@vlatko.klp - Не баш. Ги добиваат на бесплатно користење од производителите (како ние со Toyota C-HR-от) на одреден период. На големи и моќни пазари (и уште поважно, моќни медиуми каков што е carwow, иако во суштина „медиумот“ carwow е само многу, многу, многу добра поддршка за „препродавачот“ carwow) тоа воопшто не е проблем и не е ништо ново. Всушност, истото го имаше и кај нас пред многу години и се радувам што еве пак се најде некој да го направи истото.
Ради истата причина кога одиме на интернационални лансирања на автомобили, од Македонија одат еден-двајца новинари од целата земја, а од Англија/Германија итн одат по двајца-тројца по медиум, односно се случува и по 20-тина луѓе од секоја земја.