Лефкада е за мене ептен дива, многу возење има за до убавите плажи, кај и да си сместен. За Кефалонија ми кажаа дека има уште повеќе возење и дека е уште подива така да тешко натака да идам, и ова возење (за возењето низ островот зборам) не беше малце.
За Скијатос имам само пофални зборови, 2 пати сум бил и секогаш радо би се вратил, настрана скапиот траект, да, поскап е островот од другите али мене тоа лично не ми смета, кога идам на одмор не штедам - што ми се прави тоа правам, а тоа е најчесто легачење на плажа. Гиро и остали лапачки ги имам стално во Солун така да не ми се пресудни дали ги има и какви се.
Во Албанија немам намера да одам, нема зашто.
@pirat_07 траектот од Лефкада (Василики) до Кефалонија не е мега скап.
Траектот од Василики до Фискардо чини 112 eur во двата правци за кола и двајца (40 еур за кола, и 8 еур по човек во правец). Се патува 1 час. Има опција и за Фискардо - Сами, ама се патува повеќе и мислам дека е нешто поскапо. За помала кола е нешто поевтино од овие 40 еур.
Инаку Кефалонија е дефинитивно подива од Лефкада, и дефинитивно има доста возење таму ако сакаш да ја видиш и доживееш како треба. Патчињата се доста тесни и со кривини, да речеме од тип на патот до Средно Водно. Еден дел од Фискардо до Аргостоли оваа година се возеше и тотално off road, бидејќи е уништен главниот пат во земјотрес, и во моментов се реконструира. Во секој случај не можеш да возиш брзо.
И на Кефалонија не е све во еден залив. Интересните нешта што треба да се видат се распослани по целиот остров. За илустрација за 8 дена пројдовме 1000 км таму, со цел да видиме што повеќе (секој ден различна плажа, градче и знаменитост што треба да се види).
Мене ептен ми направи ќеиф поготово што ние сакаме да се шеткаме, и не ми е проблем да возам.
Инаку ако сакаш да одиш само на една плажа, не мораш да возиш. Смести се на пример во Ласи, имаш сместување на плажа (Нека ти биде Ориентир White Rocks хотелот). Ама не е поентата на Кефалонија да бидеш само на една плажа (колку и да е убава). Поентата е нејзината дивина, убавина, и душа. За тоа мораш да се возиш
и да шеташ