Баш така
@Marakana , и јас бев првпат оваа година во Неа Пори, откако ми пропаднаа сите обиди за краците. Јас бев во периодот од 1 до 8 август. За со мали деца е измислено, не сум влегол во потопло море а плажата беше идеална за избегнување гужви во овој период.
Инаку, како што пишав, после бев во Пештани од 10 до 12 август, исто така позитивно изненаден. Голем минус е инфраструктурата, ама од моментот од сместување (сместувањето беше блиску до плажа ама следниот пат би сакал прв ред) е уживање. Избегнат периодот околу 2 август, а навечер немаше воопшто гужва за возење до Охрид. Во Охрид нормално имаше гужва.
Кога си тргнавме бевме до Св Наум и не можев да го препознам местото, не сум бил повеќе од 10 години, ептен има содржини сега. Стигнавме таму околу 9:30 и баш тогаш почнува да се полни, така да кој сака да си фати плажа таму најдобро е тоа време да стигне.
Еве некоја слика од Пештани:
Како и некоја слика од изворот на Дрим во Св. Наум:
Инаку од Скопје до Неа Пори и назад изминати точно 600 км.
После следеше тура од Скопје до Охрид (Пештани) преку Тетово Гостивар, 3 вечери одење до Охрид од Пештани, последниот ден до Св Наум, од таму Демир Капија преку Охрид - Ресен - Битола - Градско (Првпат возев од таму и многу ми се допадна природата од Охрид - Ресен до Битола ,а и патот на оваа релација е измислен во споредба со патот преку Стража. Нормално од Битола до клучката до Е 75 е лош. Истиот ден од Демир Капија стигнав во Куманово, преноќување и утре сабајле одење во Врање на ревакцина, враќање во Скопје (имав работа) и после пак до Куманово. Вечерва стигнав конечно дома во Скопје. Извозена тура (оваа втората) од околу 900 км или вкупно околу 1500 км.
Следниот викенд сум во Струга на свадба (здравје), патот ми омрзна до таму и во дилема сум по кој пат да одам, дали Тетово или Градско.