како што ветив...
прво веспата, двотактна, направена на плин, и пројдоа бајаги километража, пошто сите во сервизот, вклучително и пријатели и познаници и комшии и ојле-дојле, кој како му затреба и се качува (како на селска ку*ва) и брка работа, а во сервизот има бајаги вработени... значи моторов е оставен баш за таа работа, кој стигне да му се качи. со свои очи сум видел како и по неколку саати не се остава на раат моторот. еден стига од негде, друг го зима, трет го чека и се пазари со четвртиот кој прв да седне од нив двајца и тн... само ке им замерам што ги примрзе да го монтираат и куферот. требаше боцава во куфер да влезе...
изглед од позади-страна

полначка

боцата приклучок

копче за избор помеѓу плин и бензин


фланша-пловак

другата страна-позади

плински уред на вакуум.. секако на ландирензо, постар модел, или уред каков што некогаш се користел за вградување во југо, лада, тристач и останати возила СО ПЛОЧКА. греењето на расплињачата е изведено така што се користи температурата од издувната грана, намотано со цевка околу нејзе. тоа што е двотактно речено е со минимална модификација на бвризгувачката автоматска пумпа за двотактол. значи моторчево и понатака си користи двотактол, само наместо бензин му иде плин...
следниот е сузуки-би кинг, со преработени ауспуси. оригиналниот издув е одоздола под седишта. сега е променето тоа и на негово место има висок голем штоп, отвор за воздух а ауспухот е преместен доле...

изглед одпозади. на прв поглед нема разлика. дури ичленот во темата го видов не примети дека лепенката е баш на плинска боца а не ауспух.

боца со фланша (замена за левиот ауспух)

десниот ауспух

коче за плин-бензин

блиц слика да не заборавиме дека КАРклуб не е заебанција


вграден плински уред ландирензо со инјекционен-секвент компјутер. тоа значи 4 дизни за сите цилиндри посебно, т.е. нај современ плински уред за нај нови возила, со контролирано вбризгување на гориво, командувано од компјутерот на самиот мотор. температура т.е. за загревање на расплињачата (или по ново на овие системи ги викаат мулти вентил) се користи од разладниот систем на моторот, кој е со водено ладење, значи потполно исто како и кај автомобил.