Автор Тема: Тресење на воланот при кочење  (Прочитано 12789 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #15 на: 22 Февруари 2013, 20:10:19 pm »
Од тресењето ќе страда предницата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #16 на: 22 Февруари 2013, 20:14:32 pm »
Малку повеќе користи моторно кочење. Сега, секогаш и во вечни вековииии. Поготово кај дизели е екстремно ефикасно.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #17 на: 22 Февруари 2013, 20:25:08 pm »
Ај од понеделник ќе се заангажирам со ова, верувам до Петок се ќе биде решено. Кога сме веќе кај темава. Кој дискови и плочки би ми ги препорачале како најдобри? Што би одбрале вие ?
« Последно менување: 22 Февруари 2013, 20:41:36 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #18 на: 22 Февруари 2013, 20:50:54 pm »
Најдобри? Brembo.

Најдобри available во Македонија? Ferodo, Pagid, Ate.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #19 на: 22 Февруари 2013, 20:53:57 pm »
Мнозинството вели Феродо. Најверојатно и најзвучно име, а другите и поретко се слушнати. Некои и прв пат. Голем дел прв пат.

http://forum.carclub.mk/index.php/topic,3024.0.html

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #20 на: 22 Февруари 2013, 20:54:27 pm »
Верувам дека од Грција би можел да порачам Brembo, но незнам колку е паметно со оглед на гаранција и останато. Помеѓу Ferodo, Pagid и Ate што е по твое мислење најдобро Зеро? Знам дека досаѓам но доста време си Авто Новинар па го почитувам твоето мислење доста а и сакам да бидам сигурен дека сум направил добар избор. И сите други кој имале искуство со горе наведениве видови на дискови и плочки слободно нека се изјаснат, што повеќе информации толку подобро.

Edit: Deni фала за линкот. Ќе ја прочитам таа тема внимателно од ново.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10460
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #21 на: 22 Февруари 2013, 20:59:10 pm »
феродо, во мк
инаку да, за брембо имам слушано

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #22 на: 22 Февруари 2013, 21:03:56 pm »
Гаранција за ваква работа скоро и да не ти е битна.

Енивеј, од лично искуство ги препорачувам Ferodo Premier. Комплет дискови и плочки за Леонот ме  кошташе околу 8500-9000 мкд.

Со Пагид имам ограничено, но позитивно искуство. Ако успееш да ги најдеш, нема да згрешиш. Со Ате скоро и да немам искуство, ама луѓе на кои им верувам ми пренеле добри искуства. Сега ја видов темата што ја линкаше Дени - и со TRW имаат луѓето одлично искуство.

Било која комбинација да ја направиш од овие три, нема да згрешиш. Само имај во предвид дека има период на „легнување“ на нови дискови и плочки, па во прво време перформансите ќе бидат под твоите очекувања, да не речам лоши. Немој да те плаши тоа.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #23 на: 22 Февруари 2013, 21:13:48 pm »
Утре ќе ги измерам дисковите со шублер, секако бандажите ми се отворени доста па нема да иам проблем. Ако се под 28мм одма ги менувам не ни пробувам да сменам летни гуми. Ако не ќе му ја мислам, има доста работи за проверка и проба а ми се брза да ги сменам, сепак за кочници се работи. Иако тресењето е претерано минимално - кочница е.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #24 на: 22 Февруари 2013, 21:18:37 pm »
Дисковите неможе да ги измериш со шублер зошто имаат раб на крајот. Moже да аги измериш со микромер. Се гледа колку се пропаднати во однос на тој раб.




Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #25 на: 22 Февруари 2013, 21:24:13 pm »
Абе најдобри...
Покрај brembo, види си stoptech, movit, ap racing. Не сум сигурен кои од нив имаат road варијанти, генерално се racing class продукти.
Штом ќе прашуваш во Грција, прашај си за градските варијанти од овие.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #26 на: 22 Февруари 2013, 21:24:46 pm »
Имам и микромер на работа, не е проблем  ;)   Едино ме мисли да не не се дисковите па џабе да си ги сменам  :-\ 

@Igor  За грција не верувам, ем што не ми се зима кај што неможам да го вратам продуктот ако е дефектен а и би требало на фактура да плаќам па незнам како би го извел тоа со луѓето што носат делови.  Крис и Том ми изгледаат на сериозна фирма. Уште да имаат на лагер само тоа што ми треба.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #27 на: 22 Февруари 2013, 21:46:39 pm »
Од тресењето ќе страда предницата.
+1

Најдобри? Brembo.

Најдобри available во Македонија? Ferodo, Pagid, Ate.
+1

Само имај во предвид дека има период на „легнување“ на нови дискови и плочки, па во прво време перформансите ќе бидат под твоите очекувања, да не речам лоши. Немој да те плаши тоа.

-1
Добри плочки и дискови легнуваат на прво кочење и први 5 до 10 километри максимум...
Ако чекаш да ти легнат 100 километри, ондак си направил лош избор...

Пред да дадеш пари, прашај си за оригинални од порше...
Доколку цената од тие оригиналните во порше одстапува за прифатлива сума, оди на оригинал...Ако разликата е дупло, ондак оди на друг бренд...
Доколку планираш да купуваш од Грција, биди премногу внимателен или оди со некој кој има големо искуство и познавање...Гледам дека од Грција се носи огромно ѓубре...Дека е од Грција, па луѓето слепо веруваат...

Доколку мислиш дека немаш доволно пари во моментот за оригинални, ти фали нешто ситно, почекај не брзај...Повози ја колата месец, два, три, купи како што треба...
Нервозата ако се зезнеш неможам да ти ја опишам...
За тоа време нема ништо лошо да ти се случи на колата...

Само сепак ке ти препорачам да ја провериш предницата...6000 км не се мерило дека се било ок...Може се да е Ок до овој момент, па утре кога ке тргнеш да се деси проблем...Односно да се појави луфта...и таа мала луфта може да предизвика тресење...
Детална проверка без брзање и проблемот се средува...Оди постепено ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #28 на: 22 Февруари 2013, 22:05:57 pm »
Вака предницата делува стегнато, супер е по кривини - баш прееска од Скопје малце ги извозев побрзо кривините одличне е филингот, дупки кога минам нема никакви звуци од подвозјето, кога не го држам воланот со раце по немирен пат се изгледа ок... Но секако планирам пред менување на дискови цела предница повторно да ја проверам детално, а по промената и нејзино балансирање. За плочки од Порше се околу 7000-7500 за менување сосе рака(ги имам менувано), дисковите мислам дека околу 11-12.000 ден. Но да ја тргнеме цената настрана зошто се работи за кочници и веројатно и 100еу више би дал за ОЕМ да издржеа 120-150ккм. Но со оглед дека издржаа 80ккм по мене не се ништо посебно квалитетни и мислам дека со Феродо би бил во најмала рака исто задоволен а за помалце пари. Сега зборувам напамет секако, утре ќе се јавам во сите продавници што ги знам, ќе прашам колку се потребните делови, ќе го контактирам и Маршер па сите цени како и мојот избор ќе ги поставам во темава. Ако не менувам делови во Порше(а веројатно нема) тоа би го направил само кај Маршер зошто имам поверење во него и верувам дека се би направил во најдобар ред.
« Последно менување: 22 Февруари 2013, 22:19:42 pm Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8961
Одг: Тресење на воланот при кочење
« Одговори #29 на: 22 Февруари 2013, 22:14:16 pm »
јас имав сличен проблем со тресење при кочење на ибицата. Ми се појави некаде на 35к поминати и ми беше чудно и тоа го приметив само додека бев тогаш на одмор во Грција, кога се вратив овде како да го немаше незнам ни сам како да објаснам ама и после тоа до пред некое време го приметував чат пат. Пред година дена кога бев сервис да правам во порше ми ги сменија дисковите со се плочки со се се на 62к километри.
И претходно колата ја имав носено во порше па не рекоа да ги менувам така да најубаво оди во сервис и ке ти проверат убаво