Автор Тема: Проблеми со официјална документација  (Прочитано 6600 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Проблеми со официјална документација
« на: 10 Октомври 2012, 13:24:26 pm »
Дали уште некој има приметено приметено несоодветност помеѓу сопственото возило и официјалната документација за истото? Знам дека Казан имаше некој ваков проблем (со бојата на колата), а ако добро се сеќавам, исто и кај Џиџи имаше некаков случај...

Јас прошлата недела видов дека уствари, тежината што ми е впишана во сообраќајна (што е ваљда препишана од царински документи или што ти ја знам), веројатно е скоро 100 кила поише од колата.
Бев во Усје, и на самиот влез одма после капија, го мерат возилото, празно. Нивниот документ вели 1220 кила, додека во сообраќајна ми пишува 1305. Имајќи предвид каква се’ механизација влага и искача од Усје, би претпоставил дека вагата дава валидни и реални информации.

Као да не ги боли цефка многу многу за веродостојност и исправност на документи а? Некој друг има приметено нешто вакво?

      
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #1 на: 10 Октомври 2012, 13:28:00 pm »
Во сообраќајната на голфот кај мене наместо сивa пишува сина боја :D
« Последно менување: 10 Октомври 2012, 13:41:33 pm Nakolce »

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #2 на: 10 Октомври 2012, 13:30:09 pm »
И кај мене е исти случајот. Кога го купував гетцот на еден лист пишуваше дека ти предаваат такво и такво возило, со таа и таа опрема и беа наведени техничките спецификации меѓу кои и килажата. На друг документ ваљда тоа што викаше од царина или не знам од што беше тој документ, стоеше друга килажа и на крај коа ја регистриравме, глеам у сообраќајната сасвим трета бројка кај килажата. Ако успеам да ги најдам папирите ќе ги сликнам.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43718
  • Il Moderatore
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #3 на: 10 Октомври 2012, 13:33:54 pm »
Види, мене кога правев атест на плинскиот уред ми додадоа 40кг + у сообраќајна - од тепка... на ZX-от уште од сам старт на фактурата беше една буква во број на шасија згрешен, наместо H беше X,  и никому ништо. Така го купивме, префрливме на наше име, а така и го продадовме.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #4 на: 10 Октомври 2012, 13:39:28 pm »
И кај мене пишува 100 кила повеќе. И наместо Сина пишува црна ;D

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #5 на: 10 Октомври 2012, 13:42:09 pm »

Марка - Алфа

Модел - Ромео





И секоја година при регистрација им викам, дечки дај бре сменете срамота е ова, а не смеемеее лилеееее па ти сакаааш да не затворишшшшш беее....


;D ;D ;D ;D ;D

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #6 на: 10 Октомври 2012, 13:43:20 pm »
според сообраќајна пунтото тежи 1100 кила

Присутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
  • RB26DETT Z2
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #7 на: 10 Октомври 2012, 13:43:50 pm »
Во сообраќајната на голфот кај мене наместо сивa пишува сина боја :D

Кај мене обратно е, наместо темно сина пишува темно сива.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #8 на: 10 Октомври 2012, 13:44:48 pm »
Во сообраќајната на голфот кај мене наместо сивa пишува сина боја :D

Мене при регистрација успеаа да ми утнат број на шасија, што не е толку страшно, освен што ме прави криминалец у цел свет.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #9 на: 10 Октомври 2012, 13:45:21 pm »
Вид:Дефектно
Марка:Алфа
Модел:Ромео
Број на шасија:155

;D ;D ;D ;D

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #10 на: 10 Октомври 2012, 13:47:40 pm »
Па лесен бил лансеров бе :)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #11 на: 10 Октомври 2012, 13:48:42 pm »
Superleggera :D
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #12 на: 10 Октомври 2012, 14:02:21 pm »
Пред 9 години кога го земавме воксалот, во оригиналната сообракајна бројот на шасија беше заведен, ама пред бројот на шасијата имаше PUS и тоа не беше заведено и на машински кога правевме атест за промена на мотор, соколов го виде тоа и рече да се заведе и тоа како ознака за бројот на шасијата.
Исто така бидејки на воксалот оригиналниот мотор му беше зарибан и пола од деловите фалеа, го менувавме моторот од опел кадет Б и тој во неговата сообракајната беше заведен со 35 kw сила, а откако го ставивме кај нас и се направи атест, ни издадоа нова сообракајна и го заведоа со 29 kw и ден денес така си стои.
Килажата на колата ни е 870 во сообракајна, ама пред да се стави плинот, а до сеа многу пати сме носеле хартија во комуна, и таму на вага ја мерат 890 кила, така да ништо страшно.

Отсутен Mase

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #13 на: 10 Октомври 2012, 14:07:50 pm »
Во сообраќајната на голфот кај мене наместо сивa пишува сина боја :D

Исто и кај мене, металик сина  ??? а би требало да е сива. Дали се раководат по некои бројки или шеми, кујзнае, зашто гледам пред дескрипцијата за боја има некоја бројка 18.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20665
Одг: Проблеми со официјална документација
« Одговори #14 на: 10 Октомври 2012, 14:13:50 pm »
Килажата на колата ни е 870 во сообракајна, ама пред да се стави плинот, а до сеа многу пати сме носеле хартија во комуна, и таму на вага ја мерат 890 кила, така да ништо страшно.

Добро, ова и не е преголемо отстапување... Ако дента ти се десило да се олесни рој птици врз твојата хауба, ете ги 20 кила плус :)

Ама кај мене ме зачуди, што речиси 100 кила е разликата... А тоа воопшто не е ни малку, нити за занемарување.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.