Автор Тема: Автомобилски Генерални Муабети  (Прочитано 476742 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1140 на: 27 Април 2015, 23:06:14 pm »
Не само од Катланово. Лично од дома не ја плакаме петровец, барем до сеа. Порано ке се исклучевме пред Петровец, преку Ржаничино и по автопат пак. Досега кај идризово, па кај петровец уклучување. Мој избор, плакаме и во регистрација за патишта, треба да имам избор по кој пат сакам да возам. Ако несакам да платам, ке возам по спореден, 80-60, мој проблем е тоа, не твој или туѓ.
А ако не знаеш, мора да има паралелен пат покрај автопатот, за ако сакаш да возиш по автопат, сакаш по споредниот. Овака ти прави тотално спопикување. Што не стават кукарки кај Катланово и готово, ја ке извлечам ливче од таму, и кај Велес ке го платам.

Или па на крај краева и онака сме 200 на 200 км држава, вињетка и решен проблем, после по што сакаш вози.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1141 на: 27 Април 2015, 23:07:47 pm »
Немој да збориш така пошто катланово не е само обично село, има бањи и бањски туризам па зашто на пример странци на поминување да не свратат, срамота е ова плус не смее да те обврзе да возиш само по автопат, секогаш мора да постои алтернатива ГЗ МАМИН ДА ИМ ИЗНАЕБАМ ПО СПИСОК НА ТОА ТЕКНУВАЛАТА ЗИНАТИ ЗА ПАРИ
А банкините кај катланово ќе ги снема до 1ви Мај  ;)

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1142 на: 27 Април 2015, 23:10:54 pm »
Најубаво е со куќарки, ама не им се вложува.

Инаку најголем проблем се камионите и тоа што полиција не смее да пише казна на камион.
Одма газдата ќе ургира во нашата чесна полиција и џандарот уште истиот ден ќе лета од работа.

Знам дека треба да има спореден пат, ама како што кажав, се злоупотребува. Кога имаш 50 знаци дека е забрането камион да се исклучи од автопатот, треба тоа и да се почитува, освен ако нема нешто работа да заврши за која е неопходно баш таму да се исклучи.

Отсутен lans

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1143 на: 01 Мај 2015, 21:28:24 pm »
napraviv search,ili nema ili jas ne znam da najdam :/
tema za runing in novo vozilo?
VW Passat 2.0TDI 2015
Skoda Fabia 1.2TSI 110PS DSG7 2016
Honda SH150i  2020

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1144 на: 07 Мај 2015, 16:16:16 pm »
Audi, премиум бренд? Или само поскап Volkswagen!

На пивото кое го имам сега до мене и кое чини 35 денари, пишува дека е премиум пиво. ПРЕМИУМ! Дали живеам луксузен живот? Или пак маркетинг дивизијата на пиварата сака да поверуваме дека евтиното пиво е премиум производ? Видете. Целосно сум задоволен од пивото и од неговиот вкус, но не се чувствувам дека пијам премиум производ. Лименката е најобична, изработена од алиминиум, со дизајн кој го гледам на секој трет билборд во земјава. Пијам пиво кое го пијат сите пријатели околу мене, што значи дека не сум различен. Ама пак, пивото е премиум. Така си пишува.

Секој ден се сретнуваме со многу такви производи, кои се продаваат низ големите маркети и кои тврдат дека се премиум производ. Дали тоа ги прави навистина подобри од оние каде не го пишува тоа, не можам да кажам бидејќи уште не сум пуштил машина за перење во мојот живот (премиум прашоци за перење!), но интересно е што скоро и да нема такви кои не го тврдат тоа. Сите се ПРЕМИУМ!  

Што ме носи до Audi и Volkswagen. И едните и другите се под иста капа, и едните и другите тврдат дека се премиум брендови. Сега, нормално, од Volkswagen групацијата ќе ни кажат дека Audi е повеќе премиум од Volkswagen, односно дека едниот е скап, а другиот евтин премиум производ. Иако во глобала се работи за истите автомобили, кои лежат на иста платформа, со истите мотори под хаубата.

Особено ми е интересен пристапот на Audi и нивната желба да се докажат пред BMW и Mercedes - Benz. Не очекувајте да кажам дека Audi прави лоши автомобили. Напротив. Имаат исклучително квалитетна внатрешност и одлична изработка, имаат висок квалитет во возењето, кој вклучува високо ниво на рафинираност и задоволителна динамика. Но, немаат нешто што може реално да ги издвои од конкуренцијата. Audi се секогаш измеѓу. Секогаш се малку поудобни од BMW и малку потврди од Mercedes - Benz. Ги бараат купувачите кои реално не можат да се одлучат меѓу „вистинските“ два германски премиум брендови.

И нема никаква посебна сатисфакција во начинот на кој возат. Стабилни се, управливи, но има нешто што недостасува. Да возам со врзани очи BMW Серија 3, веднаш ќе знам дека се работи за BMW Серија 3. Вози препознатливо. Да влезам со врзани очи во Audi A4, може и да го згрешам со Passat. Или пак со Skoda Superb. Не, сериозно, освен повисокото ниво на рафинираност и доработките од страна на инженерите од Audi, останатото, како платформата и моторите се исти.

Еве, Seat пред неколку години го лансираше Exeo. Ребрендирање на Audi A4 од претходната генерација, да потсетам. До последното штрафче. Само за неколку илјадници евра пониска цена. И дали и Seat е премиум сега? Сигурен сум дека Volkswagen нема да се сложи со тоа. И кога ќе размислам, како тоа веднаш се стигна до толку ниска цена кај тој модел, кога компонентите се исти како на автомобилот што 6 месеци пред тоа се продаваше како премиум модел?

Но, да се навратам на тоа што е и што не е премиум. За мене лично, премиум е автомобил кој ќе направи да се чувствувате различно кога ќе влезете во него и особено кога ќе го провозите. Можеби ентериерите на Audi се извонредни, но навистина, нема ништо посебно во нив кога ќе почнете да ги возите. И тука зборувам за подостапните модели, а не RS верзиите или пак Audi R8. Од друга страна една обична BMW 320d може да направи да се чувствувате дека возите нешто што нема да можете да го искусите во ниту еден друг автомобил. Или пак тоа нека е Mercedes C220, односно Lexus IS250h. Овие автомобили имаат возење со потпис. Почнувате да возите и знаете за кој автомобил се работи. Знаете дека под кожата нема некој Passat.

Знам дека веќе предизвикав многу бурни реакции кај дел од Вас, а Ве има многу, но ајде уште ова. Што правиме со дизајните? Да, еден бренд треба да е препознатлив, ама моделите на Audi почнаа премногу да личат еден на друг. ПРЕМНОГУ. Дури и моето истренирано око има проблем понекогаш да ги препознае. И сигурен сум дека оној што вози Audi A6 не сака да му го мешаат со A4. Дали би ги збуниле Mercedes - Benz C и E Class така?

Сето ова ме враќа на пивото, кое штотуку го довршив. Беше добро, но не беше премиум. Беше нешто очекувано, нешто што со мали разлики можев да го добијам и кај пивото со слична цена на главниот конкурент. Беше Volkswagen Passat. А за да стане Audi A4 му фали само златна лименка и цена од 65 денари. Не и промена на самото пиво, секако.

http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=6902


Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1145 на: 07 Мај 2015, 16:30:44 pm »
Stratro just stirred the hornet's nest :D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1146 на: 07 Мај 2015, 16:57:23 pm »
Колегата од Коли.ком.мк се обидува да биде контраверзен. :)

Мојот став е следниот - во хиерархијата на Германските премиум брендови, најгоре е Мерцедес. Мерцедес е можеби на највисокото место во светот. Да се разбереме, има попремиум брендови и автомобили (Bentley, Rolls Royce), ама ниту еден бренд нема таков Brand Recognition како што има Мерцедес-Бенц, иако Мерцедес произведува и товарни возила, и комерцијални возила, итн.

Е сега, ако на прво место е Мерцедес, на второ место е BMW, па на трето место е Audi. Не дека баварците се полоши од Mercedes-Benz (иако имаат модели што се.. Questionable. Looking at you, 5-series GT.) Volkswagen дооооооолго време работеше на тоа од Audi да изгради премиум бренд, и со внимателен избор на модели, внимателен избор на маркетинг кампањи и значителни технолошки унапредувања, го постигнаа тоа што го сакаа. За жал, во многу земји Audi прерасна во душбеговски бренд, па тоа се случи и кај нас, како што дошло, така и ќе отиде.

Лично, субјективно - мене највеќе ми се допаѓаат дизајните на Audi. Ама тоа е субјективна работа, и за тоа не се зборува. Од друга страна, хејтерите можат колку сакаат да зборуваат дали Audi е премиум или не е, ама реалноста е дека е - и дека е успешен премиум бренд.

За жал, трката по профит и намалување на трошоците ги тера производителите да се асоцираат со овакви или онакви брендови. Јебига, барем Audi се асоцира со фамилијални брендови. Од друга страна, Mercedes-Benz дели делови со Renault (ова не е критика за МБ, колку што е пофалба за Рено), а по асоцијација и со Dacia - A-Class носи мотор што се вградува во Dacia Logan. At the same time, BMW се асоцира со ни-мање-ни-више - Кинески бренд - Brilliance Automotive.

Како и да е, никој не е „со скроз чисти гени“. Во денешно време, не може да биде поинаку. Она што го прават другите со надворешни брендови, Audi го прави со inhouse брендови - делење технологии, платформи и мотори со цел да се намалат трошоците. We might not like it, but that's the way it is.

Она што (според мене) го урива премиум угледот на Audi во однос на Mercedes и BMW - е недостатокот на RWD возила. Колите на Audi или се FWD или се Quattro. Во ред - обичниот, просечен купувач можеби и нема да примети разлика (особено ради тоа што RWD колите се толку зауздани преку разно-разни електронски безбедносни системи), али ипак, заден погон си е заден погон.
« Последно менување: 07 Мај 2015, 17:05:27 pm zeroSignal »

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1147 на: 07 Мај 2015, 17:09:11 pm »
Jako!

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1148 на: 07 Мај 2015, 20:32:03 pm »
да возиш ауди не е избор туку дјагноза...  :)
истото би го рекол и за алфата...  ;D ;D
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1149 на: 07 Мај 2015, 20:50:48 pm »
За жал, трката по профит и намалување на трошоците ги тера производителите да се асоцираат со овакви или онакви брендови. Јебига, барем Audi се асоцира со фамилијални брендови. Од друга страна, Mercedes-Benz дели делови со Renault (ова не е критика за МБ, колку што е пофалба за Рено), а по асоцијација и со Dacia - A-Class носи мотор што се вградува во Dacia Logan. At the same time, BMW се асоцира со ни-мање-ни-више - Кинески бренд - Brilliance Automotive.

Баш не ми е јасно што сакаш да кажеш. Зошто јас како што го толкувам ова Ауди многу се заебале на ова поле и затоа се зад МБ и БМВ. Така да во нивна корист е да го ограничат ова и излезат од затворениот круг, зошто и онака се на ивица на премиум бренд.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1150 на: 07 Мај 2015, 21:00:00 pm »
Сакам да кажам дека за да намалат трошоци за развивање на платформи и мотори, премиум брендовите соработуваат со непремиум брендови. Audi соработува со Volkswagen, Skoda и Seat, ама соработува и со Porsche и Bentley. BMW соработува со Brilliance Automotive, Mercedes-Benz со Renault/Dacia. Сето тоа се случува во името на намалување трошоци и одржување/зголемување на профитабилноста. Како кој ќе го интерпретира тоа..

Чисто од Brand Awareness аспект, мислам дека Mercedes-Benz е најценет меѓу премиум брендовите, па позади него доаѓаат BMW и Audi. Цуца со 2 метра нозе прво спушта гаќи на Мерцедес, па после све друго..

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1151 на: 07 Мај 2015, 21:21:59 pm »
Соработката со непремиум брендовите не е од единствена причина за намалување на трошоците. Целта е и размена и тестирање на повеќе идеи од страна на луѓе кои имаат различни концепти и искуства. На пример, Рено е подобар од Мерцедес во развојот и квалитетот на малолитражните мотори и возилата со преден погон. Рено има побогата историја за таков тип на работи од Мерцедес. Мерцедес пак се подобри за возила со заден погон, линиски 6 цилиндраши и големи v8 и v12 мотори.

Ауди од друга страна соработуваат со самите себе, односно со брендови кои размислуваат концептуално исто. Минале низ истата патека на развој и се многу слични, според мене и ограничени. Затоа за мене Ауди не е премиум бренд. Односно не е ни битно дали е или не е. Битно, поло од 15.000 евра носи ист мотор и платформа со ауди од 40.000 евра (карикирам). Тоа доликува ли на премиум бренд? Или пак наликува на фирма крава-молзница?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1152 на: 07 Мај 2015, 21:27:43 pm »
Audi е бренд за стрижење овци (муштерии). „Добарден, Сакам Ауди ТТ, ама да биде нешо као А5, нешо, а-у“. „Ааа добредојдовте во Ауди, имаме специјално за вас TT  Sportback!" И одма офчичката дава вуната за нешто што уствари е А3 спортбек, само со фејслифт, што уствари е голф 7 само со фејслифт, што е уствари голф 6 само со фејслифт.
 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Filip_90

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1839
  • VW Golf 5 1.9 TDI
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1153 на: 07 Мај 2015, 21:46:25 pm »
што уствари е голф 7 само со фејслифт, што е уствари голф 6 само со фејслифт.
 
А уствари е на нова платформа со нова ел.инсталација, нови мотори итн.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Автомобилски Генерални Муабети
« Одговори #1154 на: 07 Мај 2015, 21:51:14 pm »
што уствари е голф 7 само со фејслифт, што е уствари голф 6 само со фејслифт.
 
А уствари е на нова платформа со нова ел.инсталација, нови мотори итн.

Цитат
Once again demonstrating the versatility of the VW Group’s modular MQB platform, the TT Sportback measures 290mm longer, 60mm wider and has a 120mm longer wheelbase than the TT Coupe. But perhaps a more useful comparison is with the A3 Saloon - the concept measures 23mm longer, 113mm wider and 41mm lower.

Ништо од новата платформа, додека M, Q, и B се онака подредени.
Што се однесува до моторите - друг муабет. Само е прашање на време е кога некој муштерија ќе побара да му вградат 1.6 tdi пошто супер моторче е и доста му е за нормална вожња низ град.
Електричната инсталација е глупо да ја коментирам, нормално дека е прилагодена, не е истата од голф 5.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.