Благодарам што си се потрудил да преведеш од интернет. Бидејќи сакаш така да го кренеме нивото на дискусијата.
Да, но имаш неколку видови на дизел гориво. Со високо ниво на сулфур, со ниско ниво на сулфур и со ултра ниско ниво на сулфур. Ова последново е далеку потешко да се произведе, а е оноа што го куппуваме за автомобилска употреба.
Како тоа имаш неколку видови на дизел гориво? Како е тоа потешко за производство? Од што зависи тоа?
Процесот подразбира да помине дизелот низ реактор со катализатор (хидроген гас), за да се добие. Што помалку сулфур, тоа повеќе хидроген гас треба. Башка есап, вложување во нови технолошки процеси.
Ако збориш за процесот
HDS( кој е еден од неколкуте), треба да знаеш како функционира истиот. Отранување на алифатични и ароматични соединенија кои содржат сулфур, при претварање на истите до сулфуроводород, при што се користат никел-молибден катализатори.
Тоа
болдираното на нашки се вика водород или водороден гас. Инаку самиот водород се добива со кракирање на јаглеводородните низи, во случајов така да есапов не ти иде.
Некаде до 10% е поскапо рафинериското производство на ULDF во однос на LDF, а многу поскапо во однос на дизел со високо ниво на сулфур (за бродски танкери и TDI).
На индустриска скала во сет на дестилациони колони, кои се потрепени и врзани во низа, како и ефикасноста на самите процеси во денешно време не претставуваат скоро никаква разлика. Многу јасно дека можеш и да не го обработиш, но која е поентата на тоа. Имаш и повеќе процеси, за кој точно правиме муабет тука?
Така да, не е „баш“ така поефтин дизелот за производство. И друг фактор, суровата нафта која се користи, има различни „нивоа“ на бензин и дизел во себе. Има 4 класи на сирова нафта A, B, C и D. Првата содржи најмногу бензин, додека Б и Ц, далеку помалку.
Еве еден (ориентационен) график од барел сирова колку се добива:
Епа праксата и науката и индустријата викаат дека е поефтин дизелот за производство.
Зависно која класификација гледаш, има неколку типови на истата. Затоа одредени постројки се направени за специфичен тип на сурова нафта.
Значи продукт кој треба да го редестилирам повеќе пати, и притоа самиот процес да трае подолго, и притоа да потрошам повеќе енергија е поефтин?
Во овој случај, скоро дупло се добива бензин од дизел. Не е секаде така, но со Light Crude Oil рафинериите, најчесто повеќе бензин од дизел се добива. Башка есап, тој дизел треба да се дообработи со реактор, за да се добие дизел за коли.
Абе и бензинот се обработува, само кој да каже. И тој има процес низ кој поминува. Зависно кој тип на сурова нафта користиш, не можеш така од рака да фрлиш, дека добиваш дупло.
Помина тоа време кога нафтата беше „шљамот“ од дестилацијата, па ќе има ефтина рафинериска цена.
Да се повторам, доколку има некој нов процес и хемијата се изменила, тогаш ќе бидеш у право. Се до тогаш...