Автор Тема: Манијаци се движат низ Скопје!  (Прочитано 20714 пати)

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1317
Манијаци се движат низ Скопје!
« на: 30 Мај 2011, 08:15:04 am »
Истражувањето на ВЕЧЕР открива шокантни податоци. Иако сме мал град и иако сме божем сиромашна држава, со помалку возила од богатите европски градови, во Скопје годишно се случуваат над 2.000 судири на моторни возила или секој месец по 160 судири само во Скопје! Тоа е она што е евидентирано со забележителни материјални штети, повреди или смртни случаи. Другото не се ни брои

Во тие сообраќајки, просечно, во Скопје на самото место гинат меѓу 55 и 60 луѓе годишно. Тоа е речиси еднакво на бројот на загинати полицајци и војници во војната од 2001 година, и тоа на територијата на цела Македонија. Инаку, на подрачјето на цела држава годишно само од сообраќајки и тоа на лице место или непосредно потоа животот го губат од 180 до 200 лица.
За Македонија, особено за Скопје, возачите се поопасни од терористите.

Ако се земе предвид дека во Скопје се евидентираат само сообраќајки сторени во градски услови, каде што сепак се вози побавно и сообраќајот е главно регулиран со семафори и сообраќајни знаци, бројката од 60 жртви секој месец е нешто што се граничи со манијакалност. Кога полицијата се обидува да воведе посторог критерум кон возачи кои возат премногу брзо, особено оние кои поминуваат на црвено и возат пијани, како по договор низ Скопје се создава отпор кон полицијата, и нема разбирање за полициската строгост. А тоа е опасна навика.

Полицијата имаше силна медиумска кампања за поттикнување на свеста на возачите да се постави ред во сообраќајот и бројките се намалија: од 6254 сообраќајки во 2009 година, веќе во наредната 2010 бројката падна на 4.485. Од 2157 потешко повредени лица во сообраќајки низ Скопје во 2009 година, во 2010 бројот се спушти на 1934.

Во сообраќајките е направена материјална штета од безмалку 2 милиони евра!
Можеби вие возите умерено и се придржувате кон прописите, но вашите блиски се или пешаци или возат велосипеди... нема да настрадаат од вас или сличните на вас, туку од некој од манијаците кои мислат дека се им е дозволено, или не се подготвени својот провинциско-рурален менталитет да го прилагодат на голем град. Да покажат дека не почитуваат ниту една сила, освен силата на своите потреби и манијачења.

Во анализата на сообраќајките од оваа година само во првите 4 месеци од годинава во Скопје има 516 повредени пешаци (од кои 134 деца), плус 913 повредени сопатници! Ако се знае дека во истите сообраќајки се повредени 864 возачи, тогаш е шокатно дека совозачите, ни криви ни должни, настрадале најмногу во скопските сообраќајки, а единствената вина им е што седеле во исто време и на исто место со манијаците и нивните жртви од другата страна на сообраќајката.
Од вкупниот број загинати во сообраќајките годинава, само за 4 месци, загинале дури 12 совозачи!

Патем, возачите гинеле помалку, 11 лица. Ако се земе дека возач има секогаш, а совозач во возило кое имало судир некогаш има, а некогаш нема, убедливо најчести жртви на сообраќајките низ Скопје се совозачите и пешаците. Имено, и кај пешаците бројот на загинати е еднаков на тој на совозачите, а од нив годинава загинале 12 лица.

При ова потешко се повредени 27 возачи на мотори и мопеди, плус 72 возачи на велисипеди. Загинале двајца на велосипед и тројца на мотор.

Манијачка слика, нема што. И тука нема невини и наивни. Нема дека некој друг е виновен. Или, дека јас и кога сум пешак, и кога возам сум пристоен, ама другите се за никаде. Нека се преиспита секој колку пати, само оваа недела, не преминал улица на пешачки премин, паркирал на недозволено место кое, многу често, создава проблеми за движење на пешаците или им го затвора видикот на возачите. Сетете се колку пати сте возеле низ град побрзо од 80 километри на час, колку пати сте се залетале на последната секунда на семафор, а често и секунда потоа... најпосле, и да сте невини како од мајка родени. Колку пати сте му префрлиле на некој што се однесува манијачки во сообраќајот, и за ваше и за негово добро. Да не заборавиме, годинава најголем број од загинатите во сообраќајките не се возачите, туку тие до нив, сопатници во возилата.

Во графиката која ја следи темата на денот, ќе видите кои се црните точки во Скопје, податоци за манијаците кои се движат низ главниот град и нивните жртви.

извор:http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=B05F6A43A0A380468DD39ECAE31EC98D
« Последно менување: 30 Мај 2011, 08:16:46 am maci »
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #1 на: 30 Мај 2011, 09:48:57 am »
Колку пати сте му префрлиле на некој што се однесува манијачки во сообраќајот, и за ваше и за негово добро.
Нема шанса да се сетам колу пати. Многу.... многу....

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #2 на: 30 Мај 2011, 09:50:14 am »
Иначе кога го прочитав насловот дека Манијаци се движеле низ Скопје.... не знам зошто али смешно ми падна и веднаш помислив на.... ај погодете кој! Првите тројца што ќе погодат добиваат пиво исто како и тој што ќе го погодат.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #3 на: 30 Мај 2011, 11:09:01 am »
Не е до манијаци, тоа е нормална појава во еден автомобилски свет. А на тоа велосипедистите што возат покрај патот СЕКОГАШ, што ми е гајле ако загинале? Па да ги жалам да не треба? Секогаш се на улица и секогаш се плеткаат дали меѓу колите, дали меѓу пешаците (дека нели се најпаметни). И ако го согазам како куче што претрчува, јас сум крив? Како не, тој е крив. Мрш.

А за брзото возење да не заборавиме дека 65кмч на Партизанска, Илинденска, Словенија - се смета за брзо возење. А ако некој каже дека не возел двојно повеќе од дозвоелното на овие улици лаже-суши. Ама тоа е.

А под дејство на алкохол, не е битно? Тоа се манијаците, а не кутрите луѓе што сакаат да стигнат дома - уморни. Тоа треба да се здроби од казнување, ама ретко тоа. Ај се ближи лето, ваљда ќе испофаќаат пијаници што повеќе, мамата...

@Falanga дали мислеше на “Су__„?

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #4 на: 30 Мај 2011, 11:14:14 am »

И јас возам така, барем мене пази да не ме утепаш :):):)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #5 на: 30 Мај 2011, 11:52:35 am »
И ја се слагам со Дени. Аман од велосипедисти што возат по улица. Има велосипедски патеки, и има патека покрај кеј. Неам ништо против возење точак, на крају краева, и ја сакам да возам точак. Ама низ градов е хаос, а после тој што вози кола е крив пошто фраерот на точакот решил на среде улица да си игра чикен.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #6 на: 30 Мај 2011, 12:36:25 pm »
И мене ме нервираат овие со точациве, на неколку пати отварам прозор и им се дерам да се качат на тротоар, ама што да прават кај што има коли на тротоар, тука е проблемот кај нас, ќе сесимнат на улица и возат после цело време така. Мислам имам јас и мајка и скоро жена што возат точак и секојдневно се нервирам со овие работи, 10000000 пати сум им кажал да невозат на улица ама џабе за тие што незнаат тоа како изгледа од возачката страна. Мене ми се имаслучено дрво пијан чика со точак поминува на пешачки јас застанувам тој пак да се качи на точакот со една  нога и оп оп оп на кола ми падна, стана и вика што ме удри, среа еден дечко со џип беше во близина искочи и ќего заакаше за малце.

Иначе на партизанска кај комерцијална банка за малце ќе ме казнеа зашто подзастанав на улица со 4 жмигавци, под разлог дека исто како и другите требало да се качам на тротоар, сакав да му кажам да го земе на усни и дома да си иде ама не иде така работата тој муабет пари ќе ме кошта, затоа ќутенката и поминав некако.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #7 на: 30 Мај 2011, 12:39:01 pm »
И мене ме нервираат овие со точациве, на неколку пати отварам прозор и им се дерам да се качат на тротоар, ама што да прават кај што има коли на тротоар, тука е проблемот кај нас, ќе сесимнат на улица и возат после цело време така. Мислам имам јас и мајка и скоро жена што возат точак и секојдневно се нервирам со овие работи, 10000000 пати сум им кажал да невозат на улица ама џабе за тие што незнаат тоа како изгледа од возачката страна. Мене ми се имаслучено дрво пијан чика со точак поминува на пешачки јас застанувам тој пак да се качи на точакот со една  нога и оп оп оп на кола ми падна, стана и вика што ме удри, среа еден дечко со џип беше во близина искочи и ќего заакаше за малце.

Иначе на партизанска кај комерцијална банка за малце ќе ме казнеа зашто подзастанав на улица со 4 жмигавци, под разлог дека исто како и другите требало да се качам на тротоар, сакав да му кажам да го земе на усни и дома да си иде ама не иде така работата тој муабет пари ќе ме кошта, затоа ќутенката и поминав некако.

 ;D ;D ;D :D :D :D ;D ;D ;D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #8 на: 30 Мај 2011, 12:40:14 pm »

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #9 на: 30 Мај 2011, 15:24:08 pm »
Сите сме возачи, пешаци и слично...
Ке речам само да не чува Господ ! Колку и да внимаваме, може друг да не внимава и тоа е тоа...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #10 на: 30 Мај 2011, 15:25:04 pm »
Но ако сите колективно внимаваме....... тоа никогаш нема да се случи!

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #11 на: 30 Мај 2011, 15:50:02 pm »
Ја не знам колку вие возите велосипед, али пошто јас секојдневно возам на долги релации ке ви објаснам зошто возиме најчесто по улица. Тротоарите се или мали или блокирани од паркирани возила, а и пешаците одат како да е нивен цел тротар, што значи дека не можеш да одруваш темпо и брзо да возиш ако не си на улица. И јас порано вака како вас сум зборел за велосипедистите дур не сум се ставил во нивна кожа.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #12 на: 30 Мај 2011, 17:40:41 pm »
Ја не знам колку вие возите велосипед, али пошто јас секојдневно возам на долги релации ке ви објаснам зошто возиме најчесто по улица. Тротоарите се или мали или блокирани од паркирани возила, а и пешаците одат како да е нивен цел тротар, што значи дека не можеш да одруваш темпо и брзо да возиш ако не си на улица. И јас порано вака како вас сум зборел за велосипедистите дур не сум се ставил во нивна кожа.
А колите ако почнат да возат како да е цела улица нивна!? Да не фермаат жива сила? Ако се подлизнеш и МИ ПАДНЕШ под тркало со главата и ти ја смачкам како лубеница, и на душа да те носам треба? После треба да ја тужам цела фамилија на велосипедистот за претрпен шок, и да ми плаќаат до крајот на животот.
Си има институции за жалење во државата, си има решенија. Најлесно е да се симнеш како плебеец на улица и да возиш како дебил. Тоа е најлесно. Ама не се жалете ако ве обере некој како зрел бостан.
Јас не велам за возење од страната каде што нема место. Јас велам дека пред Палас се вози точак на улица, на новата илинденска се вози точак на улица, на Партизанска се вози точак по улица. И многу други. Сите овие улици имаат дупли тротоари! Посебно за пешаци, посебно за точаци, и посебно за коли. Кој к*р на улица возат стоката племенска необразована, таму!?
Јас не фермам, ако бутнам - бутнам. Ќе се тужиме, ќе се тепаме... Тоа е. Кога се нема мозок.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29674
    • CARclub.mk
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #13 на: 30 Мај 2011, 17:53:44 pm »
Апсолутно се слагам со Дени. Во ист кош ги ставам и талентите што одат по улица наместо по тротоар, што проаѓаат улица дијагонално, и што ќе пројдат улица, па одат по средина (рецимо на Партизанска пред да ги стават тие ретардираните жардињери на средина).

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Манијаци се движат низ Скопје!
« Одговори #14 на: 30 Мај 2011, 17:56:29 pm »
Така е, точаците треба да возат исклучиво по велосипедска патека, а не по улица или тротоар. Еднаш една свиња дебела засилена со точак, уште влечеше некого на ролери го учука отпозади син ми на тротоар - ја мислев готов е ... Гледам крвав целиот одма го зеде жена ми у најблиската продавница да го замие да види што му е-како му е... Тој ме гледа со точакот, изгледа од очи ми прочита дека „ќе го лежам“ уште извини ми вика. Како што шетам наоружан (тетоец:)), имаше среќа што жена ми ме спречи за да не одговарам како за човек. Да не ги спомнувам и тие со моторчињата што летаат по тротоарите. А бе луѓе, ете ви велосипедски патеки, па кршите глава таму - имало коли паркирани, незнам, па тоа не е разлог на другите да им сметате на другите, мајку му ...! Идиотизам .