Автор Тема: Замена на свеќици  (Прочитано 46847 пати)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #105 на: 14 Септември 2015, 00:25:05 am »
Ќе ги отштрафиш двата долги штрафови на бомбината (тие само проаѓаат низ бомбината) и ќе ставиш два со оној дијаметар и навој од бомбината, само колку да навлезат. Ќе ги фатиш штрафовите со двете раце и ќе креваш нагоре.  :) Поинаку е позафркнато, не пробувај од кај конекторот да влечеш нагоре во никој случај.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #106 на: 14 Септември 2015, 00:27:16 am »
Пак е тешко... треба да ставиш метална лајсна (како рачка) помеѓу штрафовите или со лост да ги влечеш штрафовите нагоре за главата.

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1914
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #107 на: 14 Септември 2015, 00:45:09 am »
Така најдобро. Кај мене на Астрата излезе како подмачкана додека кај Корсата беше ептен запечена..

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #108 на: 23 Јануари 2016, 01:50:53 am »

Да не знае некој Бис Оил дали имаат продавница негде, или е само објектот во Сарај?

??
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #109 на: 27 Јуни 2016, 16:16:02 pm »
Дали и колку е тешко/комплицирано да се сменат свеќици?

Колку е безбедно и препорачливо чоек што нема искуство со тоа, да се нафаќа на таков зафат?

Дали мора задолжително да се сменат и кабли?

Успут, која е чекор-по-чекор процедурата?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5046
  • The Spartan General
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #110 на: 27 Јуни 2016, 16:30:32 pm »
...

Ќе ми дојдете комплет со невестата на гости, заедно ќе ги смениме (имам цела апаратура/гарнитура). Таман и јас се мислев на мојата да ги сменам (не сум ги порачал).

За тешко, не е тешко. Откачуваш клема (а и не мора), откачуваш бобина/кабел, развртуваш свекица, ставаш нова. Стегаш од 20 - 30 Nm (зависи по пропис колку е, обично пишува на самото пакување на свекиците). Закачуваш кабел/бобина. Одиш на следна свеќица.

Треба да се пази е да не се оди развртување на сила, удирање, итн. А кога се стега, се пази да не се прескокне винт. Затоа се навртуваат со рака за да осетиш дали оди лесно или не, па дури после заигрува момент клуч.  :)
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #111 на: 27 Јуни 2016, 17:21:48 pm »
Глеав на Јутјуб и не изглеа као некоја философија, ама па сепак не би ми било свеедно :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #112 на: 27 Јуни 2016, 17:51:59 pm »
Најбитно од се е да пазиш да не ти падне нешто внатре кога ке ја извадиш старата. Исто пази кога ке ја ставаш новата свекица, пази навојот да не го фатиш на страна. Во принцип тоа е тоа. Не е некоја филозодија.
Едит: Пази и каблите да не ги помешаш.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #113 на: 27 Јуни 2016, 17:57:06 pm »
Глеав на Јутјуб и не изглеа као некоја философија, ама па сепак не би ми било свеедно :)


Едноставно е Штрумф, дури и јас сум менувал во два наврати, и тоа на боксер мотор. :) Не користев момент клуч како што сугерира Луки, ама сосема океј помина процедурата и на вадење на старите, и на ставање. :)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #114 на: 27 Јуни 2016, 18:00:18 pm »
Немора момент клуч, али пожелно е.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #115 на: 27 Јуни 2016, 21:09:27 pm »
Најбитно од се е да пазиш да не ти падне нешто внатре кога ке ја извадиш старата. Исто пази кога ке ја ставаш новата свекица, пази навојот да не го фатиш на страна. Во принцип тоа е тоа. Не е некоја филозодија.
Едит: Пази и каблите да не ги помешаш.

А треба да се менуваат кабли? Плус, како би се помешале кабли? Ко што видов на видео, има посебни каблиња што си водат до секоја свеќица, и доста тешко изглеа дека би можело да се смеша нешто (освен ако ептен не пробаш нешто намерно :)).

Глеав на Јутјуб и не изглеа као некоја философија, ама па сепак не би ми било свеедно :)


Едноставно е Штрумф, дури и јас сум менувал во два наврати, и тоа на боксер мотор. :) Не користев момент клуч како што сугерира Луки, ама сосема океј помина процедурата и на вадење на старите, и на ставање. :)

Абе личи едноставно, ама фуфка :D

Каков е тој момент клуч? Со подесување на Њутни? На видеово типот со обичен „Т“ се служеше.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг:
« Одговори #116 на: 27 Јуни 2016, 21:47:55 pm »
Пожелно е ама ретко кој кај нас ги почитува тие работи, нашиве мајстори користат само за стегање на глава момент клуч.

За свеќици немаш гајле, со обичен клуч и со осет стегни си.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #117 на: 28 Јуни 2016, 02:41:06 am »
45 степени стегни ги, или во превод, 1/8 круг направи со клучот од моментот кога ќе почне да чувствуваш дека веке стега свекицата, нема никаква потреба за момент клуч, нема половина круг да ги затегаш од моментот кога ке почнат да стегаат.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг:
« Одговори #118 на: 28 Јуни 2016, 06:51:46 am »
Штрунф, кабли немораш да менуваш ако се добри. Ке провериш да не се испукани или поткинати некаде. Или навечер во скрос темно запали ја колата и отвори хауба и види дали светка околу каблите, ако светка, менувај. Ако се во ред тогаш терај. Незнам како стојат каблите на лансерот, но на многу коли можат лесно да се помешаат, затоа така и пишав. Најпамето не ги вади сите кабли од еднаш туку иди еден по еден. Извади кабел, смени свекица и врати кабел и така со останатите.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Замена на свеќици
« Одговори #119 на: 28 Јуни 2016, 08:25:34 am »
Тоа е тоа, како што кажа Жиле. Ако китот кабли е наменски за автомобилот, веројатно и се различни по должина. Па процедурата е следна: вадиш стар, споредуваш по должина, ставаш нов.
Иначе кабли мислам немаат сервисен интервал туку се менуваат кога ќе почнат да прават проблем. Тоа е малку ризично бидејќи сум слушнал дека дотраен кабел става додатен отпор во бобините и им го скратува животниот век. Ако не се нешто мега/гига скапи, замени ги па ќе си имаш peace of mind барем исто толку години колку што ја поседуваш колата до сега.