Автор Тема: Во потрага по компактен СУВ  (Прочитано 61387 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Re: Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #300 на: 27 Февруари 2013, 18:00:54 pm »
Da se vratam na tema, mene licno od SUV najvise mi se svidja Mazda CX-7.

и тата би сине

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #301 на: 27 Февруари 2013, 18:17:18 pm »
Mazda CX-7 e nevideno nesto. Top izrabotka. Ama sigurno e i preskapo.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #302 на: 27 Февруари 2013, 18:18:12 pm »
Ако не се лажам 37 беше почетна.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #303 на: 27 Февруари 2013, 18:19:51 pm »
Auuuu 37K EUR ?? Bolni se japoncive. Za 37K se kupuvaat 4 Ladi Nivi i ostanuvaat pari za gorivo.
Ili Amarok i Golf VII :).

Strasno. Prosto se voshituvam kako ima lugje bez pamet da dadat tolku pari za toa.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55019
  • Махер
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #304 на: 27 Февруари 2013, 18:25:35 pm »
Каков CX-7 какви бакрачи...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #305 на: 27 Февруари 2013, 18:38:48 pm »
Mnogu e dobra izdizajnIrana Mazdata. Vidov edna i top bese. Vnatre enterierot e najsovrsen.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #306 на: 28 Февруари 2013, 00:58:43 am »
Пред пола година имаше еден CX-7 со 2.3L DISI turbo 260KS бензинец 4х4 од 2008-ма или 2009-та, го имаше некој од Св. Николе(или друго мало место) кој го земал од газдата на Аутокомерц (ваљда долгови). Изминати под 50К километри, сочуван коска. Го продаваше под 20К. Едно време ме фати еуфорија и мегаломанија да го купам, ама од пустиот стамбен кредит и останати долгови не си го приуштив тоа задоволство.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен joco225

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 59
Одг: Re: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #307 на: 28 Февруари 2013, 09:23:16 am »
Cx-7 benzinec se naoga sega za okolu 15000€

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Re: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #308 на: 28 Февруари 2013, 09:28:39 am »
Cx-7 benzinec se naoga sega za okolu 15000€

CX-7 бензинец многу повеќе ќе седи на паркинг, а многу помалку на пат.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #309 на: 28 Февруари 2013, 09:53:51 am »
Zasto be druze ?

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #310 на: 28 Февруари 2013, 10:55:54 am »
Одиме понатаму. Volvo XC60. Прво да кажам дека Волво салонот е еден од подобрите во градов во однос на услуга и професионалност (во продажниот дел, за сервис не сум имал искуство :) ). Барајќи и размислувајќи што СУВ да купам, почнав да размислувам и за евентуално зачекорување во таа премиум класа каде што спаѓа и Волво -то.Еден од фаворити ми е во поглед на изглед и дизајн, и отидов до салон за да видам колку тоа чини , што би се добило и слично. Луѓето ми направија понуда со разни нивоа на опрема и Д3 и Д5 мотори, и исто ми направија,  што е многу професионално  и за пофалба цела сервисна ценовна симулација. Односно колку би чинел секој сервис  и што треба да се замени како потрошен дел или материјал.

Самите тие ми понудија и да направиме тест возење и тоа во тој момент пократко (обиколница), и исто ми го понудија возилото на 24 часа наредните денови. Возилото беше со Д5 мотор, автоматски менувач и со SUMMUM ниво на опрема и можеби плус  надградено со некои фини ситници. Од опрема имаше буквално све (вклучувајќи го и нивниот радар во маската што за детектирање на препреки и  автоматско  кочење  ако има препрека а не почнеме да кочиме (мислам дека овој систем работи до 30 км/ч). Овој систем не го пробав :) ), како и кожни седиштa.

Излеговме на возење на обиколница и морам да признаам дека едноставните и чисти линии на ентериерот ми се бендисаа.. Онака делува луксузно, ама не претенциозно, не претерано. Материјалите личат квалитетни, ништо не крцка и удобно се седи. Го пробав онака на поголема брзина, и е  доста е стабилно иако го нема картинг чуството од X1 -oт, или дури и Тигуан -от.

Главна замерка ми се виде, дека на дупките на Косовска магистрала, некако тврдо поминавме и ко со малку подскокнување. Се вративме во салон, и договоривме да го пробам наредните денови на 24 часа. После неколку дена го подигнав на ручек и требаше да го вратам утредента. Дестинација ни беше до Маврово, Галичник и од таму до Охрид, па назад до Скопје. Инаку да спомнам едно нешто што не знам зашто мене ме одушеви :) . Автоматско отворање на багажникот :). Не можев да се изнарадувам на оваа опција, не знам зашто толку ме бендиса (веројатно дека сакам геџети :) ). После пола саат возење низ Скопје, тргнавме на автопат према Маврово. Прво го возев во автоматски мод на менувачот и возењето на автопат е одлично. .Не се чуствува брзината, не клати (иако пак ќе напоменам го нема картинг чуството од X1 или Тигуан).

Волвото е онака софистицирана кола, така бар се чуствува. Имав замерка за подпирачот за лакт, кој што веројатно за мојата позиција на седење не ми одговараше (мислам дека не може да се подесува напред/назад), односно ми беше назад, и двата лакта не ми беа потпрени рамномерно, и ако сакав да се подпрам, ме тераше да седам искривен.Втора замерка е отворот на самата врата (во горниот дел од вратата), е баш отвор и не можеш да ставиш ништо таму (нема дно тој дел, и ако ставиш нешто ќе падне). Исто ми фалеа разни места за ствање ситници (на пример мобилни и слично). Стигнавме до кривините пред Маврово, и едно нешто ме изненади. По кривините не го осетив стабилен, и го осетив малку камионесто, односно ко да се бори со кривините, чуство што правеше да сепак предпазливо влезам во кривините. Не се вклучи ни еднаш ЕСП, ама чуството беше такво. Се дури не променив во мануелен мод на менувачот. Кога го направив тоа, одеднаш веќе го немав тоа нестабилно чуство, туку си беше како треба. Да речеме дека на рестото од патот го користев аутоматскиот мод на рамни , прави и cruising делови, а кога возев по кривини или поагресивно возев, го користев мануелниот мод (автоматскиот менувач односно изведбата и начинот на користење  кај волвото е светлосни години подобар од автоматскиот кај Хонда ЦРВ на пример).

Стигнавме до Галичник, па се вративме назад и продолживме према Охрид. Моторот цело време има торк и има снага, и е доста тивок и рафиниран. На кривините кај Пресека ми се потврди уште еднаш дека по кривините многу подобро вози кога сум во мануелен мод, од колку во автоматски (или па јас не знам да возам, па вака повеќе ми одговараше :) ). Остана замерката дека понекогас по дупки подскокнува и го има тоа малку камионесто чуство. Втора да ја наречам замерка, е што ми се виде дека на задната клупа нема толку многу место, ко на пример Honda CRV ама сепак тамам.Утредента возев од Охрид директно до Скопје, и тоа бидејќи брзав на работа, возев малку побрзо. Останува тоа чуство.. Софистицирано, удобно, ама сепак има одредени фалинки на име на дизајнот (на пример подпирачот за лакт). Добро вози, ама сепак тоа подскокнување... Стабилно е , ама  сепак не е најстабилно по кривините дури не префрлам во мануелен мод (и тогаш го нема чуството на картинг од X1).Големо е, ама сепак на задната клупа ми се виде тесно.Инаку чуството на квалитетот на материјалите внатре е далеку над Хонда, Митсубиши, Нисан..

Го вратив, ја видов уште еднаш понудата од моделот што ме занимаше (опрема, боја и слично),и  решив да преспијам и да размислам што и како. Тие денови размислувајќи ми налета половно Волво XC60 со дипломатски таблички (веќе имам купено возила со дипломатски таблички и целата процедура е тотално сигурна), кое што беше 3 години старо, со 40000 км поминати, со Д5 моторот и со мануелен менувач. Цената околу 25000 еур.Се чувме и имаше два проблема :) . Првиот што баш утредента одат на одмор, и се враќаат во моментот кога јас заминувам, што би знацело дека ќе може да го пробам и да се видиме дури после 1 месец, и што тоа се случуваше во Јуни, а 3 години во Македонија (услов за да може да се регистрира ЦД возило без давачки на македонски таблици), истекуваа во Септември и дури тогаш можев да го купам (а требаше да го платам пред да заминат од македонија, или барем еден дел). Мал проблем беше што тие ја напуштаа македонија крај на Август, па ќе требаше малку да комплицираме околу целата процедура. Сепак се договоривме да се видиме кога ќе се вратиме од одмори. Се случи и тоа, помина тој еден месец. Се чувме и се договоривме да го пробам возилото попладнето. Само што спуштив телефон, после пар минути  го видов возилото на перење во пералните во моја околина (испадна дека со сопственичката (Македонка мажена за дипломат), сме комшии, односно дека живеела во соседната зграда :) ). Само што го донела на перење после викенд. Ги замолив во пералната да го видам, и ми дозволија и да седнам. И СЕ РАЗОЧАРАВ. Толку валкано возило  не сум видел (цело беше со песок од плажа, дури и околу отворите за вентилација). Исто интериерот беше изгребан, а и надворешноста беше со ситни гребаници. Исто овде имаше некој подруг и многу смешен дисплеј за CD на пример и се разликуваше од она што го возев јас. Самите седишта беа излижани, и да не поверуваш дека во три години може толку да биде пропаднато. Сепак се договоривме да го пробам, свртевме на обиколница, и некако...Решив да размислам, пар денови, па да се чуеме.. Дефинитивно беше добра цена, ама па и тоа е релативно со оглед на ситните ама битни детали на оштетеност и гребаници.. Требаше да одлучам до крајот на Неделата. Исто во Сабота истата недела договорив во Ниш возење на Mazda CX5, па тамам веќе можев да пресечам...

Само ќе ви кажам дека одлучив да не купувам поволно возило , и да не купувам Волво :)

Наредно возило: Mazda CX5


Поздрав


Дарко
« Последно менување: 28 Февруари 2013, 11:52:03 am zeroSignal »

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20680
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #311 на: 28 Февруари 2013, 10:59:53 am »
Една мала препорака и од мене...

Користи параграфи, нови редови и некакво делење во целини, пошто вака е многу тешко за читање, а текстовите ти се одлични.

Поздрав,

Јас :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6487
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #312 на: 28 Февруари 2013, 11:14:25 am »
На крај мислам дека ќе не изненадиш со Mercedes GLK? :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #313 на: 28 Февруари 2013, 11:14:50 am »
Една мала препорака и од мене...

Користи параграфи, нови редови и некакво делење во целини, пошто вака е многу тешко за читање, а текстовите ти се одлични.

Поздрав,

Јас :)



Проблемот е што едвај најдов време и ова да го напишам. Ама ќе се потрудам :)


Поздрав

Дарко

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10975
  • 430i
Одг: Во потрага по компактен СУВ
« Одговори #314 на: 28 Февруари 2013, 11:21:10 am »

Колку епизоди има сезонава, да ги симињам сите по една или цела да ја симнам? :D
И дали ќе има втора сезона, со друг тип на возила да речеме? :)

Луѓето ми направија понуда со разни нивоа на опрема и Д3 и Д5 мотори, и исто ми направија,  што е многу професионално  и за пофалба цела сервисна ценовна симулација. Односно колку би чинел секој сервис  и што треба да се замени како потрошен дел или материјал.

Јас ова кај нас во салон не сум го доживеал. За секоја пофалба :)