Според овој оглас, јас треба 45к да ја огласам мојата.
Ти си сопственик и имаш право да огласуваш бараш колку си сакаш што ке 'извлечеш' крајот ке каже пред се треба да си самокритичен и да разбереш и реален кон цената местоположбата каде си куповната моќ на пазарот , не значи дека нема да ја продадеш по замислтена цената која си ја имаш искреирано но за жал тоа нема да ти пројде на овој пазар тука за жал реалноста е таа колку побрзо го разбереш тоа толку полесно ке ти биде.
Крај-краева мачета на врат никој не ставил па да ја продадеш по некоја багателна цена реално колата ти е нова и можеш да си ја ти возиш без да мислиш за друга .
Возилото твое (немам ништо против тебе да се разбереме) ти кажав можев да го споредам само со ауди а5 ми падна на памет па и бмw 320 можеби да шкодата отиде во ранг на ауди а5 со иста година и 286 коња ни во сон на Мак пазар да се продаде тоа покажал пазарот кај нас па колку сакаш да се убедуваме шкода неможе да се продаде по цена на ауди верувај колку побрзо разбереш полесно ке ти биде . Да бидеме реални со самото изнесување на ново возило од салон губиме сите на неговата вредност микро процент во светот е дека ке бидеш во некој си плус после неколку години ако го продаваш
За огласот во врска со Џимнито да нема заблуди тоа возило не е мое ниту го знам човекот ниту јас продавам , од Куманово познавам дваица едното е jungle green ентузијастички направено со многу опрема плус и едно црно на еден млад дечко , се запознаваме на еден собир во Крива Паланка минатата година за офф роуд возила.
Ова Џимни има многу дополнителна опрема верувам дека ке си најде дом и радост во вистински раце вакви возила се емоција љубов и неможе да се опише / ваквите возила се далеку поскапи било каде на пазарот надвор од тука и се многу ретки со што и и ги прави на цена ги нема нон стоп по улици па реално и тука си држат цена бидејки вредат секоја пара за тоа што нуди и за каква намена е.
Микси уште еднаш срекно со продажбата .