Околу 22ч одам со малиот на болница му ставаат инфузија и ми вели докторката оди купи тоа и тоа од аптека.Одам купувам се враќам назад,на сред улица(Партизанска кај болницата) оставен Голф 3 со запалени светла нема никој во него,а и околу него.Наоколу се си се одвива нормално,овој како од Марс паднат да е.
Одам накај болницата точно пред влезот,таксист со сите трепкачи запалени свири,застанва вика урла тука по доктори носел дечко избоден со нож,го кренавме на носилки...
Влегувам до кај малиот да видам шо е како е,по 10 минути излегвам надвор на цигара,ете ја Брзата Помош,сирени уклучени,застанва пред влезот,рипаат скокаат вадат уште еден издупен со нож,ама овој така повеќе распарчен во стомакот цревата му беа извадени...Ми се згади животот упм...Тоа да ти бил некој битолски Џек Трбосек тргнат во поход вечерва....