Автор Тема: Цена на горива  (Прочитано 1316043 пати)

Отсутен Ineedmoney

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Цена на горива
« Одговори #11175 на: 30 Август 2022, 09:40:29 am »
Другар ако мислиш на десулфуризација на дизелот, сметав на тоа кога го пишував истото. Така да НЕ е иста цената на производство и дестилација на истите. Дизелот е и ќе остане поефтин за добивање, освен ако не се измениле принципите на разделување на дестилатите и хемијата околу нив што е позната во последниве 150 години. :)

Затоа пишав освен набавната цена на сурова нафта и цената на преработката на истата, ударно е маржата на дистрибуција и данок. 

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43550
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #11176 на: 30 Август 2022, 10:49:22 am »
Да, но имаш неколку видови на дизел гориво. Со високо ниво на сулфур, со ниско ниво на сулфур и со ултра ниско ниво на сулфур. Ова последново е далеку потешко да се произведе, а е оноа што го куппуваме за автомобилска употреба.  Процесот подразбира да помине дизелот низ реактор со катализатор (хидроген гас), за да се добие. Што помалку сулфур, тоа повеќе хидроген гас треба. Башка есап, вложување во нови технолошки процеси. Некаде до 10% е поскапо рафинериското производство на ULDF во однос на LDF, а многу поскапо во однос на дизел со високо ниво на сулфур (за бродски танкери и TDI).
Така да, не е „баш“ така поефтин дизелот за производство. И друг фактор, суровата нафта која се користи, има различни „нивоа“ на бензин и дизел во себе. Има 4 класи на сирова нафта A, B, C и D. Првата содржи најмногу бензин, додека Б и Ц, далеку помалку.
Еве еден (ориентационен) график од барел сирова колку се добива:



Во овој случај, скоро дупло се добива бензин од дизел. Не е секаде така, но со Light Crude Oil рафинериите, најчесто повеќе бензин од дизел се добива. Башка есап, тој дизел треба да се дообработи со реактор, за да се добие дизел за коли.

Помина тоа време кога нафтата беше „шљамот“ од дестилацијата, па ќе има ефтина рафинериска цена.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 539
Одг: Цена на горива
« Одговори #11177 на: 30 Август 2022, 11:14:30 am »
Затоа купуваш Голф 1 дизел и оди на се што излегува од бурето погоре, плус уште неколку други производи од растително потекло :D
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10253
Одг: Цена на горива
« Одговори #11178 на: 30 Август 2022, 11:19:25 am »
Сите ќе осетат поскапување, со качување на цени сите ќе качат цени за сите работи
бидејќи имаат поголем деловен трошок. И храна и струја и вода.

Богатиот побогат сиромавиот посиромав.
Бидејќи сме претежно на фиксен приход.
Така изјави некоја од баграва, демек на сиромајве исто им сњ фаќало. Абе глаата да им ја оцепиш.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10253
Одг: Цена на горива
« Одговори #11179 на: 30 Август 2022, 11:26:44 am »
Ја вела да се откажиме од екологијата.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Цена на горива
« Одговори #11180 на: 30 Август 2022, 11:39:41 am »
Затоа купуваш Голф 1 дизел и оди на се што излегува од бурето погоре, плус уште неколку други производи од растително потекло :D

Памтам како малечкок, мешаа 50-50 размер, црвена нафта и зејтин од фритеза. Иде швабо не се дава.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Цена на горива
« Одговори #11181 на: 30 Август 2022, 12:09:31 pm »
Да, но имаш неколку видови на дизел гориво. Со високо ниво на сулфур, со ниско ниво на сулфур и со ултра ниско ниво на сулфур. Ова последново е далеку потешко да се произведе, а е оноа што го куппуваме за автомобилска употреба.  Процесот подразбира да помине дизелот низ реактор со катализатор (хидроген гас), за да се добие. Што помалку сулфур, тоа повеќе хидроген гас треба. Башка есап, вложување во нови технолошки процеси. Некаде до 10% е поскапо рафинериското производство на ULDF во однос на LDF, а многу поскапо во однос на дизел со високо ниво на сулфур (за бродски танкери и TDI).
Така да, не е „баш“ така поефтин дизелот за производство. И друг фактор, суровата нафта која се користи, има различни „нивоа“ на бензин и дизел во себе. Има 4 класи на сирова нафта A, B, C и D. Првата содржи најмногу бензин, додека Б и Ц, далеку помалку.
Еве еден (ориентационен) график од барел сирова колку се добива:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Во овој случај, скоро дупло се добива бензин од дизел. Не е секаде така, но со Light Crude Oil рафинериите, најчесто повеќе бензин од дизел се добива. Башка есап, тој дизел треба да се дообработи со реактор, за да се добие дизел за коли.

Помина тоа време кога нафтата беше „шљамот“ од дестилацијата, па ќе има ефтина рафинериска цена.
Сакаш да кажеш дека целава прича што ја испиша се случуваше задњиве неколку месеци?

Отсутен Ineedmoney

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Цена на горива
« Одговори #11182 на: 30 Август 2022, 13:40:48 pm »
Благодарам што си се потрудил да преведеш од интернет. Бидејќи сакаш така да го кренеме нивото на дискусијата.  :)

Да, но имаш неколку видови на дизел гориво. Со високо ниво на сулфур, со ниско ниво на сулфур и со ултра ниско ниво на сулфур. Ова последново е далеку потешко да се произведе, а е оноа што го куппуваме за автомобилска употреба.

Како тоа имаш неколку видови на дизел гориво? Како е тоа потешко за производство? Од што зависи тоа?

Процесот подразбира да помине дизелот низ реактор со катализатор (хидроген гас), за да се добие. Што помалку сулфур, тоа повеќе хидроген гас треба. Башка есап, вложување во нови технолошки процеси.

Ако збориш за процесот HDS( кој е еден од неколкуте), треба да знаеш како функционира истиот. Отранување на алифатични и ароматични соединенија кои содржат сулфур, при претварање на истите до сулфуроводород, при што се користат никел-молибден катализатори.
Тоа болдираното на нашки се вика водород или водороден гас. Инаку самиот водород се добива со кракирање на јаглеводородните низи, во случајов така да есапов не ти иде. :)


Некаде до 10% е поскапо рафинериското производство на ULDF во однос на LDF, а многу поскапо во однос на дизел со високо ниво на сулфур (за бродски танкери и TDI).

На индустриска скала во сет на дестилациони колони, кои се потрепени и врзани во низа, како и ефикасноста на самите процеси во денешно време не претставуваат скоро никаква разлика. Многу јасно дека можеш и да не го обработиш, но која е поентата на тоа. Имаш и повеќе процеси, за кој точно правиме муабет тука?

Така да, не е „баш“ така поефтин дизелот за производство. И друг фактор, суровата нафта која се користи, има различни „нивоа“ на бензин и дизел во себе. Има 4 класи на сирова нафта A, B, C и D. Првата содржи најмногу бензин, додека Б и Ц, далеку помалку.
Еве еден (ориентационен) график од барел сирова колку се добива:

Епа праксата и науката и индустријата викаат дека е поефтин дизелот за производство. :)
Зависно која класификација гледаш, има неколку типови на истата. Затоа одредени постројки се направени за специфичен тип на сурова нафта.
Значи продукт кој треба да го редестилирам повеќе пати, и притоа самиот процес да трае подолго, и притоа да потрошам повеќе енергија е поефтин?  ;D


Во овој случај, скоро дупло се добива бензин од дизел. Не е секаде така, но со Light Crude Oil рафинериите, најчесто повеќе бензин од дизел се добива. Башка есап, тој дизел треба да се дообработи со реактор, за да се добие дизел за коли.

Абе и бензинот се обработува, само кој да каже. И тој има процес низ кој поминува. Зависно кој тип на сурова нафта користиш, не можеш така од рака да фрлиш, дека добиваш дупло.

Помина тоа време кога нафтата беше „шљамот“ од дестилацијата, па ќе има ефтина рафинериска цена.

Да се повторам, доколку има некој нов процес и хемијата се изменила, тогаш ќе бидеш у право. Се до тогаш... :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Цена на горива
« Одговори #11183 на: 30 Август 2022, 13:48:45 pm »
Ама пофраерски е да се каже хидроген, карбон...
Водород , јаглерод, не е во мода :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43550
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #11184 на: 30 Август 2022, 14:07:22 pm »
Сакаш да кажеш дека целава прича што ја испиша се случуваше задњиве неколку месеци?

Рафинериската цена на дизелот како дериват, со години е поскап од бензинот. Одамна е така. Еве една рандом одлука најдов од 2014: https://www.erc.org.mk/odluki/ND-C%2010%2003%202014%20-%20ODLUKA%20ZA%20CENI%20NA%20ND%20(со%20образложение).pdf


ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 39,977
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 41,155

Еве од друга одлука од 2010 година:

ЕУРОСУПЕР БС - 95 до 31,024
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) до 31,836

Еве и најдалеку што можев да се вратам:
20.03.2006

МБ-96    (ПРЕМИУМ)                             до        25,724 -
БМБ-90  (БЕЗОЛОВЕН РЕГУЛАР)            до         25,531       -
БМБ-95  (БЕЗОЛОВЕН ПРЕМИУМ)          до         25,956      б)
Дизел гориво     ден/лит       - Д    (ДИЗЕЛ)  до    29,488



Одамна квалитетниот дизел е поскап од бензинот. Но, со акцизите и давачките беше (е) привилегиран заради стопанството. Сега уште имаме поголема разлика заради supply/demand синџирот.
« Последно менување: 30 Август 2022, 14:13:31 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ineedmoney

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Цена на горива
« Одговори #11185 на: 30 Август 2022, 14:25:01 pm »
Одамна квалитетниот дизел е поскап од бензинот.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43550
  • Il Moderatore
Одг: Цена на горива
« Одговори #11186 на: 30 Август 2022, 14:28:09 pm »
Ок.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10253
Одг: Цена на горива
« Одговори #11187 на: 30 Август 2022, 14:29:14 pm »
значи не ни треба квалитетен дизел, туку ефтин. Ја не зна што не разбираат овие од регулаторна.

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Цена на горива
« Одговори #11188 на: 30 Август 2022, 16:43:25 pm »
до пред 1-2 год. или цел живот возев бензин и тој беше доста поскап од нафтата, сега сменив на дизел и таа меретна стана >10% поскапа од бензинот да ти се плукнам во среќата

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54918
  • Махер
Одг: Цена на горива
« Одговори #11189 на: 30 Август 2022, 16:59:22 pm »
до пред 1-2 год. или цел живот возев бензин и тој беше доста поскап од нафтата, сега сменив на дизел и таа меретна стана >10% поскапа од бензинот да ти се плукнам во среќата
Секако бензин ќе ти трошеше 30-50% повеќе, така да, океј си.