...
Ќе ми дојдете комплет со невестата на гости, заедно ќе ги смениме (имам цела апаратура/гарнитура). Таман и јас се мислев на мојата да ги сменам (не сум ги порачал).
За тешко, не е тешко. Откачуваш клема (а и не мора), откачуваш бобина/кабел, развртуваш свекица, ставаш нова. Стегаш од 20 - 30 Nm (зависи по пропис колку е, обично пишува на самото пакување на свекиците). Закачуваш кабел/бобина. Одиш на следна свеќица.
Треба да се пази е да не се оди развртување на сила, удирање, итн. А кога се стега, се пази да не се прескокне винт. Затоа се навртуваат со рака за да осетиш дали оди лесно или не, па дури после заигрува момент клуч.