Автор Тема: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.  (Прочитано 261823 пати)

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #15 на: 13 Март 2013, 15:58:34 pm »
То е то, зато викам почнаја еден на еден да се паркират, на ништо не личи. Мене така покрај драгорот, ми го бапна ренолче 4 зад мене, идам и чекам еден сат да се врати тој неписмениот. Како се имаше залепено да нема кај да мрдаш!

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #16 на: 13 Март 2013, 16:00:16 pm »
И во Прилеп таму каде што е 30 денари паркингот во последно многу ретко се наоѓа слободно место. Во катната има место, ама то исто ќе ми дојди, барем мене, ко да сум слегол до чаршија пешки :)

Отсутен Dekio7

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2601
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #17 на: 13 Март 2013, 16:05:37 pm »
Јас во Прилеп секогаш најдувам место, улицата е долга од двете страни се остава, плус сега напраја подземна и паркинг карши кафанчето Гурман, плус улицата карши општината. Таман си е, секогаш има место.

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #18 на: 13 Март 2013, 16:29:37 pm »
Куманово е катастрофа, уште им се чудам на паметот на тие што го изгласаа предлогот една од најважните улици во градот, која ти крати скоро километар кружење низ центар, да ја направат еднонасочна, со тоа што другата лента која се користеше за сообраќај, се претвори во исцртани места за паркинг...

Подебилно нешто, здравје... Вработија партиски војничиња, кои се понашаат како шерифи, а не како некој чија генијална работна обврска се состои од внесување на табличка...

Не плаќам паркинг заради тоа што на пратена порака ми ставија канџа еднаш на голфот, и се расправав саат време со неартикулирани сељачишта, кои на крај си ја признаа грешката и ја извадија...

Сега кога на кратко имам работа, колата ја оставам на паркинг место, си вршам работа која е до 10 минути, и си идам... Не се до толку ажурни одма да ти стават канџа...

Кога треба нешто повеќе работа да терам, паркирам во уличката кај Баба Цана, или покрај едно основно училиште...

Пари на лоповиве, не им давам... Уште и си навеле дека не ми гарантираат дека колата нема да биде оштетена...

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34144
  • Таков е животот... јебига
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #19 на: 13 Март 2013, 16:53:01 pm »
А шо да прајш, кај шо има овци ќе има и волна.

Ќе си плаќаме како тоа да е најнормална работа.

Не е до овците и волната. Секаде се плаќа паркинг во централно градско подрачје. На пример во New York се плаќа $6 на час за паркинг во Менхетен. Во германија не ни смееш да возиш низ центарот на градот ако немаш платено дозвола за возење. Во Љубљана не смееш да живееш во градот ако не ти е дозволено а камо ли да паркираш. Не може било кое сељачиште да ти дојде со тракторот во центар на град и да ремети луѓе кои тука живеат и работат. Јас би рекол да се плаќа, само не толку високи давачки и паркирањето да е регулирано. Треба да се направи исто како во Германија, да треба да платиш ако сакаш да возиш низ центарот на Скопје а не си резидент или не работиш таму.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29787
    • CARclub.mk
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #20 на: 13 Март 2013, 17:06:12 pm »
1. На Скопје му требаат 2-3 ОГРОМНИ катни (сосе подземни) гаражи во близина на самиот центар - рецимо некаде околу Рамстор, со капацитет за неколку илјади возила по гаража. Овие да бидат ефтини.

2. Паркинзите што се во самиот центар (кај холидеј ин, под гтц) да бидат поскапи. Со тоа да се  мотивираат луѓето да паркираат во големите паркинзи и да го избегнуваат центарот.

3. Реално, во Скопје гравитираат стотици иљади луѓе секој ден кои не се од Скопје. Да нагласам - тие луѓе не ми сметаат, но мора да се направи нешто околу паркингот. Ја знам дека секој сака да биде фраер и да му го видат Аудито кога ќе паркира во центар, АМА, подобро е да има големи, заградени и безбедни паркинзи на влез во Скопје (Автокоманда, Аеродром, Сарај, Ѓорче) каде што овие луѓе ќе можат за симболична сума да ги остават колите, и со редовен автобус да стигнат до центар. Може да има и dedicated автобуси само за овие паркинзи.

4. Колективно ја ебаа работата со зонското паркирање. Цела општина центар е one big зонски паркинг, кој е 99% од времето полн и нема паркинг место на улица. Единствен избор е некој од поголемите паркинзи (холидеј ин, гтц) кои не се доволно блиску до сите работи. Реално, од Универзална Сала кон центар веќе нема паркинг. Ако успее да се најде место, лутрија.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #21 на: 13 Март 2013, 17:36:40 pm »
секогаш избегнувам да паркирам каде што се плаќа паркинг,зошто на некој му прднало да нацрта линии и тоа да го наплаќа не фала,ќе си најдам место

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55047
  • Махер
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #22 на: 13 Март 2013, 17:42:58 pm »
Баш така. Мочковци испомочани.

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #23 на: 13 Март 2013, 18:24:22 pm »
Плаќам паркинг кај холидеј ин пошо стварно личи на паркинг оградено сторено знам за шо плаќам, а градски паркинг и ПОЦ се права кражба, со профитот нигде не вложуваат туку само си делат плати и бонуси директорите, плус колата ти е на улица. Права кражба. Во Рамстор и Веро до 2 сата со фискална е гратис па праам комбинации.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43915
  • Il Moderatore
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #24 на: 13 Март 2013, 18:25:40 pm »
Во Скопје второто најголемо перење пари и крадење се одвива преку новите платени паркинзи и катни гаражи.

мислам дека беше од филмот Gotti кога мафиозите запрепастени од цената на паркингот викаат дека е легална кражба и дека мора да влезат у тој бизнис со паркинзи :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #25 на: 13 Март 2013, 19:39:02 pm »
Мислам дека тоа се подразбираше дека ќе биде доходовен бизнис откако се увезоа над 50.000 коли.

п.с. како и за регистрации на возила
п.с. 2 како и за потрошувачка на гориво
п.с. 3 како и за сервисите за автомобили

;D ;D ;D

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #26 на: 13 Март 2013, 19:44:01 pm »
Од мене паркинзиве до сега имаат видено ~500 денари, а не планирам тоа драстично да се промени. :)

Ако треба ќе ја паркирам 1 км од кај што треба да бидам, ама пари не им давам на лопови.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14379
  • Пудингот на шоферството
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #27 на: 13 Март 2013, 21:17:55 pm »
Стентонот уште болницата нека ја земи под концесија.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8157
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #28 на: 13 Март 2013, 22:16:43 pm »
Во Кавадарци фали малку паркинг, како и секаде.

Не би фалело паркинг кога повеќе од 70% од паркингот не би бил обележан за такси и тоа на најклучните места, до тинекс и поголемите маркети, до пазарот, до собрание итн...

На полиција не и чуе дали народ има пари за казни, кај што ќе начекаат паркирано на такси обележје, пишат одма.
Најжалосно е тоа што не е искористен цел простор обележан за такси, од самите таксисти  :-X
Пожалосно е што јас живеам во Кавадарци со Неготински таблици, а Кавадарчани и Неготинци како мачето и кучето, љубов една  :D
Но пошто јас сум селско дете, си имам манири и сум си културен и си паркирак прописно и по паркирање си ја сликам колата  8)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7340
Одг: Паркинзи / Паркинг места низ нашите градови.
« Одговори #29 на: 13 Март 2013, 23:17:54 pm »
Во Кавадарци фали малку паркинг, како и секаде.

Не би фалело паркинг кога повеќе од 70% од паркингот не би бил обележан за такси и тоа на најклучните места, до тинекс и поголемите маркети, до пазарот, до собрание итн...

На полиција не и чуе дали народ има пари за казни, кај што ќе начекаат паркирано на такси обележје, пишат одма.
Најжалосно е тоа што не е искористен цел простор обележан за такси, од самите таксисти  :-X
Пожалосно е што јас живеам во Кавадарци со Неготински таблици, а Кавадарчани и Неготинци како мачето и кучето, љубов една  :D
Но пошто јас сум селско дете, си имам манири и сум си културен и си паркирак прописно и по паркирање си ја сликам колата  8)

Добар, добар...