Не се слагам со „good enough for what they cost“ моментот. Навредлив е, особено за флегшип уредите. Споредбата со Nexus 4 од 2012 и iPhone 6 од 2014 е одличен пример. Еве одлична тазе споредба меѓу iPhone 6, HTC One M8 и Samsung Galaxy S5. Разликата во цена е незначителна. Разликите во функционалност се значителни.
Епл одлично го игра маркетингот, I'll give them that. На времето беа и технолошки предводници, сега веќе не се. Сега каскаат зад многу од flagship Андроид уредите. Сега за сега, сè уште фрагментацијата е значителен проблем кај Android, ама полека-полека се освестуваат вендорите и си прават доволно чисти и стабилни и оптимизирани верзии за своите уреди.
Ја се слагам до негде со тоа. Имено, Андроид телефоните мораат да набијат многу хардвер под хауба, за да може да работи ОС-от (мање-више) како што треба. Со ајФон тоа не е случај. Викам до негде, поради тоа што не ја оправдувам цената на ајФонот. До пред некоја година, да, можда и можеа да си дадат слобода да се курчат, ама сега веќе не, баш поради тоа што за тие пари ќе најдеш доволно добар (ајде де, сосема солиден) Андроид телефон.
Епл веќе година дена имаат 64 битна архитектура, кај Андроид тоа сеуште не е случај. Така да, не е дека не се технолошки предводници. Нивната дуал-кор конфигурација со 1 ГБ РАМ ќе си работи многу поубаво и (веројатно) побрзо отколку квад (или окта)-кор со 2 ГБ РАМ кај некој флегшип Андроид дивајс. Андроидите мораат да набијат све и свашта за да можат (на папиру) да понудат нешто повеќе и за да ја оправдаат бараната цена. Тоа не значи дека се технолошки понапредни (Хјундаи со брдо опрема не е технолошки понапредно од Мерцедес со клима и серво).
Сите побитни ствари (од сајтови, до слушалки, приклучоци за во кола итн итн.) прво се оптимизираат за Епл, не за Андроид. На пример, оди на некој странски информативен портал, или еве да речеме на National Geographic... Ќе најдеш верзија од сајтот (или од магазинот) за iPad, но не и за (било кој) Андроид. Мене ми понудија digital subscription за многу поволна цена, арно ама за iPhone/iPad, не за Андроид. Сеуште нема официјална ПејПал апликација за Андроид. Слушалки од реномирани производители велат "iPhone/iPod/iPad compatible". Со моите слушалки имав комплетна контрола за медиа плеерот на ајФонот. На Галаксиво можам само плеј/пауза да правам. За у кола вика "... where you can plug in your iPod" итн итн...
Едино Епл тераа инает со големината на дисплејот, ама сакале/нејќеле ќе мораат да си ја признаат (а веќе и со новиве телефони ја признаваат) грешката дека не процениле баш најдобро. Само во тој дел (веќе сериозно) каснат зад Андроид телефоните.