Автор Тема: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење  (Прочитано 11698 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #30 на: 14 Октомври 2012, 14:57:01 pm »
Ништо не е извртено,само спомнувам различни примери.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #31 на: 14 Октомври 2012, 14:58:11 pm »
Filo ima i drugoi koli vo soobrakjajot. Ne si samo ti.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #32 на: 14 Октомври 2012, 15:04:45 pm »
Епа јас како учесник, ти како учесник и останатите коли учесници во сообракајот треба да се придржуваат до она што го кажав. Нажалост тоа не е така и затоа имало, има и ке има сообракајќи.
Од што лугето највеке умираат ?? Од болести ? Од војни ?? Не, туку во сообракајот највеке погинуваат луге

Читајте го мојот потпис доле  ;)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1912
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #33 на: 14 Октомври 2012, 17:47:34 pm »
Деновиве додека не бев тука бев во Прага. Чесите ме зачудија со нивната сообраќајна култура. Ние сме дефинитивно далеку од нив, и со културата и со можностите. Како и да е, врзани појаси, седиште за дете, и т.н. ги сметам за задолжителни!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #34 на: 14 Октомври 2012, 18:00:17 pm »
абе далеку сме ние со општата култура од повеќето европски земји,па истото се пресликува и во сообраќајот,како и во сите сфери на живеење.ќе се опраиме и ние,само прашање на време е:)

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #35 на: 14 Октомври 2012, 18:23:03 pm »
Цитат
Дали мислиш дека кај нас секое семејство што има кола може да си дозволи купување на детско седиште од 100 евра?

Не може, но поседување на возило, и трошоци околу истото не спаѓа во социјална категорија. Тој што ги фрка задњите пари да купи кола, а после нема пари да смени фар ако го искршил, не смее да биде пречка во сообраќајот. Дали секој човек по СЕКОЈА цена мора да има возило, кое поради социјалниот карактер, мора да има само 4 лубеници гуми и мотор што чури ко ќунак, а да биде потенцијална опасност во сообраќајот ? Зарем децата на овие луѓе треба да се помалку заштитени ?

Впрочем тука ние НЕ разговараме за луѓето кои едвај го спојуваат 1ви и 30ти, можеме да се свртиме на оние 90 % од возачи кои имаат стандардни возила, и некакви стандардни примања, и детско седиште без проблем можат да си дозволат. А таму мамиците ги држат немирните деца во раце..... тато зборува на мобилен, онака неврзан со појас....штоп сијалици не му работат, знае ама нема време....нонстоп нели обврски.....

Цитат
Шо да правам ако немам кола,кога ке викнам такси треба да му барам детско седиште

Кај нас не е јасно што да правиш, пошто законот не е прецизен, и се остава на совеста. Во Љубљана, при нарачка на такси, напоменуваш дека си со 2 деца и доаѓа такси со 2 седишта, бидејки сите таксија имаат секогаш барем едно во гепек. Со оглед мајка со дете се чести патници таму ( а и кај нас секако ) сите си имаат по едно седиште, или барем бустер ( она само гзот да е повисок за да не го удаи каишот што е на колата )

Цитат
абе далеку сме ние со општата култура од повеќето европски земји,па истото се пресликува и во сообраќајот,како и во сите сфери на живеење.ќе се опраиме и ние,само прашање на време е:)

Ако оставиме само на времето.....

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4200
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #36 на: 14 Октомври 2012, 18:28:49 pm »
таман работа да оставиме на времето,ама за се потребно е време,па и за ова.едноставно свеста ни е на ниско ниво,колку и да не сакаме да си признаеме.знаеш кога се опаметуваат луѓето?кога ќе искусат на своја кожа,ама после касно е.

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #37 на: 14 Октомври 2012, 18:30:04 pm »
Коса ми се крена од некои мислења овде.

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Re: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #38 на: 14 Октомври 2012, 22:01:58 pm »
Е де објасни се не се бој  :)

Отсутен ngocevski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 484
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #39 на: 14 Октомври 2012, 22:11:27 pm »
Џабе ќе пишам, ќе ми се нафрлат и уште будала ќе ме направат. Културата за возење е никаква и без некои надежи дека ќе се подобри.

Просечниот македонец ќе се жали дека многу му се Х пари да потроши за детско седиште а три пати по толку ќе спичка на некоја сосема непотребна работа.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #40 на: 14 Октомври 2012, 22:15:52 pm »
Поздрав до држачите на деца во скут:


BTW, ако на некој не му е јасно што се anthropomorphic dummies, нека побара по нет.. доста реално.. :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #41 на: 14 Октомври 2012, 23:10:42 pm »
Момци забегувате. Социјална категорија е повеќе од 3/4 во државава. Неможам да се објаснувам со вас за тие работи. Плус 80% од народов гуми нема како што треба, а вие се фативте за седиштата. Точно дека треба, еве јас купив, но дали ке купев ако бев невработен или зимам минималец и едвај крај со крај врзувам? Па не сме у америка. И фино рече мечето: немам кола, викам такси и тој сигурно од гепек ке извади детско седиште и тоа макси кози од 300 евра со 5 звезди на еуро енкап тест :-) Проблемите у државава не треба да се решаваат од крај него од почеток. Кај нас се е обратно па затоа и така ни одат работите. За жал...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #42 на: 15 Октомври 2012, 00:29:46 am »
Мој совет за тие што немаат 300 евра - свртете по огласиве, има и по некое на старо седиште, може да се соберат 2-3.000 денари за безбедност на вашето најмило.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #43 на: 15 Октомври 2012, 15:06:56 pm »
Ако веќе некој решил да вози кола, не треба да скрпи само да ја купи колата, туку и да ја регистрира, одржува, пои, седиште, ланци, гуми, и уште еден куп други трошоци.
Ако нема пари за сите овие работи, постои велосипед, постои јавен транспорт како автобус, воз итн.
Така да ако немаш пари да се фатиш на орото, не се фаќај, з`ш 2 банки да се фатиш, ама 5 да се пуштиш...

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1302
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Nemyslíš - Zaplatíš - Чешка кампања за совесно возење
« Одговори #44 на: 15 Октомври 2012, 19:21:26 pm »
Какви 300 евра ви се увртеле. Седиштата кои имаат поминато ADAC тест во Скопје се купуваат за 110 Евра. Обично пред нова година, заостанати бои и дезени се околу 90 евра, а со оглед дека детско седиште не е помодарска глупост, не би ми сметало да е кафеаво со розе туфни. Само да си ја врши функцијата.