Од тресењето ќе страда предницата.
+1
Најдобри? Brembo.
Најдобри available во Македонија? Ferodo, Pagid, Ate.
+1
Само имај во предвид дека има период на „легнување“ на нови дискови и плочки, па во прво време перформансите ќе бидат под твоите очекувања, да не речам лоши. Немој да те плаши тоа.
-1
Добри плочки и дискови легнуваат на прво кочење и први 5 до 10 километри максимум...
Ако чекаш да ти легнат 100 километри, ондак си направил лош избор...
Пред да дадеш пари, прашај си за оригинални од порше...
Доколку цената од тие оригиналните во порше одстапува за прифатлива сума, оди на оригинал...Ако разликата е дупло, ондак оди на друг бренд...
Доколку планираш да купуваш од Грција, биди премногу внимателен или оди со некој кој има големо искуство и познавање...Гледам дека од Грција се носи огромно ѓубре...Дека е од Грција, па луѓето слепо веруваат...
Доколку мислиш дека немаш доволно пари во моментот за оригинални, ти фали нешто ситно, почекај не брзај...Повози ја колата месец, два, три, купи како што треба...
Нервозата ако се зезнеш неможам да ти ја опишам...
За тоа време нема ништо лошо да ти се случи на колата...
Само сепак ке ти препорачам да ја провериш предницата...6000 км не се мерило дека се било ок...Може се да е Ок до овој момент, па утре кога ке тргнеш да се деси проблем...Односно да се појави луфта...и таа мала луфта може да предизвика тресење...
Детална проверка без брзање и проблемот се средува...Оди постепено