Автор Тема: Дешаванки со кола ( тумбања, судари, несреќни моменти, одвратни искуства... )  (Прочитано 3078592 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Па не само да држи растојание, треба ваљда и да гледа што се дешава пред него..

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Па куоре шофер си претпоставувам 20 години а и скоро секој нормален шофер е свесен дека кога има залетано 40 тони позади тебе не се кочи како што ке ти прдне. Едноставно мислам дека и немаше некој избор камионџијата освен да избега на десно со голема шанса да излета само за да му го спаси животот на неодговорниот (веќе починатиот) шофер на колата кој што ради обична грешка плати со живот.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Абе тој со колата дефинитивно ја утна, плус си има посебна лента за лево. Јебига..

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Не би требало камионџијата да е крив, освен ако не се движел безобразно брзо.

По мене крив е тој со колата што не се престрои во соодветна лента.

Ради вакви идиоти, невини луѓе го јадат. Камионите се ограничени на 90км/ч, во поголем број држави дозволено е 80. Е сега замисли го камионот натоварен фул, целосна тежина му е околу 40тона. 40 тона се движат со 80км/ч. Пресметај кое растојание треба да го држи и колку пат во кочење ќе помине... па за ваков кретен не вреди да ги аби гумите, плочките и дисковите бе !

На сред автопат му текнало си застана.. згора на тоа во погрешна лента. Епа што си надробил, тоа сркај си. И да, според законот камионџијата е крив. Тотален идиотизам, а тоа го платил со својот живот. Згора на тоа, и животите на двајцата возачи на камионот се загрозени, може и во затвор да заврши едниот ваљда.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Некој од камионџииве да каже: Колку растојание треба да се застане при максимален товар? (знам дека зависи од камионот и од товарот (и од аголот), ама ме интересира дали која брзина на возење е безбедна за тешки натоварени возила)
Се обиде или не се обиде камионот да закочи веднаш штом го виде автомобилот напред како кочи?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Колку шо можам да видам од видеото,шоферот на камионот се спремаше односно се престрои да го претекне другиот камион.Не забележа,а сигурно ни на крај памет не му падна дека на таа лента некој ке застане да врти лево,така да не забележа дека овој со колата застана и затоа не изреагира.Инаку ако изреагираше можеше да го одбегни или во најмала рака да ја намали брзината на удар.Поновите камиони(додуша и старите ако се исправни) кочат и тоа добро...Некој тие кочници ги предвидел за таа тежина.
Ама на видеото не гледам дека шоферот проба да закочи,пошо кабината ке се навалеше нанапред,а тоа не се случува.Инаку камионот е МАН ТГА. ;)

едит:
п.с само сега друго е од тука да ја коментираме ситуацијата шо би било кога би било,момент е тоа.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
По мене, малце е невкусно да се смееш на неписмен „новинар“, кога веста содржи информации за починат човек.

ЛОЛ, па му се смееш на новинарот, пошто е новинар а е неписмен. Shame on him што тресе глупости за тажна вест. Треба малце да се чукне по главата што пишува особено кога пренесува вест за починат човек.

Исто како кретенот од сител кога пиша за Атанас. Ма има да го дробам цел живот бе и опкрај тоа што мој пријател почина.. баш затоа. Стока. Ја би му ги искршил сите прсти на рацете.

Бобсон, вината според мене и реалната состојба е САМО на тој со колата... Пишаниот закон ја мати целата работа...

Не.
Сеа ќе ти кажу ја... Не можеш да возиш камион од 10+ тона и да гледаш кај стигнеш освен на патот. Камионот според мене има 75% од вината.

едит: се мислам од прееска, ај ќе му досудам добри 50% вина на тој во камионот.
« Последно менување: 02 Јуни 2014, 19:58:19 pm Falangasaurus »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5290
  • VW Golf MK3 1.9 TDI

Интересно е, ако може да се најдат судските разврски од ваквиве настани...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Цитат
Не.
Сеа ќе ти кажу ја... Не можеш да возиш камион од 10+ тона и да гледаш кај стигнеш освен на патот. Камионот според мене има 75% од вината.
Фаланга,дали бил камион,дали било кола,мотор или кое и да било моторно возило вниманието треба да ти биди насочено на сообраќајот,дали на тој пред тебе,дали на тој зад тебе или некој кој се уклучува од страна.
И да беше кола или некој СУВ да го удреше со поголема брзина ќе го отепаше на лице место.
Од друга страна да си шофер на камион и да те ду*** со возењето и паузите,ако возиш без магнет има да се скрениш од мозокот во рок од 5 месеци.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Човекот со калината во последен момент се премисли и реши дека ке врти лево затоа излезе така неочекувано... Официјално прогласен за виновен и предизвикател е шоферот на колата.
« Последно менување: 02 Јуни 2014, 20:18:16 pm achtung »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Околу 22ч одам со малиот на болница му ставаат инфузија и ми вели докторката оди купи тоа и тоа од аптека.Одам купувам се враќам назад,на сред улица(Партизанска кај болницата) оставен Голф 3 со запалени светла нема никој во него,а и околу него.Наоколу се си се одвива нормално,овој како од Марс паднат да е.
Одам накај болницата точно пред влезот,таксист со сите трепкачи запалени свири,застанва вика урла тука по доктори носел дечко избоден со нож,го кренавме на носилки...
Влегувам до кај малиот да видам шо е како е,по 10 минути излегвам надвор на цигара,ете ја Брзата Помош,сирени уклучени,застанва пред влезот,рипаат скокаат вадат уште еден издупен со нож,ама овој така повеќе распарчен во стомакот цревата му беа извадени...Ми се згади животот упм...Тоа да ти бил некој битолски Џек Трбосек тргнат во поход вечерва....
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20113
Пиштол му е мајката.

Отсутен martin_bt

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2512
  • Дете Битолчанче
Арно шо не излегов денес :)
Што вредат коњските сили ако зад воланот седи магаре ... ? ;D


Отсутен karajann

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 375
Колку шо можам да видам од видеото,шоферот на камионот се спремаше односно се престрои да го претекне другиот камион.Не забележа,а сигурно ни на крај памет не му падна дека на таа лента некој ке застане да врти лево,така да не забележа дека овој со колата застана и затоа не изреагира.Инаку ако изреагираше можеше да го одбегни или во најмала рака да ја намали брзината на удар.Поновите камиони(додуша и старите ако се исправни) кочат и тоа добро...Некој тие кочници ги предвидел за таа тежина.
Ама на видеото не гледам дека шоферот проба да закочи,пошо кабината ке се навалеше нанапред,а тоа не се случува.Инаку камионот е МАН ТГА. ;)

едит:
п.с само сега друго е од тука да ја коментираме ситуацијата шо би било кога би било,момент е тоа.

јас па не видов на колата да и се запалат стоп светла

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
јас па не видов на колата да и се запалат стоп светла

Далеку беше камионот кога колата почна да кочи. Но ја го видов левиот жмигавец на колата како работи во моментите пред да удри камионот во колата.