Дечки изгледа самсунгов више подолго време има проблем со батеријата..
Значи се работи за нов S9 купен од iButik на 10.9.2018.. Телефонов после 2/3 недели приметувам дека слабо ми држи батеријата.. На 1 месец користење инсталирав phone info и ми покажа 92% health.. Ајде си викам ок е можи така излагаат фабрички... После некое време влагам на апликацијата и ми пишува 89%... И правец јас во ајбутик да видам штое.. Дечкото ми вика слабо држат батерија тие с9ките, нема гајле, почекај ваљда некој апдејт ќе го средат.. Во меѓувреме направи ресет, пробај со други полначи..
Ајде викам да не напинам и уште другата ден му направив ресет.. Пробав со Mi екстерна батерија и со хуавеј полнач, во меѓувреме стигнаа 2 апдејти.. меѓутоа пак батеријата е срање...
Заборавив да кажам првото ми ваѓаше околу 3 до 3ипол часа screen on.. Еве баш денеска од сабајле 22% и користен само 2ч41м.. На phone info кажува 87% health...
Прашањето ми е што да превземам.. Дали да појдам да ми сменат батерија.. Од каде да знам дека ќе стават оргинална батерија ? Некој друг предлог ?