Околу актуелнава состојба - штотуку вратен од „банкротирата“ Грција.
Во сите маркети - од маалско гранапче до Лидл / Керфур / Маринопулос - се е полно со роба, само боксовите со производи на акција се респродадени.
Бензин има.
Во Превеза имаше редови пред банкомати и толку од кризата. Сите се опуштени, лабави си седат по ресторани и гледаат фудбал - ни со вести не се замараат ?!?
Од што се во криза, на враќање на патарините не почестија со „free pass“ - на одење 2 х 2,4 евра..
Кризата се почустува веднаш штом ја поминавме Меџитлија: ГоЉф дизељ без пола светла али со плаво ванаби ксенон кратко лево светло и лед на табличка ја загади Пелагонија повеќе од РЕК, трактор полн сено и без светла си кулираше со 10 км/ч, никој не почитува правила и прописи - некој од незнаење, некој од комплекси.
И никако да го разберам просечниот македонски „сељак“: Накитени 15+ години возила, а технички тотално неисправни ?!?!?
- Па кога имаат пари за лед сијалички на таблица, вероватно имаат и за позиционо или стоп светло, или не?!?
- Кога имаат пари за надоградба на ксенон, треба да има и за резерни сијалици, или не?!?
- Кога имаат за алуминиумски бандаши, треба да имаат и барем за недеформирани гуми, или не?!?!
А за патиштата низ МК што да се каже - и возењето по знаци е пребрзо за квалитетот на патот !!!!