Дечки, почнавте да терате агресивно, и непотребно да почнувате да се вреѓате.
1. Сељак е state of mind. Може човек и од Скопје да биде, и да биде сељак до јаја. Може и од Македонска Каменица да биде, и да биде најкултурен, образован и фин човек во свет (не знам зашто Македонска Каменица, едноставно името ми е хит).
2. Да кажеме дека Скопје е усрано ради провинцијалци не е фер. Знам мал милион луѓе дојдени од други градови, што се многу фини и културни. Забелешка: Никогаш нема да го разберам локал-патриотизмот. Знам за дечко што живее во Скопје 10 години, и е многу фин и културен. Али уште цепа Охридски, за инат.
3. Не претерувајте. Скопје е усрано ради милион работи. Сељаци, несоодветна инфраструктура, недоволно култура, итн.
4. Ние Скопјаните скоро по дефиниција патиме од тој факт дека сме од тука. Имаме некој комплекс дека сме подобри од сите други, а реалноста е дека сме апсолутно исти. Дури, можам да кажам дека секогаш кога сум бил надвор од Скопје, секаде ме примиле одлично, гостопримливо и топло, а во Скопјево се тепаме ради тоа од која населба сме.
Е сега, другиот момент - апсолутно се слагам дека голем процент (ајде, нека не биде 100%) од луѓето што доаѓаат тука на факултет, имаат цел да останат тука. Да се оженат/омажат, итн, и да најдат работа, затоа што во градот од кој што потекнуваат едноставно нема работа. Можам да го разберам тоа. Ама не мора сите да живеат во строг центар, и би ги замолил навиките на однесување кои ги носат од својот град, а не одговараат во Скопје, да си ги остават таму. Имав колега Битолчанец, што во секој можен момент сереше дека „Скопје смрдело, било гнасно, било овакво, било онакво“. Во еден момент, ми пукна филм, му се развикав, и го прашав „Па добро бе Битолчанец, ако толку не ти е добро тука, ако Скопје толку смрди, што к*р не си се вратиш во Битола? - Еее, ама тамо работа немет! - Епа, ако немет, ќути и работи еб*те беља!“.
Ти се восхитувам на размислувањето и погледите кои ги имаш кон оваа тема ....
Поголемиот дел во темава велат дека сељаците од страна се криви за сообраќајките ...
Мислам баш напротив. Зборувам за себе. Од Куманово сум, но кога и да возам низ Скопје, секогаш сум екстра внимателен ...
Премногу е различно за возење во Куманово и Скопје, погуст сообраќај, недоволно познавање на улици итн ...
Сте се запрашале колку луѓе кои живеат во Скопје прават сообраќајки? Колку пати сте возеле низ Скопје со двојно од пропишана брзина?
Како што кажа Зиро, секој мисли дека градот во кој што живее е најдобар, луѓето се најзакон и шоферите се најисправни ...
Мислам дека сообраќајната (НЕ)култура е главната детерминанта за големиот дел на сообраќајките, а не фактот кој од каде потекнува ...
Кога на цела оваа некултура ке додадеш густ сообраќај, неадекватно инфраструктурно решение, се добива бројка на сообраќајни несреќи кои се загрижувачки ...
Построги критериуми при полагање, построго казнување на тазе шофери при прекршоци кои директно ја загрозуваат безбедноста на учесниците во сообраќајот, неселективно казнување(Рики за тебе ова не важи, пошто си член на Carclub), построги казни за мајсторите кои поминуваат на црвено, за оние што мислат дека е нормално на Партизанска да се вози со 140 ...