По неколку зафати еве и едно видео околу перформансите на возилото:
Во возилото сме двајца (т.е. 2.5 со оглед на мојата тежина), пун резервоар 64 литри и ствари за по дома у гепек. Се на се 300+ кила товар.
Направените зафатите се наведени и во видеото, а тие се:
- K&N 57i + довод на ладен воздух
- Поместено палење понапред за 4 степени.
- Зголемен притисок на бензин за +0.5 бари
- Заземјено електронското грло на усисната грана (овој мод има улога само во секојдневно цивилно возење кога не е гаста до даска).
Наскоро ќе имам уште една мала модификација, а тоа е алуминиумска топлотно и звучно изолирана кутија за K&N 57i печурката.
Во меѓувреме ќе бидат монтирани и бандажите со нови летни гуми и најверојатно ќе бидат затемнети стаклата, па ќе ја апдејтувам темава со слики.