Ова се премногу тешки заговори за мене. Не знаев дека Монсанто е одговорен за хаосот во Украина
Moнсанто е само дел од приказната. Монсанто не е директниот причинител, туку е само една од алатките на тие што се одговорни за оваа светска криза (и за повеќето други).
Пошто со ова навлегуваме во геополитика, нормално е повеќето луѓе да се почуствуваат преплавени со информации. Тогаш најлесно е да се наречат работите „теории на заговор„ и забегувања. Но ако се размисли малку, и се погледне што се случува... работите стануваат појасни.
Прво едно прашање. Кои се најважните причини, заради кои се судираат структурите на моќ на овој свет?
Одговорот е недвојбен: ресурси.
Најважните светски ресурси според редослед на важност се: енергенси, храна, вода. (иако овој редослед во иднина извесно ќе се измени)
Во настаните од т.н. „Арапска Пролет„ се сменија властите во голем број земји повеќе или помалку богати со енергенси. Сите „пролетни„ настани беа слични меѓу себе, некој ги подбуцна незадоволните (кои ги има секаде, но најмногу во земјите каде народот е сиромашен). Потоа тие протести кои во основа беа искрени, беа додатно подбуцнувани преку рандом убиства за да се ескалираат протестите во насилство. Не е важно дали насилство против владите или насилство против други етнички групи, важно е да има многу насилство и да се бутнат властите, и нормално под итно да се организираат „фер и демократски„ избори со кои на власт би дошла „фер и демократска„ власт (полтронска власт, под директна контрола на САД).
Истиот рецепт беше употребен секаде. Посета на сенаторот МекКејн и веднаш потоа протести. Директно беа финансирани најекстремните елементи, кои нели се најсклони и најподлежни на примена на насилство.
Тотално истиот рецепт беше употребен и во Украина, каде ги финансираа неонацистите (ова се факти, можам да линкам многу докази ама не сакам да одам во офтопик повеќе одошто морам за да ја покажам поврзаноста со ГМО индустријата).
Во некои случаи Америте малку се зезнаа со изборот на локални сојузници, како на пример со Муслиманското Братство во Египет, кои не само што им излегоа вон контрола со насилствата кон другите верски заедници (и политички противници) туку и отворено одбиваа да „соработуваат„ со САД. Но тој проблем брзо се реши по истиот рецепт, со нова, втора „Пролет„ (во истата година
) со нови протести кои донесоа нова власт, овојпат доволно полтронска. Истото беше и во Либија, и во Сирија, и во Јемен, и во Алжир, сите се запролетија и станаа подемократски. Исто се започна во ред други земји (Јордан, Мароко, Саудиска Арабија, Кувајт, Палестина, итн), но таму во поблага форма и без драстична завршница, чисто за да ги „потсетат„ кој е газдата и што ќе се случи ако им мрда опашот.
За безосетноста, и недостаткот на одговорност и добронамерност кон човештвото сведочат и бројни изјави на официјални лица во САД.
Еве што изјави Хилари Клинтон за Либија (и за Гадафи). Дап, послушајте уште еднаш што изјавува тогашниот Државен Секретар на САД... и пак нема да ви се верува што слушате.
Сирија е посебно важна во денешниве настани. Низ Сирија мора да поминуваат коридорите за гасоводите од богатите со гас држави Катар и Иран (Иран како втора опција). Нема други коридори за гас кон Европа, која е дефакто зависна од природниот гас, поточно зависна е од гасот од Русија. Затоа САД ја иницираа и финансираа војната во Сирија, за да се промени власта во некоја што би била под нивна директна контрола. Затоа и Русија се вмеша во војната во Сирија, за да ги заштити своите интереси.
Се враќаме назад во Украина, која е последен дел од светската офанзива за премоќ на „западот„ (всушност одговорни се луѓето што од сенка управуваат со САД).
Украина е исто исклучително важен коридор за гасоводите со природен гас од Русија кон Европа. Но Украина е уште поважна заради друг ресурс... храната. Украина е житницата на Советскиот Сојуз, сега делумно и житницата на Европа. Европа, старата курва, рацете и се врзани со зависноста од Русија која е голем пазар за европските производи и Европа е уште повеќе зависна од рускиот гас. Америте сакаат на било кој начин да ја прекинат оваа зависност.
Од друга страна располагањето со украинските житници им многу потребно и на Европа и на САД.
Насилниот преврат на власта во Украина има повеќекратни добивки за западот: Одземаат важни ресурси од Русија, но и од Кина, кои и двете се единствените противници на САД на геополитичко поле. Со ова воедно западот добива на користење огромна површина со едни од најплодните почви во светот, плус во исто време тргаат од пазарот огромен извор на не-ГМО житарки (немањете избор го забрзува прифаќањето на ГМО) и не само тоа туку во исто време добиваат и огромен извор на ГМО житарки. Полтронската Украинска влада (хунта) ова ќе го дочека со раширени раце (и отворена уста), се што треба само да бидат на власт.
Од овој аспект гледано, дали сеуште мислите дека Русија е победник во кризава само затоа што го зема Крим...? (Крим, кој впрочем и предходно дејуре беше руски)
Ете ја поврзаноста на ГМО индустријата со Украина.
Нормално дека симплифицирам и нормално дека правата ситуација е многу посложена. Но доволно е и ова.