Куманово е катастрофа, уште им се чудам на паметот на тие што го изгласаа предлогот една од најважните улици во градот, која ти крати скоро километар кружење низ центар, да ја направат еднонасочна, со тоа што другата лента која се користеше за сообраќај, се претвори во исцртани места за паркинг...
Подебилно нешто, здравје... Вработија партиски војничиња, кои се понашаат како шерифи, а не како некој чија генијална работна обврска се состои од внесување на табличка...
Не плаќам паркинг заради тоа што на пратена порака ми ставија канџа еднаш на голфот, и се расправав саат време со неартикулирани сељачишта, кои на крај си ја признаа грешката и ја извадија...
Сега кога на кратко имам работа, колата ја оставам на паркинг место, си вршам работа која е до 10 минути, и си идам... Не се до толку ажурни одма да ти стават канџа...
Кога треба нешто повеќе работа да терам, паркирам во уличката кај Баба Цана, или покрај едно основно училиште...
Пари на лоповиве, не им давам... Уште и си навеле дека не ми гарантираат дека колата нема да биде оштетена...