Како да ти кажам, ама премногу сериозно се сфаќаш самиот себеси. Не беше ниту напад, ниту ништо, едноставно ме интересира(ше) приказната позади дискрепанцата.
Ако не сакаш да кажеш, твоја работа и твое право.
Нејсе, доаѓаме до заклучокот дека ти немаш ништо против технологијата позади дизелот, туку само против самото гориво.
не го сватив како напад... ни случајно... со зборовите за “финоќата од пред 3 години“ мислам дека знаеш на што мислев... вашиот-твојот однос на прво место... туку ај батали, не е место за тоа....
да се вратиме на муабетот... дизел не... никако... тоа што сакам да го направам е еден експеримент кој на хартија вели дека ке функционира, а во пракса ке дознаеме, иако целиот експеримент е веке простудиран со неколку инжинери, а и веке го има во пракса само на големи дизелаши, т.е. автобуси и камиони.
ке успеам дизелски мотор да го преработам да биде како бензински само со повисока компресија. значи истото можам да го постигнам и со бензински мотор, ама многу поише заебанции има и многу е по комплицирано...
-наместо греачи или наместо дизни, ке се преработи главата да има свекици. значи греачите и дизните идат во аут, едните отвори ке се искористат, другите ке се штопираат... а можно е да го преработам и како твинспарк, но тоа само како идеја е, ама бајаги по комплицирано е...
-се поставува подебел дихтунг за да добијам околу 20 бари притисок по цилиндар, т.е. да намалам, бидејки дизелите знаат да имаат и до 35 бари... дебелината на дихтунгот одпосле ке се одлучува.
-се монтира бомбина,
-се вградува секевент компјутер кој ке контролира вбризгување на ЦНГ а воедно и палење на свекици. такви секвенти веке ги има на ладнирензо, пробани и работат без проблем. апсолутно е сеедно дали ке пали свекица и диктира дизна на 1000цц или 5000цц мотор.
-бош пумпата се отстранува,
и добиваме класичен БЕНЗИНСКИ мотор-турбаш, но со дупло повисока компресија.
волвиниот мотор со 5 цилиндри 2.5 D5 турбаш е идеален за тоа.
ако се сеќаваш, дискутиравме по ова прашање со компресиите, за претходното мое волво, кое беше со фабрички ЦНГ уред. бензински мотор ама со 15 бари по цилиндар. за околу 40% повеке од истиот тој мотор кој не е наменет за гас уреди. е јас сакам с уште поголем притисок да постигнам поголема искористливост, вртежен момент а и коњажа. идеата е да создадам возило кое ке вози САМО на цнг, како единствено погонско гориво. на цнг не му треба температура за да испари, бидејки тој е цело време во гасна фаза. значи може да пали директ. кога ке загрее моторот, со тепературата само се зголемува волуменот на гасот, па практично се намалува потрошњата.
имам боци кои треба и може да се вградат во возилото одоздола и би требало (по моите пресметки) на мотор до 2500 цц да му обезбедат автономија на движење до 900-950 километри со едно полнење... секако уредот црпи податоци од повеке места за обртаи и ниво на клип кој каде е... ги користи сите постоечки сензори на радилица, брегаста па дури и сигнал од алтернатор.
ама здравје... реков јас, треба прво да се најде соодветно возило... ако во меѓувреме не ме избрка жена ми од дома..

симо... сега мисам дека ти е бајаги појасно дека немам намера на зејтин да возам...