Е па дечки еве по толку време [пошто нели претходно наводно колата нешто не ми чинела, па незнам како сум го заебал (длабоко испразнил) акумулаторот, сум имал плин инсталирано и триста други глупости само за да не ми ја признаат гаранцијата, па за малку работата до суд... - СРАМОТА за Топла!].
Со EXIDE сум буквално презадоволен и ама ич не го штедам. Уклучувам инвертер на него, си пунам телефони или гледам филмчиња на лаптоп, навечер у викендица светилка, палам со кабли други коли на кои им откажал акумулаторот и тоа саглам верглање ... А бе нешто коа е квалитет нема тука трте мрте, башка нема сервис под гаранција - ти го мењаат без било каков приговор! Сеа еве иде и зима, ич не се сомневам дека ќе биде гром, убаво ми рече еден пријател на форумов за Топлата дека ќе ми откаже и тоа онака цак-цак (и на негов пријател се случило истот, а после разбрав и за други...). ГМ-от (фабричкиот) му го дадов на баџанакот и еве уште го вози, слаб беше тој за моите захтеви
Значи EXIDE ви го препорачувам со топло срце. Не е рано да се каже по сите мои тестирања и познавања на галванските елементи, а и да се случи тоа (електро-хемиски процес е да га јебеш), добиваш нов - уште и ќе ти го монтираат
Ми се свиѓа и тоа што се стално тазе - брзо се трошат... Не се бадијала бр.1 у светот, може ние што сакаме тука да збориме!