Ова е многу страшно. Ги подмитија своите политичари да донесат закон со кој се забранува на своите отрови во супермаркетите и аптеките да пишува дека се ГМО. Тоа ќе го направат и во останатите земји подмитувајќи корумпирани политичари. Американците одамна немаат право на избор, на ред се народите на останатите држави во светот. Крајно време е Америка да ја снема како светска сила, со Украина почнува нивниот крај.
Постот за Монсанто што го ветив, на жалост нема да можам да му посветам време за да биде така детален како што сакав... но така можеби е и подобро, пошто долгите постови никој не ги чита.
Ќе се осврнам на моменталните геополитички случувања, и која е поврзаноста на Монсанто со нив.
ЛП ја спомна Украина, и го погоди центарот на моменталните случувања кои директно се поврзани со ГМО индустријата, или поточно Монсанто, пошто Монсанто се дефакто монопол во таа индустрија.
Пред да продожам, повторно напомнувам дека, кога ќе кажам ГМО индустрија, апсолутно никако не мислам на научната дисциплина на генетски инжинеринг, или поконкретно генетски сплајсинг. Кога ќе кажам ГМО индустрија, мислам на бизнисите кои профитираат од науката.
Значи назад на Украина. Неколку факти за Украина:
- Украина ги има едни од најголемите светски житници, кои патем се и едни од најплодните почви во светот.
- Украина произведуваше 25% од потребите за храна на Советскиот Сојуз.
- Украина имаше потпишано
50 годишен договор со Кина за изнајмување на огромна површина од најплодните житници. Површина од над 3 милиони хектари, што е повеќе од многу држави во светот.
- Украина е еден од најголемите светски извозници на не-ГМО житарки.
Е сега неколку работи за кои нема „веродостојни докази„ (како што кажаа некои). Но сами соберете два со два, проверете кој има какви мотиви, кој што добива а што губи... и потоа донесете свој заклучок.
- Има гласини дека
Монсанто ги купил Blackwater платеничката војска. Монсанто ги имаа ангажирано Блекватер и
претходно, па купувањето не е чуден потег.
-
Blackwater се видени во Украина.
- Кризата во Украина е дефакто државен удар направен од платеници на западот, со кулминација во снајперските убиства на полицајци и демонстранти, без дискриминација од истиот снајперски тим. Ова е нешто што е потврдено и со
телефонскиот разговор меѓу естонскиот амбасадор (Естонија е членка на НАТО) и Кетрин Ештон, EU foreign affairs chief.
- Која индустрија од западот најмногу добива со непречен пристап до наголемата и најплодна светска житница?
За крај кој се сопствениците на Монсанто?
Ќе ви помогнам со ова прашање, сопствениците се истите луѓе што се сопственици на Банката за Федерални Резерви на САД. Истите луѓе кои ја управуваат САД.