Филип, Филип, Филип... ти немаш право да поставуваш вакви прашања, се додека не не „удостоиш„ нас
теоретичарите на заговори тука, сериозно да ги прокоментираш
последните неколку научни студии што ги поставив на темава.
Направи го тоа, и потоа со задоволство ќе ти посочам литература која секако ќе ти биде во полза да ја прочиташ. Ако ништо друго, за да можеме да дискутираме на барем малку поприближно ниво (пошто извесно е дека сегашниве нивоа ни се премногу далечни за нормална дискусија).
Во меѓувреме морам да ти укажам дека претерано очигледно е, дека не знаеш точно за што всушност дискутираш.
За полесно да разберат и тие што не се многу упатени во темава, ќе направам една по... сликовита паралела на тоа што ти тврдиш дека е едно те исто. Или уште подобро, ќе те цитирам прво, за да нема забуни за што точно зборувам сега:
Хоризонталниот трансфер на гени (пренесување на метерјалот меѓу различни видови) не е нешто што го измислил човекот. Вирусите и бактериите тоа го прават цело време непрекинато милијарди години. Тоа е еден од главните „погони“ на еволуцијата. Како мислиш дека настанале толку различни, шарени видови? Само со мутации во рамки на една генерација родител-потомство? Тоа е нешто најнормално во природата, а сега човекот се обидува да го прави по желба (како и сите други работи откако станал човек). Трансферот на гени по вертикала не е ништо по „природен“ од трансферот на гени по хоризонтала.... ама кој да знае.
Прво, и многу важно, обрати внимание дека зборуваш за едноклеточни организми.
Второ, сликовитата паралела што ја ветив.
Според тебе, во природата секојдневно природно и спонтатно се случува мешање меѓу видовите, и тоа со „природно општење„ а не со човечки изведен генетски сплајсинг и директна рекомбинација на ДНК. Тоа го напиша погоре.
Практично, според тебе нели,
во природата секојдневно се случува сексуално општење меѓу... еве на пример:
патлиџан и риба? (инаку ова е навистина направен генетски инжинеринг од ГМО индустријата)
Тоа би требало да изгледа овака некако?
Упс, рибава „влезе„ со погрешен дел од телото... или можеби се работи за предигра?
Без навреда, ама мислам дека нема смисла да се срамиш. Никако не можеш на ваква тема озбилно да дискутираш ако не си ја завршил домашната работа. Како сакаш сериозно да те разберат ако правиш ступидни нерелевантни паралели на
генетски инжинеринг со вредностите на атомскитe маси на елементите.
Дури и преносната поената на таа споредба ти нема смисла. Научните дебати за безбедноста на ГМО се далеку од било каков компромис за
меѓународни и општоприфатени методи и стандарди на истражувањата, и тоа никако не можеш да го споредиш со хемијата која е одамна етаблирана наука.
Такви меѓународни и општоприфатени методи не постојат затоа што на ГМО мафијата не и требаат, напротив. Таа мафија директно ги менува законите и стандардите внатре во одделните држави кои се директна контрола на САД (и со тоа под контрола на тие што управуваат и со САД).
Како и да е, да резимирам: никаде во природата немаш мешање на гените меѓу толку различни организми како компир и бактерија, или меѓу патлиџан и риба... Колку и да се забавни ваквите
теоретски муабети, поважни се практичните реални резултати. Кај растенијата реално е покажана една извесна разлика меѓу оригиналот и ГМ рекомбинантот:
значајно намалени количини на есенцијални амино-киселини. Ова е докажано со научни студии, и ова и Ти ќе го знаеше ако ги прочиташе научните студии кои ти ги посочував, и да, кај тие студии е присутен и магичниот збор „peer reviewed„.
Како тие намалени количини на есенцијални амино-киселини влијаат на тие што се хранат со ваквите ГМО, подоцна еве преку практично искуство на еден германски фармер:
http://www.nationofchange.org/topics/person/gottfried-gloecknerЕве и интервју со фармерот, каде зборува за неговите искуства со Синџента (трета по глемина ГМО компанија, после Монсанто и Дупонт). И да, сите тие фирми се во власништво на истите луѓе (директно или посредно, преку трастови и сл.), и да, сите се служат со класични мафијашки методи. Ама не ми верувај мене, прочитај и сам:
http://rt.com/op-edge/159184-syngenta-gmo-opposition-silencing/И доста ми праќаш линкови од карлин. Јас сум фан на карлин и имам гледано све од него по неколку пати. Батали го карлин жифти све. Не е на твоја страна, веруј.
Многу ми е мило дека си фан на Карлин, но и многу ми е жал што воопшто не си го разбрал.
Затоа инсистирам уште еднаш да го послушаш човекот, еве доле многу кратко и релевантно видео од него.
Претходно само ќе те потсетам на една голема мисла од Сократ:
„Мудрост е да знаеш колку не знаеш„.
Kaко и да е, еве го Карлин, чие мислење на (твоја) жалост извесно е дијаметрално спротивно на твоите ставови: