@Deni, затоа ти викам, дека бензинците не се слаби во торк-от, кога ќе се земе целиот ранг на искористив вртежен момент. Еве и 2.0 тс од старичкиве алфи-косилици има 85-90% од торкот веќе при 1900 вртежи (ако баш инсистираш ќе го најдам тој податок баш прецизно) а 100% од макс торк при 4300 вртежи (и потоа пак околу 85% при 6000 вртежи). Не може да кажеш дека тој мотор нема торк. Има, и е добро распореден. Иако МАКСИМУМОТ на кривата е 2/3 од соодветно јак дизел, ВКУПНИОТ торк е ист ако не и поголем. можеби нема да ти створи таков притисок на вратните пршлени како дизелот, но ќе ти створи притисок со подолго времетрање. Тоа е факт! А да не зборувам за 3.2 V6, каде торкот расте заедно со вртежите. Кое е па тоа чуство, да те напиња се` поише и поише како се креваат вртежите. Ух!
Тука ја утињаш поентата за два соларни системи.
Пример:
Мотор кој има 300Нм од 2000 до 10.000 вртежи (300KW)
Мотор кој има 1000Нм од 1000 до 3.000 вртажи (300КW)
Според „Делта“ првиот мотор има повеќе „делти“ од вториот. Според хартија и двата имаат 300 киловати. Според вратот во едниот е цел, во другиот е скршен.
Едниот може да ги зашлајфа тркалата во секој момент, другиот мора да работи над 8000 вртежи за да ги зашлајфа. А во нормални услови на експлоатација (2000-3000 рпм) едниот има сила, а другиот има 3,3 пати повеќе сила.
Понатаму, колете стануваат потешки. Вртежниот момент станува се поважен во реалноста. На 600кг кола, може да си парираат. Ама веќе на 1600кг кола? Нема веќе Југо, нема веќе Фичо или Голф 1. Сега Ц1 е драстично потежок од нив, а не е ни кола. Автоматски за да се задвижи тој тон плус, стрелката на бензинецот треба да рипне за 3500 рпм, а на дизелот за 1000. Потрошувачката на бензинецот треба да рипне на 12 литри, а на дизелот на 8. И на крајот кој ќе те залепи повеќе за седиште? Тој со повеќе вртежен момент. Секогаш и секаде.
Тачно дека V6 нудел развој на настаните итн. Но, во која кола? Во Поло? Сигурно. Во 145ка? Несомнено. Во Дијана? Загарантирано. Но во 1600кг кола... Само ќе арчи бензин. И би ја возел, на плин и само на плин. А зошто така - на крајот од постов.
Немој да ме сфатиш погрешно. Ако бензинот успее да извади повеќе торк и помала потрошња (поефтина потрошња) од дизелот јас тој ќе го одберам. Јас не сум венчан за дизел. Равенката е
Torque/Money=Profit. Кој вади повеќе - тепа за мене.