Кефалонија е поголема од Лефкада, но во еден залив се битните работи - така да е по збиено и нема повеќе возење. Лефкада беше перфекција до пред 4 години, а Кефалонија до преклани. Плажите се поубави на Лефкада. Незнам за каква „урбанизација“ мислите, кога има паркинг, има пат асфалтен (стакло), има лежалки за џабе, има сендвичиња на плажа, има пиење на плажа, има се што е потребно за мене. Не гледам потреба од поголема урбанизација од тоа. Градчиња за шетање исто има доволно. Нема дискотеки, што воопшто не ме занима, дури е и подобро да нема. Фокусот е на денот, не на ноќта.
За неурбанизирано сметам плажа на која нема лежалка, нема продавничка во близина ниту кафич, нема чадори, нема паркинг, и се треба да носам и да крпам. Ништо од тоа не е потребно на овие места што ги споменавме прееска.
Ако мислите на „урбанизација“ како плажата на Солун, па да одиш на плажа и да можеш да се шеташ во Солун вечерта - тоа мене ми е глупост. За онака, океј, за викенд. Меѓутоа за одмор никако. Зрче со „забавите“ демек исто ми е безвезе. Да, интересно е, ама треба да бираш, дали ќе се одлучиш за плажа, или за вечерно излегување, или за двете со помош на наркотички средства. Закинтос е тежок курварник тоа е јасно мислам дека, немам потреба да го видам пак, помина тоа време.
Или плажи со испонапикани што повеќе лежалки во 15-20 реда од морето. Нема логика. Шири-шири-весели пешкири. Ако немаш пари да си купиш плац плажа еби ја мајка ти и намали број на лежалки. Или рокната музика цел ден да ти пукне главата.
Ние го имаме рајот наречен Грција до нас, за кој доаѓаат луѓе на медени месеци од пизде материне, доаѓаат на одмори од Канада и од Нов Зеланд специјално, плаќаат огромни авионски карти, а ние за 30еур гориво сме таму. Односно за 600еур се на се. Е нечинело тоа, ќе одам на друго место. Оди, слободно. Таман да не правиш гужва кај што сум јас.