Германија - Македонија. Околу 2200 километри.
Многу сообраќај, чекање само на патарини и граници. Со оглед на хаосот низ цела Европа, чекав само во Грделичка клисура и српско-македонска граница (вкупно) еден саат. Сите други граници избегнував главни премини и поминав на локални премини. Ако некој сака да патува низ Европа за време на одмори, може да му дадам препораки да не чека никаде. Е сега ќе вози еден до два саати повеќе, ама никогаш нема да стои заглавен во место.
80% по автопат, некоиси 20% по магистрални патишта за избегнување на гужви, граници, патарини. Возено само со клима, колата е гасена само за полнење бензин и пауза за ВЦ (Дури и не секогаш ако застанував на теферич).
Прво танкирање. Германија - Австрија. 745 километри. 44.75 литри Арал Ултимејт 102. Потрошувачка 6.0. Просечна брзина 81.1 кмч.
Второ танкирање. Австрија - Србија. 843 километри. 54.23 литри Бритиш Петролеум Премиум. Потрошувачка 6.43. Просечна брзина 73.6 кмч.
Трето танкирање. Србија - Македонија. Досега извозени околу 640 километри. Наполнето од Лукоил. Потрошувачката по борд компјутер околу 6.4-6.5.
Заклучив дека борд компјутерот ми точен до десетинки. Возило: БМВ 318и 143 кс.
Германија на Аутобан на темпомат 120-125 и кадешто дозволува патот повеќе. На локалните патишта низ Германија 100 на темпомат (јебига многу камери). Влезено во Австрија преку еден мост на Дунав околу Пасау.
Австрија на автопат 120 темпомат (освен тунелите кадешто е 100). Локалните патишта колку дозволува патот. Најчесто 80-100. Пејсажите и патиштата закон. Инаку камерите во Австрија најчесто мерат просечна брзина на определени отсечки од патот. Така да... Сигурно ќе те казнат ако возиш брзо. Влезено во Словенија на еден мост на Мура.
Словенија возено само по локални патишта. Гужви немаше никаде по патиштата кадешто возев и речиси секогаш бев сам на патот. Милина.
Хрватска 115-120 на темпомат. ПРемногу сообраќај и осетив дека со таа брзина најбрзо се движам. Почнав да престигам да газам да намалувам, да кочам заради престигнување на шлепери и неподместување на десно. Накратко секој шлепер на автопат беше тесно грло и во најлева лента од 140 намалуваш на 95. После пак забрзуваш и до наредниот шлепер истата приказна. Од 140-150 намалуваш на 95-100. После неколку пати, заковав на 115 темпомат, се растерети сообраќајот околу мене и се возеше полесно. Поминав низ Вуковар, Илок - Бачка Паланка. По мостот над Дунав.
Србија исто 115-120 на темпомат. Ако во Хрватска беше многу, во Србија беше двојно повеќе. Маџарска и Хрватска се спојуваат во Белград. ХАОС. Не се знае кој престига, кој кочи, кој се престројува, жмигавци ни за лек. Иста приказна како во Хрватска забрзување кочење, колони, возење во лева лента со 90. Коваш темпомат 115 сите те престигаат и сообраќајот се растеретува. Кога дојде до застои на наплатни рампи, одмаралишта, бензински пумпи, пак си со истите коли кои те престигале иако забрзувале и демек осетно биле побрзи од тебе.
Чекање во Грделица затоа што некои се лупнале кај Предејане. После едни од “Швицарска“ со џипови се престигаа низ застојот на Грделица, па се створија 20+ километарска колона во двете насоки. На Македонска граница гужва, престројување, пресекување пат, викање, дерење, свирење, абе стандард.
И за крај, Куманово - Штип го возев саат и пол. Факинг саат и пол 60 километри.
Е тоа е патешествието за сега. Понатаму, ќе видиме.