Како и да е, ако некој свесно сака да се труе себе и своите со тоа страње... негово право е тоа, на крај краева. Ама и ние другите имаме право да избереме, дали да го консумираме тоа, или не.
Или правото на слободен избор, и воопшто правата на мнозинството не се важни, а?
Правата на мнозинството се на секои 4 години да бираат некој кој знае повеќе од нив и кој ќе носи тешки одлуки за кои мнозинството е ниту доволно образовано, ниту доволно искусно да ги носи . Вие барате нешто друго кое се нарекува популизам. Сакате вашите лидери да го земат тоа што е популарно и без размислување, тестирање и проценка ви го продадат за гласови.
Не ми е јасно како можеш да ја видиш поврзаноста на Монсанто со војната во Украина, а не можеш да ја видиш политичката позадина на неодамнешните одлуки на Русија и нејзиниот мегафон за перење мозок RT. Второто би можело на некој извртен начин да ја поддржи твојата теза за Украина.
Како се раѓаат најголемиот дел од теориите на заговор:
1. Забележуваш тренд кој не ти се допаѓа
2. Наоѓаш кој се моќниците кои профитираат од тоа
3. Правиш филм за тоа како моќниците од 2. во темна зачадена соба прават злобен план за остварување на трендот од 1.
4. Профит
Еве ви една теорија, набрзина склопена по погорното упатство:
Газдите на Монсанто сакаат да се вклучат во бизнисот со храна. Знаат дека не ги бие добар глас и како такви тешко ќе се пробијат во таа индустрија. Наместо со преструктуирање и банкарски магии да го променат името кое стои пред нивните пари и моќ, решаваат да ја постигнат целта користејќи го нивниот негативен публицтет. Тука лежи ѓаволската финта.
Се пробиваат во дел од пазарот кој е нов, кој исто како нив има голем негативен публицитет и без срам се претставуваат како новиот лидер во производството на ГМО. Ова резултира со општа паника кај оние кои ја знаат историјата на Монсанто, кои здружени со конзервативците кои се уплашени од се што е ново прават огромен притисок за зголемување на регулативите за ГМО.
Во Монсанто не се уплашени од лошиот глас кој ги бие. Нивен директен муштерија не се крајните корисници, туку земјоделските корпорации кои се заинтересирани само за квалитетни семиња и производи кои Монсанто со помош на технологијата за генетски модификации, лесно може да ги испорача. Не ги плашат ниту заострените регулативи, тоа им беше првичната идеја, затоа што се единствените кои имаат доволно моќ, пари и капацитет да ги исполнат сите непотребни бирократски побарувања. Се се одвива според планот.
На овој начин Монсанто станува неоспорен лидер во индустријата за храна со 65% од пазарот за ГМ семиња, односно 25% од светскиот пазар на семиња. Помоќни од било кога.
^инспирирано од ова:
Ironically, it seems that Monsanto gained a near monopoly position in the GM seed market because of onerous regulation of GM crops, which effectively prevents any publicly funded research project or a small start-up from successfully navigating a product through the bureaucracy. These regulations were mainly brought about in response to public concern manufactured by anti-GMO groups. Monsanto is therefore a nemesis of their own making.
Ако сакате да го видите тој што е изманипулиран од Монсанто, фрлете поглед кон најблиското огледало, во насока нормална на неговата површина се разбира.
(интересно било ова вадењево на теории на заговор. бонус е чувството дека сте најпаметен на светот и го гледате она што повеќето не можат)