за да ви покажам каква е реалноста. Ако владата на САД може ова да им го прави на сопствените граѓани, зошто мислите дека се замара со безбедноста на ГМО за истите тие граѓани (за нас тука па уште помалку). Документарецот е долг, ама и интересен... на чуден начин.
ОК, толку... лека ноќ.