Автор Тема: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6 и 2.0 ТДЦи  (Прочитано 8757 пати)

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49502
  • Махер
Името Фокус ви е познато. Презимето Форд уште повеќе. Новиот производ пристигна кај нас, и не е далеку од старите добри времиња.

Дизајнот на новиот Фокус не освојува од прва, но изгледа треба време. А треба и некое повисоко ниво на опрема. Тоа е добар знак, крајниот резултат може да биде навистина добар. Предницата е значително агресивна, и убаво му стојат потемни бои. Се вратија украсите од хром во мода, па тоа значи дека и црната боја нема да делува лошо - туку напротив ќе допринесе при дополнување на сликата. Задниот дел е контроверзен, но се навикнува човек. По консултирање на лица од понискиот пол, заклучивме дека е „многу убав“. (и дека треба да е црна боја или темно сива)



Во внатрешноста има голем напредок на секое поле. Се чувствува квалитетната изработка, и одличната изолација на кабината. Дури и во основниот пакет опремата е задоволителна.



Моторите кои ќе се нудат кај нас почнуваат од 1.6, па преку турбо бензинците, се до турбо дизелите. Најчесто ќе се зема основниот мотор, па затоа е и толку круцијален. Моторот е одлично нагоден со каросеријата, во поглед на сила. Се движи доста лесно и без поголеми потешкотии. Има многу убав звук кој потсеќа на спортско возило. Менувачот е со 5 степени и е многу мек и прецизен.



Доколку кај било кој постои заинтересираност за ваков тип на возило, Форд дефинитивно се враќа во игра! За кратко време ќе се стабилизираат цените и несомнено побарувачката ќе е огромна. Крајно позитивно искуство, кое можеби и не беше толку очекувано на почетокот.

Доживувањето во возилото е врвно. Никакви вибрации, никакво тресење, се чувствува патот под тркалата - а удобноста е задржана. Кај Форд ова е јака страна и нема потреба да се навлегува длабоко. Искуството е одлично - дури и во основниот модел.



Потрошувачката кај овој модел е во рамките на нормалата. Поседува систем кој го потсетува возачот да смени брзина нагоре, кога е потребно. Се на се очекувано потрошувачката во градот се движеше меѓу 8 и 10 литри. На отворено околу 6. И доста агресивното возење не ја покачува потрошувачката во голема мера, но гужвите си го прават своето. Очекувано е дека посилните мотори ќе трошат помалку, а посебно дизел верзиите.






Конкретно верзијата 2.0 тдци би изгледала нешто вака, а и фацата ќе ви е позатегната заради турбината.







« Последно менување: Мај 17, 2011, 12:12:29 pm Deni »

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4444
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #1 на: Мај 16, 2011, 15:58:19 pm »
Ужасно ружно дупе :)

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #2 на: Мај 16, 2011, 16:09:24 pm »
Deni imas li vozeno Focus II? Sporedi ja vnatresnosta, upravuvanjeto, udobnosta.


Za mene Focus II ima daelku najdobro:
-podvozje
-udobnost na podvozje,
-kvalitet na enterier (pre-facelift)
-najgrd bazen motor (aman, skros ja utupivme so ovaj motorot  ;D )
-najlosi performansi koga se sporedi so drugo vozilo so isto ks.

Znaci na kratko, super kola, zanigde motori.

Dali noviot focus e cekor napred ili cekor nazad?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10230
  • Giulietta QV
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #3 на: Мај 16, 2011, 16:56:44 pm »
Уште ли раткапни бе :(

Отсутен kalco

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 257
  • Audi a3 1.9 TDI
    • Kalco
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #4 на: Мај 16, 2011, 17:00:18 pm »
Пак ќе кажам....воодушевен од убавината на сликите...Дени и москвич да слика ќе изгледа како до бајка...

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49502
  • Махер
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #5 на: Мај 16, 2011, 17:24:01 pm »
Deni imas li vozeno Focus II? Sporedi ja vnatresnosta, upravuvanjeto, udobnosta.


Za mene Focus II ima daelku najdobro:
-podvozje
-udobnost na podvozje,
-kvalitet na enterier (pre-facelift)
-najgrd bazen motor (aman, skros ja utupivme so ovaj motorot  ;D )
-najlosi performansi koga se sporedi so drugo vozilo so isto ks.

Znaci na kratko, super kola, zanigde motori.

Dali noviot focus e cekor napred ili cekor nazad?
Подвезјето е одлично, само малку поудобно - односно со помалку информации од патот. Споредено со претходниот. Ама и потивко и порафинирано. Според мене е чекор во правата насока.
А моторот е одличен за базен мотор. Не е брз, секако. Ама потрошувачката е пристојна, и повлечкува добро. Напоменав дека и звукот е доста интересен и спортски.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49502
  • Махер
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #6 на: Мај 16, 2011, 19:38:58 pm »
Уште ли раткапни бе :(
Да бидеме реални нели? Не дека нема лиени ако сакаш. :)
Пак ќе кажам....воодушевен од убавината на сликите...Дени и москвич да слика ќе изгледа како до бајка...
Благодарам! Баш би сакал да фотнам некој ултра-добро реставриран москвич, за да би излегол вака! ;D


P.S. Додадени слики од 2.0 тдци.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 26894
  • Kanzerwagen Golf 2.0 TDI
    • Evolutive.mk
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #7 на: Мај 17, 2011, 10:50:55 am »
Јас го возев 2.0 TDCi моделот, што Дени го сликаше, и импресиите се следни:

- Одлично подвозје. Држи по кривини како секој Фокус до сега.
- Прецизен волан. Нула фидбек од воланот. Разочарување, ако земеме во предвид дека е Фокус.
- Пролизгувањето е прогресивно. Многу убаво бега гзот по кривини ако го испровоцирате.
- Малку е чуден обликот на воланот, ама тоа е ствар на навика.
- Одлични спортски седишта.
- ООООДЛИЧЕН мотор. Тивок, работи многу убаво. Има турбо дупка, али не е многу изразена.
- Со малтретирање низ град, по обиколница, на Водно, итн, не покажа потрошња повеќе од 7.3 на 100 километри.
- Сосема доволно простор и на задната клупа, а има доволно голем багажник.
- Одлични материјали во внатрешноста. Навистина импресивно.
- Одлична финална изработка во внатрешноста. Прегледни инструменти, смешен дисплеј за радиото.
- Супер менувач. Прецизен и со краток од.
- Средишната конзола со потпирачот за раце е добра, ама штета што не се движи напред-назад.
- Добри кочници. Проверено. ;)
- Ружен е од позади. Многу. Личи на Nissan Juke.
- Одлична звучна изолација. На 180 км на саат сосема нормално се прави муабет внатре.
- Можда ќе ми текне уште нешто.

ЗАБЕЛЕШКА: Возилото што го имав на тест имаше некој проблем со кумплуг педалата. Најверојатно немаше доволно течност во пумпата, и по отпуштање, педалата се враќаше назад со мало закаснување. Иритираше до јаја, али сигурно е изолиран проблем. Напраивме муабет со Дени, и он не пријави ништо такво за Фокусот што го возел.
« Последно менување: Мај 17, 2011, 10:52:59 am zeroSignal »

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6
« Одговори #8 на: Мај 17, 2011, 11:35:51 am »
Дени стави некоја слика од шал таблата и од дисплеите да ги видиме

Отсутен velestrumf

  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20301
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6 и 2.0 ТДЦи
« Одговори #9 на: Мај 17, 2011, 13:31:53 pm »
Да се надоврзам на муабетот од Генералниот...

Се’ на се’, одлично возило... Куплунгот ваљда не ваљаше на таа кола, и веројатно некој здравје и’ земал, пошто е демо-возило. Ствари што мене не ми се свиѓаа:

- рачките на задните врати... прифатливо кај Chery, но не и кај Ford.
- позицијата на мењачот... Не е таму каде што првично би очекувале, ама после се навикнува човек.
- должината на рачната... Генералниот треба да има фотка... Тоа е траги-комедија...
- обликот на воланот. Профилите (задебелувањата) на позицијата 10 - 2, никогаш не ми се свиѓале, пошто секој има различна големина на дланка, и според мене се поинтлес тие профили. Чудна ергономија, ко за Форд, пошто копчињата на воланот се: 1. Идентични, па немаш визуелна идентификација кој навигатор за што е; и 2. Дугмиќите за „нагоре“ се предалеку поставени, и треба да гледаш каде е копчето, и да ја мрдаш раката, за да најдеш каде е. Тоа не било случај до сега.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6 и 2.0 ТДЦи
« Одговори #10 на: Мај 17, 2011, 13:39:01 pm »
mmm121 ajde so cekas, stavi go i III vo garazata ;)

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49502
  • Махер
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6 и 2.0 ТДЦи
« Одговори #11 на: Мај 17, 2011, 13:43:58 pm »
Да се надоврзам на муабетот од Генералниот...

Се’ на се’, одлично возило... Куплунгот ваљда не ваљаше на таа кола, и веројатно некој здравје и’ земал, пошто е демо-возило. Ствари што мене не ми се свиѓаа:

- рачките на задните врати... прифатливо кај Chery, но не и кај Ford.
- позицијата на мењачот... Не е таму каде што првично би очекувале, ама после се навикнува човек.
- должината на рачната... Генералниот треба да има фотка... Тоа е траги-комедија...
- обликот на воланот. Профилите (задебелувањата) на позицијата 10 - 2, никогаш не ми се свиѓале, пошто секој има различна големина на дланка, и според мене се поинтлес тие профили. Чудна ергономија, ко за Форд, пошто копчињата на воланот се: 1. Идентични, па немаш визуелна идентификација кој навигатор за што е; и 2. Дугмиќите за „нагоре“ се предалеку поставени, и треба да гледаш каде е копчето, и да ја мрдаш раката, за да најдеш каде е. Тоа не било случај до сега.
Ова е случај само кај појаките модели кои имаат две контроли. Инаку на десното се командите за радиото, кај послабите. А како и да е пак е логична распределбата. Зошто левото го команда екранот кај брзиномерот, а десното она на централната конзола. Многу брзо се навикнува човек и без упатство.

Отсутен velestrumf

  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20301
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6 и 2.0 ТДЦи
« Одговори #12 на: Мај 17, 2011, 16:46:53 pm »
Баш поради тоа што се работи за појаките модели, не би требало да играат на карта „логика“, „женска интуиција“ или што и да е... Затоа се користат симболи, кои визуелно ти навестуваат кои контроли за што се. За навикнување, ќе се навикне чоек и контролер од Плејстешн да му турат таму, ама не е тоа поентата...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6 и 2.0 ТДЦи
« Одговори #13 на: Мај 17, 2011, 18:51:13 pm »
mmm121 ajde so cekas, stavi go i III vo garazata ;)

го знаеш вицот за голф 9 ? :) 
    се шегувам, за некоја година кога мк2 ќе наполни околу 150.000 км ќе се замени со мк3..... најверојатно со 1.6тдци 95 кс.....

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Модератор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 49502
  • Махер
Одг: Тест на Новиот Форд Фокус 1.6 и 2.0 ТДЦи
« Одговори #14 на: Мај 17, 2011, 19:56:41 pm »
Zero ти текна сега дека имаше 1.6 тдци и на стариот фокус со 90 и 115кс? Значи нов е или истиот мотор, прашањето е сега. Какви турбини ќе користат во новиот фокус...