Автор Тема: ГМО  (Прочитано 407959 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #375 на: 22 Март 2014, 11:36:38 am »
Друже, џабе се мачиш.

Ништо не е џабе во овој свет.

Дури и Васил да не може (или да не сака) да ги прифати некои работи, има многу други што ќе налетаат на нашиве дискусии. Можеби токму тие неколкумина ќе бидат тие што ќе помогнат да се достигне критичната маса за свесноста.

Присутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: ГМО
« Одговори #376 на: 22 Март 2014, 11:41:27 am »
Се те разбирам, и во право си.

Само веројатноста е многу мала. It just isn't worth it.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #377 на: 22 Март 2014, 12:10:04 pm »
Ова се премногу тешки заговори за мене. Не знаев дека Монсанто е одговорен за хаосот во Украина

Moнсанто е само дел од приказната. Монсанто не е директниот причинител, туку е само една од алатките на тие што се одговорни за оваа светска криза (и за повеќето други).

Пошто со ова навлегуваме во геополитика, нормално е повеќето луѓе да се почуствуваат преплавени со информации. Тогаш најлесно е да се наречат работите „теории на заговор„ и забегувања. Но ако се размисли малку, и се погледне што се случува... работите стануваат појасни.

Прво едно прашање. Кои се најважните причини, заради кои се судираат структурите на моќ на овој свет?
Одговорот е недвојбен: ресурси.
Најважните светски ресурси според редослед на важност се: енергенси, храна, вода.  (иако овој редослед во иднина извесно ќе се измени)

Во настаните од т.н. „Арапска Пролет„ се сменија властите во голем број земји повеќе или помалку богати со енергенси. Сите „пролетни„ настани беа слични меѓу себе, некој ги подбуцна незадоволните (кои ги има секаде, но најмногу во земјите каде народот е сиромашен). Потоа тие протести кои во основа беа искрени, беа додатно подбуцнувани преку рандом убиства за да се ескалираат протестите во насилство. Не е важно дали насилство против владите или насилство против други етнички групи, важно е да има многу насилство и да се бутнат властите, и нормално под итно да се организираат „фер и демократски„ избори со кои на власт би дошла „фер и демократска„ власт (полтронска власт, под директна контрола на САД).
Истиот рецепт беше употребен секаде. Посета на сенаторот МекКејн и веднаш потоа протести. Директно беа финансирани најекстремните елементи, кои нели се најсклони и најподлежни на примена на насилство.
Тотално истиот рецепт беше употребен и во Украина, каде ги финансираа неонацистите (ова се факти, можам да линкам многу докази ама не сакам да одам во офтопик повеќе одошто морам за да ја покажам поврзаноста со ГМО индустријата).

Во некои случаи Америте малку се зезнаа со изборот на локални сојузници, како на пример со Муслиманското Братство во Египет, кои не само што им излегоа вон контрола со насилствата кон другите верски заедници (и политички противници) туку и отворено одбиваа да „соработуваат„ со САД. Но тој проблем брзо се реши по истиот рецепт, со нова, втора „Пролет„ (во истата година :)) со нови протести кои донесоа нова власт, овојпат доволно полтронска. Истото беше и во Либија, и во Сирија, и во Јемен, и во Алжир, сите се запролетија и станаа подемократски. Исто се започна во ред други земји (Јордан, Мароко, Саудиска Арабија, Кувајт, Палестина, итн), но таму во поблага форма и без драстична завршница, чисто за да ги „потсетат„ кој е газдата и што ќе се случи ако им мрда опашот.

За безосетноста, и недостаткот на одговорност и добронамерност кон човештвото сведочат и бројни изјави на официјални лица во САД.
Еве што изјави Хилари Клинтон за Либија (и за Гадафи). Дап, послушајте уште еднаш што изјавува тогашниот Државен Секретар на САД... и пак нема да ви се верува што слушате.

Сирија е посебно важна во денешниве настани. Низ Сирија мора да поминуваат коридорите за гасоводите од богатите со гас држави Катар и Иран (Иран како втора опција). Нема други коридори за гас кон Европа, која е дефакто зависна од природниот гас, поточно зависна е од гасот од Русија. Затоа САД ја иницираа и финансираа војната во Сирија, за да се промени власта во некоја што би била под нивна директна контрола. Затоа и Русија се вмеша во војната во Сирија, за да ги заштити своите интереси.


Се враќаме назад во Украина, која е последен дел од светската офанзива за премоќ на „западот„ (всушност одговорни се луѓето што од сенка управуваат со САД).
Украина е исто исклучително важен коридор за гасоводите со природен гас од Русија кон Европа. Но Украина е уште поважна заради друг ресурс... храната. Украина е житницата на Советскиот Сојуз, сега делумно и житницата на Европа. Европа, старата курва, рацете и се врзани со зависноста од Русија која е голем пазар за европските производи и Европа е уште повеќе зависна од рускиот гас. Америте сакаат на било кој начин да ја прекинат оваа зависност.

Од друга страна располагањето со украинските житници им многу потребно и на Европа и на САД.
Насилниот преврат на власта во Украина има повеќекратни добивки за западот: Одземаат важни ресурси од Русија, но и од Кина, кои и двете се единствените противници на САД на геополитичко поле. Со ова воедно западот добива на користење огромна површина со едни од најплодните почви во светот, плус во исто време тргаат од пазарот огромен извор на не-ГМО житарки (немањете избор го забрзува прифаќањето на ГМО) и не само тоа туку во исто време добиваат и огромен извор на ГМО житарки. Полтронската Украинска влада (хунта) ова ќе го дочека со раширени раце (и отворена уста), се што треба само да бидат на власт.
Од овој аспект гледано, дали сеуште мислите дека Русија е победник во кризава само затоа што го зема Крим...? (Крим, кој впрочем и предходно дејуре беше руски)


Ете ја поврзаноста на ГМО индустријата со Украина.
Нормално дека симплифицирам и нормално дека правата ситуација е многу посложена. Но доволно е и ова.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #378 на: 22 Март 2014, 14:21:42 pm »
https://en.wikipedia.org/wiki/Regulation_of_the_release_of_genetically_modified_organisms

Те молам само појасни ми, дали со линканиов текст конечно ја прифаќаш вистината дека НЕМА меѓународно општоприфатени регулации?
Пошто во спротивно, ова што го линкаш целосно оди во прилог на мојата теза... која патем е и реалната состојба со регулациите за безбедноста на ГМО.
Еве што се кажува уште во уводот на тој текст од Википедија:
Цитат
Governments have taken different approaches to assess and manage the risks associated with the use of genetic engineering technology and the development and release of genetically modified organisms (GMO), including genetically modified crops and genetically modified fish. There are differences in the regulation of GMOs between countries, with some of the most marked differences occurring between the USA and Europe. Regulation varies in a given country...
Се е кажано, има ли потреба понатаму да дискутираме за фактот дека САД се главен одобрувач на „безбедноста„ на ГМО во оваа ниска фаза на развојот на генетскиот ижинеринг. Можеби заради тоа што се и главен извезувач на ГМО, а?  ;)

Каква врска има какви се стандардите кај извезувачот, ако кај увозникот се построги?

Мојата реплика беше одговор на твојата изјава дека сум неинфиормиран и дека нема меѓународни стандарди. Дали според тебе Европските стандарди не се меѓународни?

Незрело и детско е да бараш сите да имаат исти стандарди. Тоа ниту се случило ниту пак ќе се случи во било која област. И во автомобилската индустрија се користат различни стандарди за краш тестови, различни пропишани бои на трепкачи... Самото барање на нешто што е нереално и тотално непотребно е знак дека целта е пропаст на ГМО индустријата, а не поздрава храна.


Понатаму, во текстот од овој твој линк кон википедиа има уште нешто многу важно.
Цитат
One of the key issues concerning regulators is whether GM products should be labeled. Labeling can be mandatory up to a threshold GM content level (which varies between countries) or voluntary.
Ќе се надоврзам со еден твој претходен пост:
Да го тргнеме на страна задолжителното означување, затоа што тоа нема никаква врска со процесот на одобрување.
Означувањето никако не смееме да го „тргаме на страна„. Означувањето е нашето право на избор.
Мора да имаме избор!

Потоа ако ти сакаш и ако ти држи душата да им даваш ГМО на блиските, повели. Во тоа не може да ти се мешаме.
Јас лично (а верувам и повеќето други луѓе), сакам да можам да одберам.

Моето барање до тебе за да го тргнеме ова од дискусијата беше за да се намали должината на постовите. Дискутиравме за процесот на одобрување, а означувањето следи откако овој процес ќе заврши. Малку ред ако може. Во еден пост тргна од одобрување, па преку означување на ГМО стигна до револуцијата во Украина и платениците што пукале со снајпери.


Пак ќе повторам дека јас лично не сум против ГМО и не сум против генетски инжинеринг. Но страствено сум против неиспитано безбедни ГМО производи, уште повеќе сум против тоа да на производот не биде јасно назначено кога некој производ содржи ГМО!

Штом толку закаш да дискутираш за означувашето, еве ти го мојот став по тоа прашање.

Цитат
In my view, labeling requirements are appropriate when there is undisputed scientific evidence that a food component is damaging, which, for example, is the reason for warning labels on cigarettes. But with GMOs this is not the case. For example, a recent NRC report states that GMOs are as safe if not more safe than conventional food which is also consistent with most of the published research.

Еве го и изворот за да не го бараш



Вакво нешто претпоставувам барате да биде задолжително? Ова е ултиматум.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #379 на: 22 Март 2014, 17:15:11 pm »
Каква врска има какви се стандардите кај извезувачот, ако кај увозникот се построги?
Мојата реплика беше одговор на твојата изјава дека сум неинфиормиран и дека нема меѓународни стандарди. Дали според тебе Европските стандарди не се меѓународни?
Незрело и детско е да бараш сите да имаат исти стандарди.

Ова станува заморно, како со адвокати да дискутирам. :)
Наместо да дискутираме за суштината, ние се дрибламе со техникалии, термини и околности.

Ајде уште еднаш, пополека. Toa што јас го кажувам, а ти упорно не го разбираш (или го игнорираш), е дека никаде и воопшто нема соодветен стандард. Следствено, нема ни меѓународен стандард за безбедноста на ГМО.
Токму ова е ставот на независните научници како Арапад Пузтај, а ставот на регулаторните тела како FDA секако дека секогаш и секаде ќе биде провладиниот став (за кои профитот и извозот е поважен од здравјето на луѓето, или на нашата страна: добрите односи со САД се поважни од здравјето а граѓаните кои како гласачи за нив и онака се несвесни овци за шишање).

Повторно: Не зборувам за разликите во стандардите меѓу САД и ЕУ. Но ако конкретно те интересираат тие разлики, повели прочитај тука:
http://rt.com/news/europe-us-gm-trade-394/
(и дискусијата на читателите, после колумната, е интересна)

Во врска со барањето да дискутираме само за еден аспект на ГМО (одобрувањето на безбедноста), и тука воопшто не си во право. На тој начин ти од дрвата не можеш (или не сакаш) да ја видиш шумата. Сите аспекти на ситуацијата се важни за да разбереш што се случува, мозаикот е нецелосен дури и ако фали само едно единствено парче. Или како што велат, ѓаволот е во деталите.

Апсурдно или не, ГМО индустријата денес е дел од геополитичките случувања. Украина е моментално во центарот на збиднувањата важни за иднината на ГМО индустријата, факт кој никако не е засегнат од нечија можност да ги перцепира и разбере работите такви како што се.


Штом толку закаш да дискутираш за означувашето, еве ти го мојот став по тоа прашање.
Цитат
In my view, labeling requirements are appropriate when there is undisputed scientific evidence that a food component is damaging, which, for example, is the reason for warning labels on cigarettes. But with GMOs this is not the case. For example, a recent NRC report states that GMOs are as safe if not more safe than conventional food which is also consistent with most of the published research.
Еве го и изворот за да не го бараш

Нон сенс, пошто поаѓаш од претпоставка дека ГМО се безбедни. Веќе рековме дека нема стандардизиран метод за утврдување на безбедноста. Но уште посмешна е паралелата со штетноста на цигарите... и за нив на времето некои се колнеа дека воопшто не се штетни. Ма сеуште ги има таквите, со лопата да ги ринеш ги има.


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Вакво нешто претпоставувам барате да биде задолжително? Ова е ултиматум.
Не инсистираме на таков знак. Разумни сме.
Доволна е и една дискретна ознака, со некој обичен едноставен натпис ГМО ВНАТРЕ.

Што се мене лично тиче, може да биде и некоја убава и рекламно-привлечна сликичка од вкусен домат со некаков натпис во стилот: ОВОЈ ПАТЛИЏАН Е ПОВКУСЕН ЗАТОА ШТО Е ГМО!
Се додека јасно пишува ГМО на производот, јас сум задоволен.

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #380 на: 22 Март 2014, 20:00:36 pm »
Се додека мора да пишува дека има ГМО во производот, скоро никој нема да користи ГМО, затоа што скоро никој нема да сака да се откаже од огромниот дел од пазарот кој е уплашен од ГМО. Можно е да има неколку храбри компании, но тие ни од далеку нема да ги оправдаат вложувањата кои се потребни за развој, тестирање, контрола...

Зошто е ова лошо? Затоа што ако нешто е покажано дека е подеднакво безбедно, како и стандардната храна, неправедно ќе се етикетира и дискриминира и ќе можат да се користат стандардните тактики за плашење на корисниците и уништување на конкуренцијата.

Тоа е поентата на одбивањето за задолжително етикетирање во случај да не знаеш англиски.

Ова станува заморно, како со адвокати да дискутирам. :)
Наместо да дискутираме за суштината, ние се дрибламе со техникалии, термини и околности.

Ајде уште еднаш, пополека. Toa што јас го кажувам, а ти упорно не го разбираш (или го игнорираш), е дека никаде и воопшто нема соодветен стандард. Следствено, нема ни меѓународен стандард за безбедноста на ГМО.
Токму ова е ставот на независните научници како Арапад Пузтај, а ставот на регулаторните тела како FDA секако дека секогаш и секаде ќе биде провладиниот став (за кои профитот и извозот е поважен од здравјето на луѓето, или на нашата страна: добрите односи со САД се поважни од здравјето а граѓаните кои како гласачи за нив и онака се несвесни овци за шишање).

Јас сум заморен или ти? Ги игнорираше сите информации дека постојат многу строги стандарди кои редовно се почитуваат.

Не биле унифицирани ширум светот. Што е тоа што е унифицирано? И за стандарднава храна има 5 милијарди стандарди. Едни користат HACCP, други HALAL и тоа само во нашава земја. Којзнае што се се користи надвор. Дали тоа според тебе значи дека нема храна што е здрава, затоа што ништо не е покажано дека е здраво според некој универзален стандард?

И не го извади Пузстај од уста. Дали ако тој ги напише стандардите ти ќе бидеш задоволен? Што ако неговите стандарди се погрешни?

Ако за неговите експерименти е покажано дека се со многу низок квалитет, дека не е земен доволно голем примерок и дека не ги исполнуваат условите што треба да ги има еден експеримент за од него да можат да се носат заклучоци, зошто би му верувал на овој човек да направи нешто толку важно?

Цитат
There is little documented evidence that GM crops are potentially toxic. A notorious study claiming that rats fed with GM potatoes expressing the gene for the lectin Galanthus nivalis agglutinin suffered damage to gut mucosa was published in 1999.36 Unusually, the paper was only published after one of the authors, Arpad Pusztai, announced this apparent finding on television.37 The Royal Society has since stated that the study ‘is flawed in many aspects of design, execution and analysis’ and that ‘no conclusions should be drawn from it’: for example the authors used too few rats per test group to derive meaningful, statistically significant data.

Прво ќе направиме фама на телевизија, ќе рашириме страв, па потоа и да ни го прогласат истражувањето за неквалитетно, ќе имаме поддршка кога ќе се браниме дека сме нападнати од корумпирани сатанисти. Многу добра тактика.

И дај олабави со приказните за Монсанто и Украина, затоа што почнуваш да личиш на гостин од емисијата на Миленко.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #381 на: 22 Март 2014, 20:25:16 pm »
Се додека мора да пишува дека има ГМО во производот, скоро никој нема да користи ГМО, затоа што скоро никој нема да сака да се откаже од огромниот дел од пазарот кој е уплашен од ГМО. Можно е да има неколку храбри компании, но тие ни од далеку нема да ги оправдаат вложувањата кои се потребни за развој, тестирање, контрола...

Зошто е ова лошо?
Лошо е затоа што НЕ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е ДОВОЛНО БЕЗБЕДНО.
ОК?

Едноставно не е докажано. За мене не е, за многу други НЕ Е!
Имам бре право да одберам САМ. Ти одбери ГМО ако сакаш, јас не сакам.

Нека докажат бе, нека ги убедат луѓето. Ако е навистина така од што се плашат? Со нивните пари, огромни ПР маркетинг машини... од што се плашат?
Од нас „теоретичарите на заговори„, анонимуси од интернет...?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: ГМО
« Одговори #382 на: 22 Март 2014, 20:30:27 pm »
Од ова:

"Прво ќе направиме фама на телевизија, ќе рашириме страв, па потоа и да ни го прогласат истражувањето за неквалитетно, ќе имаме поддршка кога ќе се браниме дека сме нападнати од корумпирани сатанисти. Многу добра тактика."

И веќе не дискутирам со тебе на темава

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: ГМО
« Одговори #383 на: 22 Март 2014, 20:40:22 pm »

И ЈАС НЕ СИ ИГРАМ ПОВЕЌЕ СО ТЕБЕ!!!

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: ГМО
« Одговори #384 на: 22 Март 2014, 20:46:38 pm »
И јас се слагам ГМО производите да бидат етикетирани. Исто како што се етикетирани органските производи, "домашните" и сл. Па да видиме кој е јак само на тастатура или навистина би турил тоа го*но у уста.

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Одг: ГМО
« Одговори #385 на: 22 Март 2014, 21:14:15 pm »
и јас сум да има налепници како што има на бананите,нека има на сите.од каде се и дали се органски или гмо.
онаа слика со налепницата на патлиџанот ГМО,па и самиот палиџан е веќе ГМО,но со генетска селекција.а уште овој има плус што е чист ГМО,чипуван :)
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: ГМО
« Одговори #386 на: 23 Март 2014, 13:32:11 pm »
Па ако не да почнеме и да ги етикетираме тие што возат дизел. Да почнеме да етикетираме и животни без педигре.

Ма шо му ебеш матер, да почнеме и Евреите пак да ги етикетираме. Треба да се знае кој е кој.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: ГМО
« Одговори #387 на: 23 Март 2014, 13:46:36 pm »
Ако не умреш од ГМО ќе умреш од другото срање. Исто ти се фаќа во безизлезна ситуација си и имаш само илузија на слобода на избор.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: ГМО
« Одговори #388 на: 23 Март 2014, 14:14:12 pm »
Штом толку закаш да дискутираш за означувашето, еве ти го мојот став по тоа прашање.

Цитат
In my view, labeling requirements are appropriate when there is undisputed scientific evidence that a food component is damaging, which, for example, is the reason for warning labels on cigarettes. But with GMOs this is not the case. For example, a recent NRC report states that GMOs are as safe if not more safe than conventional food which is also consistent with most of the published research.

Еве го и изворот за да не го бараш


(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Вакво нешто претпоставувам барате да биде задолжително? Ова е ултиматум.


Абе ти тренираш? Производите од Монстанто уништиле цели градови и поколенија низ Америка. Многу од нивните производи се прогласени за смртоносни и укинати. Проблемот е што додека да се докаже тоа, треба да поминат години во испитување и влечење по судови. Монсанто има доволно пари да ја одложи забраната на нивниот производ со децении. А кога конечно ќе се забрани производот, едноставно вадат нов производ со нова лепенка, и следните 20 години пак продаваат непречено на пазарот.

Како смеат да продаваат семиња, храна и пестициди кои се тотално не проверени? Јас ќе ти кажам како, така што го сменија законот (во седумдесетите негде). Порано мораше да направат истражување дека новиот производ е безбеден за употреба. Но зошто да трошат време и пари за тоа кога си размислуваат како DarthJe5us дека луѓето секако ќе умрат, па затоа го сменија законот во: се што ќе пуштиме во продажба е безбедно се додека не се докаже спротивното! Кога некој ќе почне да истражува и докажува, му ставаат лепенка дека навечер зборувал со вонземјани и дека психички нестабилен пијаница. Потоа ќе финансираат 1-2 владини истржувања кои ќе докажат дека нема никакви докази дека конкретниот производ на Монсанто е опасен по здравјето и крај.

Најново нешто на пазарот. Фрлија некое милионче и го сменија законот за продажба, сега не смее да се става ознака дека производот е или содржи ГМО. На народот му се укинати сите права. Правото да знае што е штетно за неговото здравје, и правото да го препознае штетниот производ во продавницата. Ти повеќе немаш никакви права, не си човек.

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: ГМО
« Одговори #389 на: 23 Март 2014, 14:27:43 pm »
Па ако не да почнеме и да ги етикетираме тие што возат дизел. Да почнеме да етикетираме и животни без педигре.

Ма шо му ебеш матер, да почнеме и Евреите пак да ги етикетираме. Треба да се знае кој е кој.


Етикетирање на животни без педигре и нации или националности нема апсолутно никаква врска со етикетирање на некаков продукт што го конзумираме, и поговото нема врска со производ неопходен за живот односно храна..

Освен ако во твоите прехрамбени навики на мени немаш животни  или можеби евреи и слично(па ти е битно дали се со педигре или не ради некаква причина поврзана со хранливост)..

Ко што имаш етикета на фармерките какви се, имаш етикета и на колата каква е за да нема додатна забуна имаш плус етикета ТДИ, дефинитивно и поготово за храна треба да има етикета ГМО или не.

Па секој нека си избере дали сака таква храна или не.

Лично дефинитивно ставам наука на прво место, и немам предрасуди према научните придобивки.

Имам предрасуди према подметнување на нешта, и немање избор и монополизирање и контролирање на ресурсите од корпорации и поединци, и тоа на нечесен начин во поглед на конкуретноста...


Целава прикаска со ГМО, со регулативи на ЕУ за стандарди на храна и слично, ми личи само како подготовока на монопол на производството на храна, и тотална контрола од мал број фирми или поединци во светот.

Јас сакам да имам избор, и сам да одлучам што и како (може ќе се нафурам дека само ГМО храна е добра за мене, ако не ми е етикетирана како ќе знам дека ја јадам добрата храна за мене?)


Вие? Сакате избор исто, или ќе одите така како што некој ќе одлучи дека треба, а вие само покорно ќе следите и ќе викате МУууууууу?