Јас го возев 2.0 TDCi моделот, што Дени го сликаше, и импресиите се следни:
- Одлично подвозје. Држи по кривини како секој Фокус до сега.
- Прецизен волан. Нула фидбек од воланот. Разочарување, ако земеме во предвид дека е Фокус.
- Пролизгувањето е прогресивно. Многу убаво бега гзот по кривини ако го испровоцирате.
- Малку е чуден обликот на воланот, ама тоа е ствар на навика.
- Одлични спортски седишта.
- ООООДЛИЧЕН мотор. Тивок, работи многу убаво. Има турбо дупка, али не е многу изразена.
- Со малтретирање низ град, по обиколница, на Водно, итн, не покажа потрошња повеќе од 7.3 на 100 километри.
- Сосема доволно простор и на задната клупа, а има доволно голем багажник.
- Одлични материјали во внатрешноста. Навистина импресивно.
- Одлична финална изработка во внатрешноста. Прегледни инструменти, смешен дисплеј за радиото.
- Супер менувач. Прецизен и со краток од.
- Средишната конзола со потпирачот за раце е добра, ама штета што не се движи напред-назад.
- Добри кочници. Проверено.
- Ружен е од позади. Многу. Личи на Nissan Juke.
- Одлична звучна изолација. На 180 км на саат сосема нормално се прави муабет внатре.
- Можда ќе ми текне уште нешто.
ЗАБЕЛЕШКА: Возилото што го имав на тест имаше некој проблем со кумплуг педалата. Најверојатно немаше доволно течност во пумпата, и по отпуштање, педалата се враќаше назад со мало закаснување. Иритираше до јаја, али сигурно е изолиран проблем. Напраивме муабет со Дени, и он не пријави ништо такво за Фокусот што го возел.