Значи, вака.. Од денес започнувам еден новитет тука на CARclub - за возилата кои ги возам, ќе пишувам тестови, кои сите ќе можете да ги прочитате. Не сите возила што ги возам завршуваат со тест објавен во Авто+, па ова е шанса малку повеќе да позборувам за нив.
Имајте во предвид дека се ова мои лични ставови, и дека сигурно многумина од вас нема да се сложат со мене.
Епа, да почнам. Денес на тест го добив новиот Citroen C4, придвижуван од 1.6 литарски HDi мотор со 90 коњски сили. Не ја знам точната бројка на вртежен момент, но првичните импресии од моторчето се навистина добри. Далеку е од експлозивен како 2.0 литарскиот TDCI со 150 коњски сили кој го возев во Focus пред 10-тина дена, но како просечен мотор, сосема добро се носи со каросеријата.
Моделот кој го имам е со основно на опрема, што значи обични седишта, и (за жал), гумен волан. Ама има електрика на предните прозорци (не на сите, како што мислев), клима, централна брава, бандажи, електрични ретровизори и уште некои тракатанци. Во глобала, оноа што навистина треба. Ми фали кожен волан, ама ајде.
Кога е наместено за мене (а јас не сум нешто особено висока особа), на задната клупа има сосема доволно место. Позади малку исправено се седи, меѓутоа претпоставувам дека е ствар на навика. Има и доволно голем багажник (на прв поглед). Колку е точно во литри, не знам, ќе проверам.
Сега за сега не сум имал шанса да го провозам како што треба. Ако ме послужи времето утре и биде суво, ќе го пробам во различни услови па ќе прокоментирам подетално. Оноа што веднаш ми остави одличен впечаток се одличните кочници. Завршната обработка и материјалите во ентериерот се светлосни години пред предходникот. Не се на истото ниво со Голф и Фокус (кои се барем за мене репер во класата), ама се добри, и меки на допир.
Повеќе импресии и фотки (ако стигнам да сликам, а неам опрема ко Дени и Велештрумф) во текот на утрешниот ден.
Импресии после возење #1 - Возење низ град и по обиколница.Првичното мислење за моторот само се потврди. Моторчето е одлично. Иако на хартија е 90 коња, во реално возење се чувствува како да има поголема моќност. Моторот работи МНОГУ тивко и рафинирано. Нема никакви несакани вибрации нити бучава - а моторчето има само 320 километри поминато, уште не е ни отворено како што треба. Во движење е стварно тивок, а во лер скоро и да не се слуша. Одлична работа!
Новава генерација C4 е далеку, далеку пред својот претходник кога станува збор за изолација и комоција. Сите дупки и нерамнини ги абсорбира одлично - и во кабината скоро и да не се пренесува ништо. Во внатрешноста и при поголеми брзини (~180 км/ч) може лесно да се прави муабет. Сепак, при брзини поголеми од 110-120 км/ч се слуша „цвилење“ од кај ретровизорите. Значителен промашај.
Воланот е прецизен, али не доволно директен. Сепак, возилото е ориентирано кон комоција, па можам да го разберам. Ергономијата не е на исто ниво како со германците, ама доволно е добра. Контролите се воглавно јасни, иако пак има еден тон копчиња на централната конзола. Ќе прочепкам поубаво на раат, па ќе дадам поконкретно мислење. Движењето на педалите е добро, менувачот е сеуште мање-више истиот со претходниот C4. Прецизен, али со шашав и нееднаков од.
Ако некој има некое специфично прашање што го интересира, ќе се обидам да го одговорам.