Автор Тема: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010  (Прочитано 76315 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #60 на: 05 Февруари 2015, 15:26:39 pm »
Ме интересира мене, дали некој од вас ја проверил изолацијата деновиве?
Во возилото се јавува кондензација на лимот. Да не испадне дека ради ладново време не може да испари, па да држи влага постојано.
Некој што има, не е лошо да отвори врата или страница во гепек и да ја напипа.
Исто така во вратите што ја лепевте изолацијата, да се провери дали се уште стои или е падната - заради временските услови.
:)

Сале, изолацијата се користи за обложување на канали од каналска климатизација. Намената на изолацијата е да спречи создавање на кондензација на каналот кога низ него струи ладен воздух, а собната температура каде што каналот проаѓа е повисока. Сигурно знаеш дека штом внесеш тело со ниска специфична температура во простор каде што има повисока специфична температура и зголемена влажност, на површината од телото со ниска температура се појавува кондензација.

Изолацијата е монтирана на лим кој што од едната страна е изложен кон надворешна атмосферска температура, а од другата страна е изложен кон кабината од возилото. Без разлика каде да ја залепиш изолацијата ќе го имаш истиот случај. Значи за да се создаде кондензација внатре во возилото потребно е надвор да биде температурата под 0, а во возилото да има релативна влажност од над 55%, што е речиси невозможно, за да може да се налепи влага на лимот што не е изолиран, на ист начин како што се лепи влагата на шофершајбна кога возиш во зима (кога замаглува). Е сега изолацијата нема да дозволи создавање на овој ефект на кондензација зашто дополнително ја намалува површината од лимот што не е изолирана односно која е изложена на надворешна температура. Значи изолацијата ќе помогне да НЕ се создаде кондензација. Материјалот не впива течност, значи е хидроотпорен 100% и воедно хидростабилен, односно не губи својства ис структура во присуство на вода и влага.

Инаку лепакот што го има изолацијата е толку силен и стабилен што издржува 15-20 години без проблем на каналска клима каде што температурните екстреми се многу поголеми отколку во возилото. Стабилен е и на високи температури. Единствена маана му е ако е изложен на директно УВ зрачење (сонце) почнува да се рони и деградира. Бидејќи е монтиран во гепек, под тапацир и внатре во врата, УВ зраци нема ни да види, и векот на траење ќе му биде се додека возилот не го дадеш во отпад кога ќе си го одработи своето за многу години.

Така да нема да има проблем со материјалот никаков.

Јас го имам овој материјал лепено на каналска клима кај мене во канцеларија пред 4 години и до ден денес е сеуште како нов и нема појавено никаде ниту една капка од вода заради кондензација.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #61 на: 05 Февруари 2015, 15:31:57 pm »
Решив да ја заќутам Фиестата, односно да и ставам дополнителна звучна изолација.

Денес купив изолационен материјал од Клима Комерц.  Материјалот е со дебелина 9мм. Името му е Армафлекс. Истиот е искористен кај @velestrumf за звучна изолација на Лансерот.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Викендов ако не послужи времето со Tome-Kolt ќе ја завршиме работата.

Ќе се обидам да ја сликам постапката и да направам мерења на звукот внатре пред и после зафатот.

Море у три слоја ќе и стаам изолација да биде тишина внатре, сандук за длабко замрзнување.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Муабет на место. Паметна идеја. Секоја чест. Наполно те поддржувам. Со среќа.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #62 на: 05 Февруари 2015, 15:42:26 pm »
Дечки ми треба едно мислење од вас.

Сакам да и земам 16" бандаши на Фиестата заедно со летни гуми. 15" што ги имам моментално ќе ги оставам на зимни гуми.

Е сега за 16" имам две понуди и двете ќе идат со гуми 205/45/16

Првиот бандаш е OZ Universe


Вториот бандаш е Alessio F1


Што мислите? Имате ли некој друг предлог?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #63 на: 05 Февруари 2015, 15:55:20 pm »
Еве неколку мои предлози, кои мислам дека добро би и’ стоеле:


OZ Alleggerita HLT


Kosei K3 Formula


МАК Zenith Hyper Silver

The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Allexxander

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5834
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #64 на: 05 Февруари 2015, 15:56:17 pm »
Првиот, OZ златко :).

Отсутен Pal Zileri

  • Сијка Пиштолова
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2464
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #65 на: 05 Февруари 2015, 17:11:37 pm »
Јас сум повеќе за на Веле OZ-то. Ако може да се најдат тука во некоја сребрена варијанта би дошло одлично.
www.domitalia.mk

Замисли како би ни изгледале колите по форумов да имавме нормални 5000еур месечна плата by Deni

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #66 на: 05 Февруари 2015, 17:14:13 pm »
Чисто ете како една идеја, за било која кола...


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #67 на: 05 Февруари 2015, 17:16:55 pm »
Сите OZ варијанти што ми ги предложивте се одлични. Ова што Дени го сподели ми е некако нај топ.

Незнам дали ќе има 108/4 7zoll верзија од сите што ми ги предложивте ама ќе видам што можам да најдам.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #68 на: 05 Февруари 2015, 19:26:45 pm »
До сега немам видено OZ Alleggerita кај нас, ти имаш прилика да бидеш првиот. :)

Отсутен Drive-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7476
  • FB Vlecna Suzba Niko-m
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #69 на: 05 Февруари 2015, 19:43:47 pm »
MSW 24 - Matt Black


MSW 26 - Matt Dark Titanium Full Polished


MSW 11 - Gloss Black Full Polished



Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #70 на: 05 Февруари 2015, 21:28:31 pm »
И јас сум некако за на дени опцијата, имас од нив доста избор на mobile.bg само што проблем е транспортот до Македонија, односно одењето да се земат. Иначе фиестичето ти е бомбона многу ми се свиѓа иако не сум голем љубител на 1.4 бензинци. Еве ти некои идеи од OZ  според мене што би му стоеле :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #71 на: 06 Февруари 2015, 13:03:22 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=784217

Капари ги одма!

едит: или овие............

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1001960

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16709
  • Keep it 100
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #72 на: 06 Февруари 2015, 13:20:20 pm »
Има да легнат како путер на лепче!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20626
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #73 на: 06 Февруари 2015, 13:23:39 pm »
Као паштета на тепих откако ќе ти падне лепчето :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен stapmkd

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 765
Одг: Ford Fiesta MK7 1.4 Titanium 2010
« Одговори #74 на: 06 Февруари 2015, 13:28:11 pm »
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=784217

Капари ги одма!

едит: или овие............

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1001960


prvite vika u oglasot bez grebanica bile, pa ke bidat bez grebanica koga se prefarbuvani hahahaha xD, spored mene tie vtorite so gumi se dobar deal :D