Автор Тема: CARclub Тест: Citroen C4 1.6 HDI 90  (Прочитано 5572 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Citroen C4 1.6 HDI 90
« на: 23 Мај 2011, 17:22:01 pm »
Значи, вака.. Од денес започнувам еден новитет тука на CARclub - за возилата кои ги возам, ќе пишувам тестови, кои сите ќе можете да ги прочитате. Не сите возила што ги возам завршуваат со тест објавен во Авто+, па ова е шанса малку повеќе да позборувам за нив.

Имајте во предвид дека се ова мои лични ставови, и дека сигурно многумина од вас нема да се сложат со мене.

Епа, да почнам. Денес на тест го добив новиот Citroen C4, придвижуван од 1.6 литарски HDi мотор со 90 коњски сили. Не ја знам точната бројка на вртежен момент, но првичните импресии од моторчето се навистина добри. Далеку е од експлозивен како 2.0 литарскиот TDCI со 150 коњски сили кој го возев во Focus пред 10-тина дена, но како просечен мотор, сосема добро се носи со каросеријата.

Моделот кој го имам е со основно на опрема, што значи обични седишта, и (за жал), гумен волан. Ама има електрика на предните прозорци (не на сите, како што мислев), клима, централна брава, бандажи, електрични ретровизори и уште некои тракатанци. Во глобала, оноа што навистина треба. Ми фали кожен волан, ама ајде.

Кога е наместено за мене (а јас не сум нешто особено висока особа), на задната клупа има сосема доволно место. Позади малку исправено се седи, меѓутоа претпоставувам дека е ствар на навика. Има и доволно голем багажник (на прв поглед). Колку е точно во литри, не знам, ќе проверам.

Сега за сега не сум имал шанса да го провозам како што треба. Ако ме послужи времето утре и биде суво, ќе го пробам во различни услови па ќе прокоментирам подетално. Оноа што веднаш ми остави одличен впечаток се одличните кочници. Завршната обработка и материјалите во ентериерот се светлосни години пред предходникот. Не се на истото ниво со Голф и Фокус (кои се барем за мене репер во класата), ама се добри, и меки на допир.

Повеќе импресии и фотки (ако стигнам да сликам, а неам опрема ко Дени и Велештрумф) во текот на утрешниот ден.

Импресии после возење #1 - Возење низ град и по обиколница.

Првичното мислење за моторот само се потврди. Моторчето е одлично. Иако на хартија е 90 коња, во реално возење се чувствува како да има поголема моќност. Моторот работи МНОГУ тивко и рафинирано. Нема никакви несакани вибрации нити бучава - а моторчето има само 320 километри поминато, уште не е ни отворено како што треба. Во движење е стварно тивок, а во лер скоро и да не се слуша. Одлична работа!

Новава генерација C4 е далеку, далеку пред својот претходник кога станува збор за изолација и комоција. Сите дупки и нерамнини ги абсорбира одлично - и во кабината скоро и да не се пренесува ништо. Во внатрешноста и при поголеми брзини (~180 км/ч) може лесно да се прави муабет. Сепак, при брзини поголеми од 110-120 км/ч се слуша „цвилење“ од кај ретровизорите. Значителен промашај.

Воланот е прецизен, али не доволно директен. Сепак, возилото е ориентирано кон комоција, па можам да го разберам. Ергономијата не е на исто ниво како со германците, ама доволно е добра. Контролите се воглавно јасни, иако пак има еден тон копчиња на централната конзола. Ќе прочепкам поубаво на раат, па ќе дадам поконкретно мислење. Движењето на педалите е добро, менувачот е сеуште мање-више истиот со претходниот C4. Прецизен, али со шашав и нееднаков од.

Ако некој има некое специфично прашање што го интересира, ќе се обидам да го одговорам. :)
« Последно менување: 24 Мај 2011, 14:05:30 pm zeroSignal »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #1 на: 23 Мај 2011, 18:20:30 pm »
1. Menjacot kakov e? Vo stariot bese tapa, neprecizen so nedefiniran od.
2. Udobnosta kakva e? Stariot bese daskare koj tropa na sekoja linija od patot.
3. Upravlivosta? Stariot voopsto ne bese dinamicen iako bese pretvrd.
4. Dizel motorot se slusa li vo ler? Kolku trosi? Vpecatoci za motorot?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #2 на: 23 Мај 2011, 22:49:24 pm »
И да, рекламите за „позитивна енергија“ се за новиот C4 ;)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #3 на: 23 Мај 2011, 22:56:33 pm »
Зеро и ти многу бараш кожен волан во основно ниво на опрема :) Сликај да видиме што ти дале, не мора да е професионално :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #4 на: 23 Мај 2011, 23:29:04 pm »
Дополнето. :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #5 на: 24 Мај 2011, 03:05:15 am »
Ево го како личи Ситроенчево...















1. Menjacot kakov e? Vo stariot bese tapa, neprecizen so nedefiniran od.
2. Udobnosta kakva e? Stariot bese daskare koj tropa na sekoja linija od patot.
3. Upravlivosta? Stariot voopsto ne bese dinamicen iako bese pretvrd.
4. Dizel motorot se slusa li vo ler? Kolku trosi? Vpecatoci za motorot?

1. Мене не ми се свиѓа... Не дека е премногу лош, ама втора и петта треба да ги бркаш по комшии, а такво нешто е недозволиво кај ново возило;
2. Поприлично удобно... Убаво упива и амортизира нерамнини, ретко што стигнува „до кичма“ :)
3. Така-така... Мене лично позицијата на воланот не ми се свиѓаше, поради чудната наваленост (tilt). Ова, под рака со високото седење, малце го доловува ефектот на „комбе“. Инаку, недоволно директен, као да има некој празен од, доволно прецизен (ко за француз :)), и без речиси никаков фидбек од подлогата.
4. Моторот му е дефинитивно хајлајт! Ептен пријатно изненадување, и од поглед на моќноста и начинот на ослободување на истата, и од поглед на култивираност, бучност итн... Прекрасен мотор!
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #6 на: 24 Мај 2011, 03:28:50 am »
Имам осет дека ентериерот е лудница. Имаш уште слики од ентериерот ноќе?

Одлична фотосесија, продолжете. Полека полека се комплетираат сите содржини што треба еден автофорум да ги содржи :) Great job!

Отсутен Sportex

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7879
  • Иштван Беќар Пецарош
    • camouflage.mk
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #7 на: 24 Мај 2011, 10:34:36 am »
Кажи кога пак ќе се возикаш ако не дојдам еве те ...сакам да видам што напраиле...пошто претходниот го терав година и кусур.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #8 на: 24 Мај 2011, 10:44:36 am »

1. Мене не ми се свиѓа... Не дека е премногу лош, ама втора и петта треба да ги бркаш по комшии, а такво нешто е недозволиво кај ново возило;
2. Поприлично удобно... Убаво упива и амортизира нерамнини, ретко што стигнува „до кичма“ :)
3. Така-така... Мене лично позицијата на воланот не ми се свиѓаше, поради чудната наваленост (tilt). Ова, под рака со високото седење, малце го доловува ефектот на „комбе“. Инаку, недоволно директен, као да има некој празен од, доволно прецизен (ко за француз :)), и без речиси никаков фидбек од подлогата.
4. Моторот му е дефинитивно хајлајт! Ептен пријатно изненадување, и од поглед на моќноста и начинот на ослободување на истата, и од поглед на култивираност, бучност итн... Прекрасен мотор!

znaci gore dolu manite za citroencevo se zadrzani. A dali go zadrzaa staticniot centralen del na volanot?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #9 на: 24 Мај 2011, 11:01:48 am »
Не, има нормален волан. Јас сум малку разочаран, ми се свиѓаше стариот волан.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: CARclub Тест: Citroen C4 1.4 HDI 90
« Одговори #10 на: 24 Мај 2011, 12:20:29 pm »
Имам осет дека ентериерот е лудница. Имаш уште слики од ентериерот ноќе?

Одлична фотосесија, продолжете. Полека полека се комплетираат сите содржини што треба еден автофорум да ги содржи :) Great job!

За жал, не :(

Интериерот воопшто не е лош, квалитетно делува, и солидно изработен... За разлика што кај стариот, (мене лично) ептен (ми) делуваше некако евтино и кршливо.

Кај стариот не ми се свиѓаа инструментите на средина, и топукот на воланот што беше статичен... Сега (фала Богу) тоа не е случај.

Фала на комплименти :) Ќе пробуваме вака, кешки да иаме коли на располагање, па сеа, дали Дени или ја, некој ќе „документира“ :)

@LP: И јас би играл така... во поглед на задржувањето на мааните... ОСОБЕНО за мењачот, тоа не можам да им го разберам... Арно ама, од друга страна пак, значително е подобрен комфорот, вожњата, квалитетот, и самата изработка... Сеуште се осеќа дека е класичен француз, арно ама, драстично посозреан, во однос на минатата генерација.

@Zero: Смени литража на мотор во текстот :)
« Последно менување: 24 Мај 2011, 13:00:17 pm velestrumf »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.