Пред 9 години кога го земавме воксалот, во оригиналната сообракајна бројот на шасија беше заведен, ама пред бројот на шасијата имаше PUS и тоа не беше заведено и на машински кога правевме атест за промена на мотор, соколов го виде тоа и рече да се заведе и тоа како ознака за бројот на шасијата.
Исто така бидејки на воксалот оригиналниот мотор му беше зарибан и пола од деловите фалеа, го менувавме моторот од опел кадет Б и тој во неговата сообракајната беше заведен со 35 kw сила, а откако го ставивме кај нас и се направи атест, ни издадоа нова сообракајна и го заведоа со 29 kw и ден денес така си стои.
Килажата на колата ни е 870 во сообракајна, ама пред да се стави плинот, а до сеа многу пати сме носеле хартија во комуна, и таму на вага ја мерат 890 кила, така да ништо страшно.