Автор Тема: HID и LED светла  (Прочитано 502618 пати)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #1440 на: 08 Февруари 2015, 11:27:47 am »
на технички ти го мерат снопот на 30 сантими од фарот.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1441 на: 08 Февруари 2015, 18:48:14 pm »
одлична јака светлина. доста бело.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #1442 на: 08 Февруари 2015, 23:59:07 pm »
Можеби на Веле не удираат толку приметно како на други коли но сепак, ксенон не е за стандарден фар. Има зошто на Запад не е дозволено ова. Памтем, мене ужасно ми сметаат навечер кога возат, ме деконцентрираат и дефокусираат, најчесто тоа се коли со фар дизајниран од `95

Да си ми жив и здраФ. Ксенон је evil.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #1443 на: 09 Февруари 2015, 00:44:34 am »
Хоризонталниот домет на светлата не е проблем ако се добро нивелирани и снопот е добар. Баш напротив - затоа се ставаат подобри сијалици (или ксенон). Повторно, не гледам потреба од спуштање.

Епа ја кажувам дека според 4 тестирања у различни установи наменети за технички преглед на возила, светлата се сосема во ред и наштелувани како што треба, а од друга страна, скоро при секое искачање на отворен пат, ми блендаат од спротивната страна, па затоа ги спуштам еден степен.

А тоа значи дека и покрај 4-те различни мерења, снопот на светлината од ксенонот не е во рамките на она што е правилно. Можеби на растојанието (2-3 метри, или колку и да е) на кое се тестира снопот светлината си е во ред, односно онаа која „бега“ не се забележува, ама на поголемо растојание смета.

Како и да е, и јас размислував за ксенонче, али 4300к. Сега веќе.. Што знам.
Зошто би се "извештерил" снопот после извесно растојание? Светлина не патува праволиниски?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #1444 на: 09 Февруари 2015, 08:01:49 am »
Зошто би се "извештерил" снопот после извесно растојание? Светлина не патува праволиниски?

Погледни ги спектрумите на двата. И сега кога ќе ставиш извор на светлина со спектар како ксенонот и извор на светлина сфера, на рефлектор дизајниран за спектар за халоген и извор на светлина жичка. Итс гонна би месси. Вери месси.

Ксенон


Халоген
« Последно менување: 09 Февруари 2015, 08:08:16 am Luki Junior »
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #1445 на: 09 Февруари 2015, 09:04:51 am »
Значи според ова, ако фарот е со рефлектирачка капа и сијалицата ксенон, можно е на 30ина сантими од фарот да биде во ред, а на 300 м од фарот да не е? Не ми е јасно како и зашто... Ако рефлектирачката капа не е менувана или модифицирана на било кој начин, тогаш зошто со халогенка да нема проблем, а со ксенон да се извештерува?

Ете на пример, тие пиковите на првиот график поради што се појавуваат? Колку што разбирам, тие се некои моменти на прејака силина на светлото, при поголема бранова должина не?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #1446 на: 09 Февруари 2015, 09:36:36 am »
Значи според ова, ако фарот е со рефлектирачка капа и сијалицата ксенон, можно е на 30ина сантими од фарот да биде во ред, а на 300 м од фарот да не е? Не ми е јасно како и зашто... Ако рефлектирачката капа не е менувана или модифицирана на било кој начин, тогаш зошто со халогенка да нема проблем, а со ксенон да се извештерува?

Ете на пример, тие пиковите на првиот график поради што се појавуваат? Колку што разбирам, тие се некои моменти на прејака силина на светлото, при поголема бранова должина не?

Овие пикови се всушност видлива светлина, кои ги нема кај халогените, и како таква има различни рефлективни карактеристики (ем рефлектира повеќе, ем во различни насоки). За да свети добро ксенонот добро, треба нешто да го фокусира (лупа/леќа). Да речеме, ако ставиш обична халоген сијалица на лупа дизајнирана за ксенон, ќе свети како точка. Најголемиот квази пласибо ефект кај ксенонот е, дека демек произведува повеќе светлина. Затоа што во рефлекторен фар таа светлина не е насочена. Но, реално, ќе ги осветлуваш дрвата по патиштата, а не коловозот. Халогенот изгледа послаб, произведува помалку светлина, но е далеку поефективен во фар дизајниран за него.
 
Накратко, рефлекторот во фарот со халоген е направен да насочи определен спектар на светлина во одредена точка на патот (дали е конус, круг, правоаголник, трапез). Но, кога ќе ставиш ксенон, рефлекторниот фар си ја задржува формата. НО, е многу поголем. Затоа, кога ставиш ксенон на рефлекторен фар светат насекаде и заслепуваат.

“Жолтата“ светлина всушност има многу пониска фреквенција и ги нема истите карактеристки за одбивање/рефлектирање. Затоа никаде нема светла за магла со ксенон. Затоа што “жолтите“ светла ја пронижуваат маглата (која реално е водена прашина), без да се одбиваат од неа. Кој има ксенон, може да тестира во темно. Пушти ксенонот, земи ВАП, прави водена прашина и гледај.

Единствено, полуприфатливо е, ако рефлекторниот фар е кристален (то ест, светлината не се прекршува од стаклото на фарот, а од самиот рефлектор внатре). Тоа можеби и може да се наштелува. Ама ако самата пластика на фарот е дизајнирана да ја прекршува и халогената светлина (кај постарите светла), ксенонска сијалица на таков фар е еднаква на оружје за масовно ослепување.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Што купивте или сакате да си купите за вашите автомобили
« Одговори #1447 на: 09 Февруари 2015, 10:05:11 am »
Кај мене е чист фарот, не е профилиран:



Еве го во магла како свети:



Дали накнадно ставање на лупи би ги корегирале извештерените делови од спектарот?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1448 на: 09 Февруари 2015, 10:23:10 am »
@Luki: Одличен, информативен и крајно корисен пост! Тенкју! Јас бидејќи не се разбирам толку, лаички ќе кажев „можеби на дистанцата на која се мери снопот не се забележуваат проблеми, но на поголеми растојанија (50+ метри, рецимо) ги има“, ама ти конкретно ги објасни работите.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1449 на: 09 Февруари 2015, 10:26:31 am »
Кај мене е чист фарот, не е профилиран:
Еве го во магла како свети:
Дали накнадно ставање на лупи би ги корегирале извештерените делови од спектарот?
Погледни на уличната само до каде ти оди дел од светлината (кажи речи во висината дрвото од левата страна). Оваа светлина директно оди во очите на тој одспротивната страна.

Би требало. Само не знам дали самиот рефлектор за халоген и ксенон е исти кај Лансерот. Кај бмв е46 на пример, се продава афтер маркет само сет лупи, кои доста добро работат со рефлекторите за халоген.
Но, за да биде комплетно како оригинален  ксенон, ти требаат и сензори за нивелација на самите виљушки за  автоматско спуштање подигање на самиот сноп (кога возиш на угорница да не ги ослепуваш другите), и систем за миење.

Друго, зошто левиот и десниот ти се на исто ниво? Треба ли да е така? Кај мене, левиот е секогаш пократок и спуштен, а десниот е повисок и посилен.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1450 на: 09 Февруари 2015, 10:31:18 am »
Не се на исто ниво... Десниот осветлува на подолго растојание за разлика од левиот. Рачунај дека сликава е мање-више апроксимација со многу „шум“, пошто возам и сликам, у сред магла у ноќе :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1451 на: 09 Февруари 2015, 10:55:16 am »
Зошто би се "извештерил" снопот после извесно растојание? Светлина не патува праволиниски?

Погледни ги спектрумите на двата. И сега кога ќе ставиш извор на светлина со спектар како ксенонот и извор на светлина сфера, на рефлектор дизајниран за спектар за халоген и извор на светлина жичка. Итс гонна би месси. Вери месси.

Ксенон
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Халоген
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Зошто има врска спектарот на зрачење со огледалото? Или меси? Да речеше дека формата на изворот е различна во ред, но конкретно за спектарот нема никаква допирна точка со пречењето. Ми се чини дека или не си разбрал нешто, или не си пренел тука нешто.

Меѓутоа спектарот на зрачење нема допирна точка со снопот на светлина кој произлегува од фарот. Ова е важно да се знае. Има работи кои го менуваат снопот на ваков или онаков начин, но спектарот на зрачење не спаѓа во нив. Сите фрекфенции во видливата светлина кои ги зрачи изворот ќе бидат рефлектирани од страна на рефлекторот, согласно тоа нема промена во снопот без разлика дали се работи за дискретен спектар или континуиран спектар, и разликата во поставеноста на спектарот во однос на оската. Рефлекторот не прави разлика дали фотонот доаѓа со 600nm бранова должина или со 900nm бранова должина. Не само што не прави разлика меѓу нив, туку не прави разлика и ако брановата должина е 2000nm и 300nm, тој пак ќе ги рефлектира исто и двете.

П.С. Да напоменам зборувам за рефлекторски фар. За фар со профилирано стакло не зборувам во моментов.
« Последно менување: 09 Февруари 2015, 11:08:18 am Deni »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1452 на: 09 Февруари 2015, 11:08:48 am »

Зошто има врска спектарот на зрачење со огледалото?

Кај огледалото нема врска, ама кај леќите има, тоа е уште една причина зошто и леќите треба да бидат соодветни за ксенон.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1453 на: 09 Февруари 2015, 11:10:39 am »

Зошто има врска спектарот на зрачење со огледалото?

Кај огледалото нема врска, ама кај леќите има, тоа е уште една причина зошто и леќите треба да бидат соодветни за ксенон.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Зборуваме за рефлекторски фарови кои немаат лупи.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: HID и LED светла
« Одговори #1454 на: 09 Февруари 2015, 11:33:42 am »
......

Заборавив да спомнам дека самото човечко око различно восприема светлина со различен спектар на зрачење. Ксенонот има поголема бранова должина, произведува повеќе светлина, и како таква кога се стави во фар кој рефлектира несоодветен извор на енергија.

Воопшто не ја исклучувам можноста и да сум грешка  ;D ;D ;D.  (најозбилно)

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.