Убаво народе што некој се сеќава на каначкиве (читај лепотици)! Ретко кој ги сака за секојдневни, ама јас до сега 7 од овај калибар извозив. Некои беа на крајот на кариерата, а некои тек на почетокот.
Отвараш капакот, вадиш капа разводна, отштрафуваш платинка, ставаш малото нокте (обавезно пораснато, оти маф ти е планот) меѓу контактите и то е штеловањето... На сабајле ја палиш, па саухот пополека го отпушташ... па танки гуми 155-R14... Има некој шарм во сето тоа според мене...