Како бе друже сум го перципирал? Што по ѓаволите кажав погрешно? Тргнав нагоре у трета, почнав да успорувам, убацив у втора, моторот више не беше тивок. Каде утнав? Што згрешив? Како требаше да го срочам ова за да не го навлечам твојот гнев?
Не бе, не сум гневен. Напротив, многу сум весел и среќен ако веќе те инетересира мојата емотивна состојба. Не си утнал, да бидеш наклонет кон возила погонувани од дизел технологија не е погрешно. Погрешното е што покрај твојата наклонетост, упорно пробуваш (тотално глупо) да споредиш некои дизели со некои бензинци, при некои услови на возење. Батали такви споредби. Не ти се на место.
„Бркај“ добро одржуван дизел за второ возило, ќе бидеш среќен и од влечењето во трета и од лепењето на седиште и од ред други работи кои си ги сакаш. Тоа е само совет, не мора ни да го послушаш. А стално ќе реагирам на толку глупи споредби од типот „морав во втора да вратам, а со дизелот во трета си терам“. Нормално, затоа што тој дизел во втора иде до 65, а бензинецот во втора иде до 95. Очигледно дека односот на менувачите е конципиран така, за да се искористат можностите на моторите кои се различни по концепт, во различни брзини. Може некој камион таа угорница може да ја совлада во 6-та брзина, ама тоа не е предност на камионот, ниту маана, туку така е конципиран.
Споредба на звукот реков повторно е лична работа некој сака чекичи некој сака мелници за кафе. Ти си повеќе по (дампираните од изолација) чекичи под хауба. Фајн. Ама да убедуваш тука дека бензинецот бил прегласен при условите кои ги наведе (45км/ч во втора, при 3000 вртежи) нема да ти поверува ни најокорелиот љубител на дизели.
Да не зборуваме што очекуваш од возило кое концепциски е создадено, и негова најдобра особина е однесувањето на пат по кривини и чуство на атачираност за подлогата по која возиш, да ја релативизираш со споредба со кашкаито. Во ред е да не ти се допаѓа, ама да кажеш дека „Лепи на патот, ама и кокошарникот лепи", едноставно е смешно и тотално нереално. Може само на некој кој навистина не седнал во Мini и не седнал во Quashkai, да му кажуваш вакви прикаски за добра ноќ.
Ако сакаш да не реагирам (ко` што викаш да не бидам гневен), не кажувај вакви бабини деветини. Кажи „не ми се свиѓаше минито, не е по мој ќејф“, сите ќе бидат среќни и задоволни.