а и на метан ме интересира искуство од некого...
јас имам вградено (сега извадено) метански уред.. значи да не ме разберат погрешно,метанскиот уред не го вградив јас, туку фабрички си е на колата... по пресметките мои следи вака:
боцата собира во лето едвај 14 кила метан (поточно 13,8). во зимо собира околу 14,5 кила метан. со таа запремина на метан може да се помине со моето возило помеѓу 225 и 235 км зависно од возењето. ке земеме средина т.е. 230 км. тоа му доаѓа потрошња од околу 6,5 кг метан на 100. со актуелнава цена од 49 денари за кило тоа би било околу 320 денари за 100 км, но да не заборавиме дека за да префрли на метан мора да загрее до 50-60 степени а тоа е барем уште 1 литро бензин во просек... и автоматски цената отиде до кај 400 денари на 100 км што во принцип ми е исто дури и повеќе како на плин да возам.
од друга страна на плин просекот ми е 360 денари 100 км поминати. метан има само 2-3 пумпи во државава а плин има НА СЕКОЈ ЌОШ...
толку за сега...