Bojan_J прашај некој од ѓорче да ти каже по-детално на кои семафори се наоѓа продавничката за сваштарија. Јас како што се сеќавам е на вторите семафори после Цујо во Ѓорче. До пералната се наоѓа едно дуќанче како вагон, ќе влезеш вантре и ќе најдеш свашта. Меѓу другото ќе најдеш и баш таков украс.
Џиџи, не ми се упали. Ја возев само 15 минути, т.е. директно од кај шупакот Трајко па до Ас-Стил за да ми го вратат катализаторот. Овој апашов го имаше исечено идеално за да може да го монтира на друго место и се праеше луд дека веќе е неупотреблив и тн. за да му го оставам. А катализаторот има поминато 50000km и е чичка, со него ќе поминат уште минимум 250000km. Во Мазда кошта 650 евра, а на и-беј половен со извозени 90000km според продавачот го шиткаат 200 долари. Нов е околу 500 долари во САД.