Сигурно сите знаете по некоја малку позната ствар за некоја кола.
Рецимо..
- Задните светла на Shelby GT500 биле ќарени од Mercury Cougar или Ford Thunderbird.
- Задните светла на Morgan Aero X се од Lancia Thesis, предните се од Mini.
- Предните светла на Lamborghini Diablo (не тие што искачаат нагоре него фиксните) се од Nissan 300ZX.
- Invicta S1 има задни светла од Passat.
- Љубимецот на Стратро, Shelby SST има предни фарови од Ford Focus.
- Задните светла на Jaguar XJ220 мислам дека се од некој Ровер.
- Единствениот дел кај WRC Ford Focus кој е директно преземен од сериското возило е дел од механизмот за отварање прозор.
- Енцо Ферари го гледал бизнисот со коли као извор на пари да продолжи да се трка.
- Хорацио Пагани носи два саати на рака. Еден е по италијанско време, другиот по аргентинско (човекот е од Аргентина). Објаснувањето е дека сака секогаш лесно да знае колку е саат во Аргентина, за да може да му се јави на татко му.
- Истиот човек, Murat Gunak, го има дизајниранот Peugeot 206 CC и Volkswagen Golf 5.
- Дел од просторот за издув на McLaren F1 е обвиен со злато за изолација.
- Бил Гејтс има Porsche 959.
Сигурно ќе ми текне уште нешто..