Автор Тема: Ова лето, каде на одмор ???  (Прочитано 1333941 пати)

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 223
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7125 на: 08 Август 2021, 19:38:13 pm »
Кога веќе се зборува за Албанија...
Некој искуство со Шенгин, Шенѓин како и да е правилно....

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7126 на: 08 Август 2021, 19:57:57 pm »
@momak_31 Момаку, прашај си тука: https://www.facebook.com/groups/livefromalbania

Отсутен momak_31

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 223
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7127 на: 08 Август 2021, 20:07:02 pm »
@momak_31 Момаку, прашај си тука: https://www.facebook.com/groups/livefromalbania

Уште да имав и фејсбук :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7128 на: 08 Август 2021, 20:24:41 pm »
Јас на Истра сум сега, за 11тина часа стасав, без чекање на граници, немаше воопшто гужва. Може и побрзо да се стигни ако возиш 130-140 цело време. Во однос на муабетот од погоре за Албанија, овде има страшна сообраќајна култура и општо по плажи. Уствари глупа е споредбава оти нема никаква допирна точка освен што имаат море. Ни деца се довикуваат, ни родители се дерат по децата. Баш ме интересира како ги воспитуваат

Цените се колку во Грција, можда малку поскапи (кафе на плажа 10-14 куни, пиците 60-70 куни, бечка 80куни, пиво 20-30 куни, тестенини 65-75 куни, риби од 100-150 куни... 1 евро = 7.3 куни) но не е недостижно како што ја прикажуваат Хрватска.


Далмација како што памтам, единствена песочна плажа е Бачвице (градската) во Сплит, но е многу плитка.
Е како да го кажеш со дерење "ајмо, ча" :)

Последен пат на Хрватско бев во 2009, интересно беше што имаа унифицирани цени на одредени пијалоци, пивото насекаде беше иста цена.

За тој што е навикнат да мкне пун гепек храна, и Охрид и Дојран му е скапо.

Здравје, ваљда ќе смогнам воља да скокнам натаму некогаш :)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3779
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7129 на: 08 Август 2021, 20:51:15 pm »
Охрид поскапо од Грција/Хрватска е
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3906
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7130 на: 08 Август 2021, 21:14:53 pm »
Кога веќе се зборува за Албанија...
Некој искуство со Шенгин, Шенѓин како и да е правилно....
Не иди.

Имаш многу поубави места од тоа. Ама ако веќе те фаќа пат натака, подобро иди Велипоје.

Sent from my Mi 10T Pro


Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7131 на: 08 Август 2021, 21:52:21 pm »
Има уште еден минус, немаат Гирос :)
Затоа имаат, пршут, буџола, пашки сир, ливањски сир, Далматинска плата итн. :D

Печена пченка, мали крофнички и пица на парче. Пицата ми има најубав вкус во Црна гора, а едно парче е бајаги големо.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7132 на: 09 Август 2021, 02:31:10 am »
Другари, постои ли стол за на плажа што држи барем до 120кг тежина?
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7133 на: 09 Август 2021, 07:39:38 am »
Види батка, имаш проблем. Не си по ЈУС. Уствари сеа да ти имало европски стандард EN 581-2, по кои се прават столчиња. Ама тој вика до 110КГ. :(

Овие вака ми изгледаат појакички:
https://www.decathlon.rs/kraj-kolekcije/7845-15939-stolica-za-ribolov-sarana.html#/demodelcolor-8239231/demodelsize-254?queryID=4911e90f0e3e470e9abe823c583f4171&objectID=1602000

Или ако си спортски настроен на плажа:
https://www.decathlon.rs/kraj-kolekcije/9120-9094-rasklopiva-stolica-za-ribolov-sa-organizerom-essenseat.html#/demodelundefined-8295328/demodelsize-235no_size?queryID=db3e10a1fb8807781bfcbb6a39300b4f&objectID=1774747


Има и други во Decatlon, исто викаат до 110 кг, ама овие ем се по стандардон, ем ми делуваат јакички, ем декатлон наместо „отпорност“ ги има обележано со „издржљивост“ у опис.


П.С. Ослаби некое килце ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1791
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7134 на: 09 Август 2021, 09:02:07 am »
Јас на Истра сум сега, за 11тина часа стасав, без чекање на граници, немаше воопшто гужва. Може и побрзо да се стигни ако возиш 130-140 цело време. Во однос на муабетот од погоре за Албанија, овде има страшна сообраќајна култура и општо по плажи. Уствари глупа е споредбава оти нема никаква допирна точка освен што имаат море. Ни деца се довикуваат, ни родители се дерат по децата. Баш ме интересира како ги воспитуваат

Цените се колку во Грција, можда малку поскапи (кафе на плажа 10-14 куни, пиците 60-70 куни, бечка 80куни, пиво 20-30 куни, тестенини 65-75 куни, риби од 100-150 куни... 1 евро = 7.3 куни) но не е недостижно како што ја прикажуваат Хрватска.


Далмација како што памтам, единствена песочна плажа е Бачвице (градската) во Сплит, но е многу плитка.


За цените на многу луѓе пробав да им докажам, ама се откажав. Обавезно појди на Mošćenička Draga. Убав помин. :D
Фала Деновиве се сите испланирани, но на бегање за накај МК ми е на пат па може ќе застанеме на некој час и на таа плажа да ја видиме.

@Mikius сега не се повеќе така цените, секоја коноба сами си ги одредува. Инаку за идење наваму не треба многу сили да смогнуваш, 50-55 евра во правец за патарини и гориво за минимум 2500км патот си е шајка, одморалишта и бензински за одмор/дремнување имаш на скоро секои 20-30км.
« Последно менување: 09 Август 2021, 10:14:30 am Silvester »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7135 на: 09 Август 2021, 13:22:18 pm »
Јас само што дојдов од Истра(во саботата вечер), бев во Пореч сместен, искористивме 8 дена одмор на пат накај Македонија. Втор пат идам во Хрватска, првиот пат во Цафтат, во 2014, и нормално дека цените се покачени. Пиво на плажа беше 20 куни, или 3 еур скоро. Порција плескавици или 10 ќебапи со прилог, 50 куни, те 7 еур. Лигњи од тие смрзнатите, 85 куни, те 11.5 еур. Сладолед топка е 10 куни, те 1.35 еур. Немавме прилика да седнеме во некој подобри ресторани ( за да споделам цени), пошто ручавме на плажа, останувавме скоро до 7, после туширање деца и у кревет у 8.
Иначе од Пореч до Скопје патувавме скоро 15ч и 30 минути, со одмори и паузи. Не отидов на Батровци (Бајаково), пошто требаше да се чека 3 саати, отидов на Товарник (Шид) и поминавме за 15-20 минути. Во Хрватска имаше гужва, поготово додека искочиме од Истра, те до кај Ријека. Патот од Загреб накај Белград е многу лош, поготово десната лента, не се вози повеќе од 110, и треба да се лепиш со левите тркала до лентата, за да со десните ги избегнуваш пукнатините од асфалтот.
Во Србија друга песна, ем залади накај 20 степени, пошто се стемни, ем деца заспаа, ем патот џам до граница. Коли доволно да не мораш да возиш со дугачки, ем да пратиш како се движи патот според светлата на тој пред тебе.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7136 на: 09 Август 2021, 13:27:50 pm »
Лименка пиво (хајнекен) на старо бачило на Маврово - 200 денари. Мохито 250 денари...
Бурито во стиропорско паковање (за носење) во Амигос 420 денари....
Имам уште 100-тина примери за кај нас, а море немаме :(
Не е така скапа Хрватска...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7137 на: 09 Август 2021, 15:44:26 pm »
3€ за пиво на плажа по мене е смешно.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7138 на: 09 Август 2021, 18:08:46 pm »
Вчера си дојдов од Врахос и  да споделам некое инфо.
Сместувањето го најдов преку никиана.гр https://nireusrooms.eu/apartments-vrachos-beach/ . Секој ден се чистеше и менуваа крпи,постелнина на 4 дена.
Сопствениците беа екстремно љубезни,газдарицата Германка а сопругот Грк.
Во склоп на објектот има ресторант и сопствени лежалки.Фрапе со флаширана вода чинеше 3е,Хајнекен-Амстел 3е,Митос 0.5л 4е,пиците се движеа од 7е па нагоре,клуб сендвич 7е (доволен за двајца добро да се најадат).
Прв пат во Врахос бев во 2016 година,во 2019 бев сместен во Амоудиа но на два пати бев на плажа во Врахос,за разлика од тогаш сега имаше многу повеќе Срби и Македонци,но далеку помалку народ отколку пред коронава.





Тука најдобро се гледа тиркизот на водата,занемарите ја Германката.


На кратко ја прошетав и Превеза,позитивни импресии.
Еднаш бев до плажата Лихнос,паркинг 5е,2 лежалки 7е.Одлична плажа со тиркизна вода.
Не може да не се посети и Парга,прекрасен град,динамичен и жив со многу народ од цела европа.Во 2015 бев сместен во Парга,во 2018 и 2019 бев сместен во Амоудиа но посетата на Парга е неизоставен дел.Плажата ПисоКрионери веднаш после градската Крионери е одлична мала плажа.Плажата Валтос веднаш после тврдината во Парга исто одлична урбана плажа.За паркинг во Парга навечер во сезона можам да кажам само ГудЛак,едно 30 мин вртев наоколу за на крај да чекам да излезе некој од паркингот,да се ослободи место.Цената за 12ч паркинг е 5е,се паркирав во 21ч и госпожата ми рече дека цената е  до 9ч наутро.

Патот до овој дел на Грција е уживање да се вози,има некои си 55-60 тунели,на враќање сопругата ги изброја 57 ми се чини.Вчера си тргнавме во околу 7:15 по наше време,застанавме на 15 мин.пауза и долевање на гориво во Страта пред Гревена,на Грчката граница поминавме за некои си 15-20мин,15-20 мин се задржавме на Фри Шопот ,на Македонската граница се задржавме 0 минути,ниту проверија пасоши ниту ред чекав, во Кавадарци бев во 12:20.На некои места се возеше и по 170-180км/ч.
Се на се поминав 1150км.
« Последно менување: 09 Август 2021, 18:34:19 pm AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3779
Одг: Ова лето, каде на одмор ???
« Одговори #7139 на: 09 Август 2021, 18:42:41 pm »
Кажи нешто повеќе за германката  ;D
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"