Автор Тема: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа  (Прочитано 1059260 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #30 на: 13 Ноември 2012, 09:35:28 am »
Јас имам и друг проблем со термо печката. Таа ќе ми се лади (ќе грее) најмногу во период кога не сум дома :( Пред 17h ретко кога се собираме. Затоа можеби подобра варијанта ми е нешто што ќе стопли брзо и ефикасно од 17-17.20, па потоа да си одржувам температура до вечер, до 24 или 01. А потоа и преку ден кога не сум дома, со интелигентен тајмер нема да дозволам куќата да се олади премногу, под 16-17 степени.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #31 на: 13 Ноември 2012, 10:05:14 am »
Симо и со термо печката кога е најладно не сме задоволни оти го имаме истиот проблем како ти, никој нема дома до 16-17 часот, а печката веќе почнала да се оладува од скоро максимално наполнета. Во зима сметката под 6000 денари не е, а плус ако го пуштиме конвекторов или панел (како и да се вика) сметката ќе рипни за уште 2000ки што мислам дека е многу за нецели 20 м2.

Ама пак зато кога не загрева ко што треба палам патиките и одам кај баба ми каде што се грее на дрва. Е таму нема зима  ;D Бања е!

Чекам и онак да се јави  :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7053
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #32 на: 13 Ноември 2012, 10:10:57 am »
Ние ова лето земавме Toshiba инвертер клима, живееме во куќа, и до сега освен неа ништо друго не сме вклучиле. Си ја местиме на тајмер, да уклучи во 06,00 саат кога е ефтина, и таман за саат ќе стопли и после одржува само температура. Инаку ја плативме околу 40.000 денари. Ако те интересира можам да ти го кажам и моделот дома кога ќе дојдам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #33 на: 13 Ноември 2012, 10:13:56 am »
И јас се мислам малку повеќе да форсирам греење со климатизер, иако ми е поубаво (не дува, не звучи) греењењето со конвектори.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #34 на: 13 Ноември 2012, 10:18:26 am »
Ако ја анализираме грејната сезона 2011/2012 може да предвидиме што би не очекувало во престојната.

                 Декември 2011



                Јануар 2012



          
                Февруари 2012







 споредба Ноември 2011/2012

                Ноември 2011


                Ноември 2012




Судејќи според Ноември месец може да очекуваме повисоки температури во грејната сезона 2012/2013.

Според мене доколку висината на температурите е на ниво од ланската сезона мислам дека комбинирано греење термо/клима може да заврши работа.

Според табелите декември 2011 немало поголемо заладување така да ни потреба од позахтевно грејно тело.

Јануар веќе покажува заби па имаме неколку критични денови и тоа: 1, 2, 3, 4, 17, 18, 19, 23, 30 и 31. Овде треба да се реагира под пуна пареа но секојдневно да се пратат температурите бидејќи останатите 20 дена од Јануари може да се комбинира и заштеди.

Февруари било жива мразарница така да тука нема штедење, среќа месецот е пократок.  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43655
  • Il Moderatore
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #35 на: 13 Ноември 2012, 10:23:51 am »
Ијаа, „Времето денес“ :D :D :D


Море среќа лани немавме некои -20-ки опасни по неколку дена закатанчени, ама тоа не значи дека и годинава ќе ги нема, иако е убаво вака „статистички“ што пробуваш да предвидиш, ама... јас со огромна резерва би ги земал ваквите споредби.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #36 на: 13 Ноември 2012, 10:26:07 am »
Лани среќа имавме доста снег. Сува зима е најлоша зима.

Отсутен DejzY

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1004
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #37 на: 13 Ноември 2012, 10:26:22 am »
Арно во Скопје немавте ама ние во Прилеп и те како имавме. А пак кај овие во Битола пингвини му шетаја  ;D

Отсутен Диневски

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 492
  • www.imagine.mk
Одг: Re: Греење, ладење, климатизација и се останато окол
« Одговори #38 на: 13 Ноември 2012, 11:51:20 am »
Zaboraviv vcera da napomenam...
 ima li nekoj iskustvo so ovie novite makedonski paneli?
 http://www.elektropanel.com.mk/elektropanel/index.php

Potrosnjata im e 40-50% pomalku od onie standardnte paneli/konvektori, cenata im e skoro ista a demek isto greele.
Bas na saemot gi gledav i go prasav covekot so e fintata i mi pokaza sto vsusnost e greacot kaj tie paneli, edna najobicna tenka zica so teflonska izolacija kako demek nekoj americki izum bilo nesto..

Ima i izvedba na stari radiatori mu lepat od zadnata strana od taa zica, slicno nesto kako za podno greenje.

Sum slusnal dosta pozitivni raboti no dali nekoj ima probano.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6215
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #39 на: 13 Ноември 2012, 15:19:52 pm »
DejzY за 20м2 ти треба едно вакво,и 5 кубика дрва и нема зима за вас


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10953
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #40 на: 13 Ноември 2012, 15:22:24 pm »
За пелети размислувал некој?

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6215
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #41 на: 13 Ноември 2012, 15:24:15 pm »
некако неисплатливо е,дали дека не е заживеано кај нас

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10953
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #42 на: 13 Ноември 2012, 15:29:38 pm »
Еден другар ја направи рачуницата, испадна дека е исплатливо.
Во Охрид или Битола има фабрика за пелети и извезуваат за Грција. Турбо извезуваат.
Кај нас не е заживеано зошто не е испрезентирано како што треба. Печката како стартна инвестиција е скапа (над 2000 евра мислам, во зависност од капацитет).

Едит: Во Кибо ресторан има печка на пелети. Газдата беше презадоволен и од сметката и од затопленоста.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6215
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #43 на: 13 Ноември 2012, 15:34:15 pm »
Баш заради цената на пелетите,пример јас загравам куќа од 130м2 со 10 кубика дрва и тоа ми е моментално најиплатливо решение,кога рачунавме за пелети цената беше доста повисока него дрвата

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10953
  • 430i
Одг: Греење, ладење, климатизација и се останато околу тоа
« Одговори #44 на: 13 Ноември 2012, 15:36:20 pm »
Ако не се лажам 1000 евра го коштаа пелети за 500 квадрати куќа. За него 250, за брат му 250, што ќе рече по 500 евра за сезона.
Али ќе прашам за сигурно, да не биде рекла-казала :)